Пивофест 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата bootboy
  • Време на започнување Време на започнување
Најпрвин да кажам дека @StormRage е весел човек дотука бидувало :D

Е сега мало резиме. Владо Јаневски се штимаше 2 часа. Онака се врткаше ко да е ѕвезда на вечерта, а уствари не е, пошто Хладно Пиво беа главните. Ладнокрвен, уфилман 5000.
Па се доштимуваа сестрите Тијана и Тамара. Оваа србинкава да ја речам нафурана исто, дечиња трчаат да се сликаат со неа, оваа бега небаре џаолот го виде, мавта со рацете не не, ве молам, небаре ќе ја изедат. Сестра е ептен поок, застана со сите, му го направи меракот на децата. Па Хладно Пиво дојдоа со премногу опрема, колку што имаше на бината и уште толку, зато и беа најгласни :D Се поздравија фино-лепо луѓето, искулирани, си пиеа пиво, не направија никаков проблем за сликање, ептен фини и приземни. Пробаа две песни, толку им требаше да се наштимаат како што треба.

Па тек вечерта се собравме кајганџии в парк да се дружиме , јас си поминав закон, за другиве не знам, тие нека кажат. Муабети, вино бело, црвено, пиво, сок, секој со потребите. Конечно запознав некои членови и во живо. Ја има онаа поинаква енергија, која е целосно различна од виртуелната. Буквално чиниш можеш да правиш муабет до ниедно време, за најразлични теми. Штета шо не не дружеа и пред бина, кај шо жива вода се сторивме.
Тијана ги слушавме од парк, Игор исто, Владо исто, Хладно неисто.
Фативме една уба позиција, блиску до бината онака со добар видик, и поширок простор за скокање. Бендот исвири коска, отприлика час и пол како што сметав, а не сметав туку бев зафатен со рипање и туркање (шуткање де, али пристојно, пошто наши луѓе бевме и си се туркавме онака лагано, без крвнички како што мислат помалите дека треба). На Биолошки сат беше моментот, онаква енергија немам осетено не знам од кога на свирка, веројатно од лани. Толку радост на едно место, енергија, јачина, чиниш оган треба да се распламти во секој миг :D СТОРM се погоди ист калап ко прилепското друштво од паркот. Се изнарипавме, се изнацрекавме, ги фрлимве гласните жици. Сега секој мускул ме боли, а грлово греби да го еам ама нема гајле. Вредеше ито како, досега за мене најинтересното и најдобро поминато време што се однесува до делот од музичката програма во овие години Пивофестовски.
 
^ и сето ова немаше да го доживеш доколку утресабајлето беше на работа
 
^ и сето ова немаше да го доживеш доколку утресабајлето беше на работа
Ќе го доживејш, али ќе дремиш ко мисир на работа со подочњаците спуштени до муцка :)
 
Ваљда е за сите. Вака пиши
Сите посетители од другите градови кои се до 26 години можат да присуствуваат на Пивофест со возовите на Македонски Железници со бесплатен билет. Сѐ што треба да направат е на благајната да ја покажат нивната лична карта и со тоа ќе добијат гратис билет.
Значи вика сите посетители плус само лична карта ако беше и за студенти ќе бараа и индекс ;)
Уствари ти порано си пишал конкретно за денес така да имаш веќе дознато :icon_lol:
Денес беше другар да земе карта за утре у скопје на железничка од благајна и му рекле дека кај нив нема такво нешто.
Има некој што земал билет и од кај го земал да каже?
 
Денес беше другар да земе карта за утре у скопје на железничка од благајна и му рекле дека кај нив нема такво нешто.
Има некој што земал билет и од кај го земал да каже?

Мора да има ја денес бев на железничка земав карта идеш со лична карта ти дават и тоа ти е сега ако не носел лична карта или никаков документ за идентификација тоа е друг проблем или пак возачка било што

------------------------------------------------------------

еве ти читај ваљда ти се јасни правилава и ги знаеш ама ајде

Со важност од 01.07.2014 година се воведуваат следниве бесплатни и повластени патувања во железничкиот внатрешен патнички сообраќај:

1. Се одобрува повластица од 50% за патување на ученици и студенти до навршени 26 години (до денот пред 27 роденден) на пругите во Р. Македонија, во една насока и за повратни патувања врз основ на:

  • Легитимација за млади К-13б;
  • Меѓународна студентска легитимација ISIC;
  • Европска младинска картичка.


2. Се одобрува бесплатно патување во една насока и за повратни патувања на пругите на Р. Македонија на млади лица до 27 години, третиот викенд во месецот (петок, сабота и недела). Патниците правото за користење на бесплатното патување мора да го докажат, со ставање на увид на извршниот персонал на благајните и во возот, документ за идентификација (лична карта, пасош или друг документ со фотографија и датумот на раѓање).
Билетот во една насока важи 1 ден, а за повратното патување до крајот на викендот.
3. Се одобрува секој четврток бесплатно патување на студенти во една насока и за повратно патување на пругите во Р. Македонија. Студентите правото за користење на бесплатното патување мора да го докажат, со ставање на увид на извршниот персонал на благајните и во возот, заверена студентска легитимација со фотографија или индекс со запишана тековна академска година. Билетот во една насока и за повратно патување важи 1 ден.
4. Се одобрува бесплатно патување во една насока и за повратни патувања на пругите во Р. Македонија на стари лица (жени од 62 годишна возраст, мажи од 64 годишна возраст), вториот викенд во месецот (петок, сабота и недела). Патниците правото за користење на бесплатното патување мора да го докажат, со ставање на увид на извршниот персонал на благајните и во возот, документ за идентификација (лична карта, пасош или друг документ со фотографија и датумот на раѓање). Билетот во една насока важи 1 ден, а за повратно патување до крајот на викендот.
5. Патниците кои патуваат бесплатно во одредените денови, можат да ги користат само патничките возови без доплата за ранг на воз и резервација.
За секој патник, кој патува врз основа на горенаведените одлуки, се издава посебен билет.
 
Мора да има ја денес бев ама на железничка земав карта идеш со лична карта ти дават
Ти зема карта за денес или за утре?
У скопскава наша главна железничка така? Он сега у 21.00 бил и му рекле кај нас нема такви карти.
 
Ти зема карта за денес или за утре?
У скопскава наша главна железничка така? Он сега у 21.00 бил и му рекле кај нас нема такви карти.

Денеска подигнав карта за утре ден 20 јули(недела) да во скопската нашата пред мене имаше уше неколку млади дечки и они бара за прилеп и си добија подигна карти незнам што да ти кажам законот е усвојен од 1.7.2014 година таа мерка е усвојена понатаму незнам што да ти советувам кажувам....ај уште нешто плус на картата пишува млади викенд значи тоа ти е тоа незнам од која причина не му дале освен ако не понесол документ за идентификација тогаш не дават :)
 
Дојдов ја да дадам извештај за вчера. И воедно да се заблагодарам на убавите зборови на @turvior мада и да му порачам дека... уште ништо не видел од мене :icon_mrgr:

Гадно се демолирав иначе, Хладно Пиво, бендот кој многу често беше тука а ова ми е уствари прв пат да им одам на концерт. Нашата шутка беше закон, од прво мораше да се стресам на земја, онака навика ми е :D
И да, ако сум напрајл некоја тешка глупост, се дешава... :facepalm:
Овие прилепчаниве супер екипа, би ги собрал на лумперај ако се расположени некогаш, мислам дека ќе издржат :icon_lol:

Такоџе, голем поздрав до сите и посебно до @The Magus полуохриѓанецот :ROFLMAO:
 
АУУУУУУУУУФФФФФФ Камерун :icon_lol:.

[DOUBLEPOST=1405849882][/DOUBLEPOST]Вечер Желко ќе биде, има добри балади за сечење вени со тап жилет :icon_lol:.

 
Последно уредено:
Закон екипа и одлична дружба! Шутката добро ми дојде, ме подмлади попричично и ми остави белег на бицепсот т.е. голема црно-црвена модрица и само еднуш паднав шо е за пофалба :cool:
@StormRage чоек роден за забава, ваздух трепти као да небо гори е со него \m/
Одлични кајгански ликови сите комплет (y)
Морам посебно да истакнам дека многу ми е мило што се запознавме со @Ilumious \m/
Заборајв да ја спомнам ситуацијата со струмичаните. Одиме кај техно сцената, гужва скрос и застанавме кај што е поразредено. Гледам машко друштво до нас и се запулуваат накај мене сериозни некако и кога едниот иди накај мене и ми вика: друже да не имаш трева за продавање, ние сме од Струмица и не знајме чоек овде од кај да земиме. Добро бе мајку му стара, таква ми е фацава, дилерска!?
 
Последно уредено:
Тек сега станувам до 7 сабајле останав. Искрено други години сум бил со автобус и сум бил само со друштво од Скопје. Сега со кола и со друштво од Скопје али и од факултет некое друштво па се упознавме со некој Прилепчанки и од Кочани. Ептен сум изненаден од гостопримството на Прилепчанки дури се изненадив :D И не сместија кај нив, и не дружеа цело време, екстра ни се погоди друштвото, едини проблем беше дур се најдеме, на 5 места ми бараа по 100 денари за влез тоа фискалната ќе ја изгризав више.

Тони Цетински ми направи мерак, а такоџе и Јелена али повеќе за гледање беше :D Требаше и вечер да останеме али ништо на диџеј еден му се роди син, скречуење лудило беше, каков бурек каков алкохол... Башка какви документи господине тоа све се испушило :D

Од Кајганава за жал никој не сретнав освен Фросе и тоа на поминување, ми кажа кај сте, ама немаше шанси низ гужвата да барав некого башка што требаше да барам 2-3 личности пошто само нив ги знаев, али ајде догодина ќе ве запознаам сите :)

Врв на вечерта беше у 2 и 30 негде коа отидов на шанкот Скопско по пиво. Седеше еден дечко(30+) почна муабети да ми прави некој ај живели ај ова ај она и дое со нас у друштво и ми вика јас сум поп да знаеш ако си грешел нешто исповедај се и ми се смее. Финтата уствари беше што типот после пола саат почна раце да ми пушта и ми вика поп сум дојди под мантијата исповедај се. Иди у курац бе кој малер треба да си да ти се закачи педер, ќе се отруев. Браво за Прилепчани, топ се покажаа, и еден голем минус за штандот на Скопско каде што 2 саата точеа едно пиво.
 
Денес беше другар да земе карта за утре у скопје на железничка од благајна и му рекле дека кај нив нема такво нешто.
Има некој што земал билет и од кај го земал да каже?
Е вчера зедов јас од Битола за Прилеп. Само лична карата покажуваш и ти дава бесплатна. За враќање кога важи како важи абер немам :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom