Натпревар #7 - Тема: Панорама [пријавување]

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Размислував помеѓу некоколку теми, како Макро инсекти, Форотграфија од две бои :) и Панорама.
Но се одлучив за последната (Панорама), се надевам нема да е проблем со големината на фотографиите . И се извинувам што закаснав малку со темата но за викендот нема многу време да седнам пред компјутер :) .

Па ајде се надевам ќе ве инспирира да направите некоја добра панорама или веќе имате нешто да споделите. ;)

1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“ :);

2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;

3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;

4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;

5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;

6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;

7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.

8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;

9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;

10. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:

(ќе добиете нешто вакво)
Код:
[URL=http://forum.kajgana.com/gallery/photos/ryan-giggs.3219/][IMG]http://forum.kajgana.com/data/photos/l/3/3226-1392885657-b5c996ace7d91cda75e5344ad08a10c0.jpg[/IMG]
Ryan Giggs[/URL] by [URL=http://forum.kajgana.com/gallery/authors/acid.1/]Acid[/URL] on Кајгана форум

Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.
 
Поо ако имам 5 панорами сликано во живот!
и то шо морав не од шо сакав...
ако.. еден ден ќе дојди и мене ред да поставам тема... “Фотографија на мала желка во раце на девојка французинка на возраст под 24 години сликана од запад на археолошки локалитет кој датира од 4 век пред нова ера до 9 век нова ера“
 
@staycalm за да учествуваш, фотографијата МОРА да тие прикачена во Кајгана галерија
 
@staycalm за да учествуваш, фотографијата МОРА да тие прикачена во Кајгана галерија
Не ми се свиѓа што мора да правам нов албум за да можам да ја прикачам таму, али ајде



6401
by staycalm on Кајгана форум
 
Не ми се свиѓа што мора да правам нов албум за да можам да ја прикачам таму, али ајде
Такви се правилата врежани на камена плоча која Администраторот ни ги даде на една планина со страшен глас и уз многу грмење и светкње...
не мора нов албум можеше во постоечки ако имаш
 
Поо ако имам 5 панорами сликано во живот!
и то шо морав не од шо сакав...
ако.. еден ден ќе дојди и мене ред да поставам тема... “Фотографија на мала желка во раце на девојка французинка на возраст под 24 години сликана од запад на археолошки локалитет кој датира од 4 век пред нова ера до 9 век нова ера“
И јас откако ми беше речено дека фотките морале во мк да се направени реков го чекам моментот кога ќе пишам тема сурферите од шри ланка на аругам беј :P
 
Аииииииииииииии...овој ФЛИХ, сака пак да победи се гледа.Алал да ти е мајсторе.Затварај тема.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom