Тужба против регулаторна комисија (засегнати со топлификација, прочитајте)

  • Креатор на темата Креатор на темата IspT
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 ноември 2011
Мислења
147
Поени од реакции
374
СООПШТЕНИЕ:

Сите исклучени претлатници кои повеќе не ги користат услугите на БЕГ (кој го "превзема/наследи" бизнис моделот на А.Д. Топлификација) - кои по било кој основ се исклучени од системот за греење да достават список од станарите или лично да дојдат на долунаведениот датум/место за поднесување на граѓанска, колективна тужба против Регулаторна комисија.

Место на собирање на потписи / списоци е фонтаната "Тоше Проески" на детската улица во Ново Лисиче и тоа во следниве термини:

- 24/05/2014 (сабота) од 10.00 до 17.00 часот
- 25/05/2014 (недела) од 10.00 до 17.00 часот
- 26/05/2014 (понеделник) од 10.00 до 17.00 часот
- 27/05/2014 (вторник) од 10.00 до 17.00 часот


Списокот треба да содржи: име/презиме/адреса/бр. на л.к. и потпис.

Дополнителни информации на телефоните:
- 078 510 926
- 071 276 948
- 071 276 950
- 078 280 873

Соодветни соопштенија има веќе низ н. Ново Лисиче / Аеродром

П.с. Доколку некој форумџија е активен на фејсбук/твитер ќе ве молам споделете го ова и преку социјалните медиуми.
 
Последно уредено:
Бев во Ново Лисиче и се потпишав.
Луѓето се сериозни и се супер
Уште првиот ден е собран огромен број потписи и обавезно да одите да се потпишете.
Тоа нема да биде Тужба туку писмо до Владата
Потписите се собираат кај фонтаната посветена на Тоше Проевски. Ако не знаете каде е сите во Ново Лисиче ја знаат па прашајте кого ќе сретнете
 
Соопштенијата пред влезовите се одлепени. Акцијата сеуште трае, споделете преку фејсбук/твитер.
 
Последно уредено:
Во МКД-њуз денес е објавено дека потпишувањето на петицијата продолжува.
Веста завршува со следнава реченица:
„ Потписи ќе се собираат и во следните неколку дена, а петицијата повторно ќе ја испратат до сите релевантни институции. “

http://mkd-news.com/novo-lisiche-protiv-plakaneto-isklucheno-parno-potpishuvaat-petitsija/

Молам некој од Ново Лисиче да провери дали потписи сеуште се собираат
 
Тужбите против Регулаторна и Топлификација се готови - извести Слободен печат
http://slobodenpecat.mk/Home/Item/5603
Жители на Аеродром против топлинскиот дистрибутер „БЕГ“
Граѓаните групно ќе тужат за греењето што не го добиваат
Подготвени се две тужби, една кривична за кршење на човековите права и друга за паричен надоместок поради повредата на човековите права. - See more at: http://slobodenpecat.mk/Home/Item/5603#sthash.TzXMXxpy.dpuf

- See more at: http://slobodenpecat.mk/Home/Item/5603#sthash.TzXMXxpy.dpuf
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom