The Leftovers

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување
M

Mario Gómez

Гостин
Нова серија на HBO, The Leftovers.


Премиера на 29ти Јуни, 2014.

the-leftovers-new-HBO-show.jpg


На кратко 2% од светската популација ги снемува моментално и серијата се фокусира на тие што остануваат и како живеат без нивните сакани. Продуценти се добропознатиот Дејмон Линделоф од ЛОСТ и писателот на книгата Перота.
 
Не ќе беше лошо линк да оставеше..
 
За книгата:

"The Leftovers is, simply put, the best Twilight Zone episode you never saw."
-Stephen King
 
Ауууу ова иде во watchlist чим SK ја препорачува, и тоа ја споредува со TZ!
 
Јас ќе го почнам хајпот, за вас не знам. :гик:

mpa-Captur.jpg


Кога 2% од светското население ненадејно исчезнува без објаснување, светот се обидува да разбере што може да се стори во врска со тоа. Можеби се работи за библиско вознесение.

Неколку години после вознесението како настан кога милиони луѓе ширум светот одеднаш исчезнуваат без објаснување, жителит е на Меплтон, Њујорк се уште се борат да се справат со големата загуба која резултирала со културна смена. Приказната е раскажана епизодично, која се врти околу четиричленото семејство Гарви, кој доживуваат промени во нивните врски после настанат.

Серијата „Преостанати“ од Дејмон Линделоф (Lost, Star Trek) и Том Перота (Election), според истоимениот бестселер роман на Перота, претставува оригинален поглед на Вознесението, бидејќи не е сосема јасно дека Вознесението се има случено. Дејството се одвива во едно мало предградие на Њујорк и го следи Кевин Гарви (Џастин Теро), татко на две деца и шеф на полицијата, кој се обидува да одржи некаква нормалност, иако веќе не се знае што е нормално.

Првичните критики се одлични, полека но сигурно серијава ни дава знаци дека се работи за нареден глобален феномен, барем блиску до успехот кој го направија кабловските гиганти The Walking Dead и Game of Thrones.

 
Последно уредено:
Штом е HBO, се разбира дека ќе се гледа.
 
Таман нова серија сега како што немаме Game of Thrones :P. I'll keep an eye on this one.
 
Во терминот на ГоТ ли ќе биде оваа. Понеделник на торенти?
 
Ми се допадна првата епизода, многу ветува.

Интересна ми е несекојдневната приказна, полна со мистерија и очај. Некако ми се чини депресивна, ама сепак ме привлече да продолжам да гледам со одличната глума и ликови. Speakaing of, главниот лик мнооооогу ме потсетва на Џек од LOST. И два пати во епизодата брка ќелав човек кој некако е многу по ловењето. :pipi:

То е то, дефинитивно вреди да се гледа. Ако ништо повеќе, имаме солидна серија за ова лето.

Buuuuut...истовремено немам појма шо се се случуваше и потполно сум изгубен.
 
Последно уредено:
Пилотот беше закон! Едвај ја чекам следната недела, сега. Само се нервирам што веројатно ќе не држи во неизвесност уште долго, долго време, па не знам дали повторно би имал трпение. Lost во најава!
 
Чудна епизода, не знам што да мислам за серијата. Ме потсети на Under The Dome ако е таква ќе ја прекинам наскоро.
 
Не може да се суди според пилотот дефинитивно, продолжувам натаму да се виде како ќе се развива!

Значи, според мене приказната има шанси да стане нешто култно доколку се тргне во добар правец, новиот Lost? Може ако има доста добри мистерии и теории што мислам може ќе го има натaму со оглед на тоа што првата епизода беше како некој вовед.

Некои ја споредуваат со Under the Dome, актерската екипа овде е феноменална, не знам како може воопшто да се споредува со тоа ѓубре. Ептен ме интересира што е со кучето и еленот што се појавија пред Кевин, поврзано е со исчезнатите дефинитивно, баш ме интересира, и тој човекот што ги пукаше.

Овој култот ми е исто предобар, само молчат ништо не зборуваат :cuc: Само не ми е јасно зошто Лорен, жена му на Кевин преминала во култот, колку што знам нема некој поблизок од нивното семејство исчезнато :unsure:

Во секој случај, ветувачки! (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom