Со најдолго оро Струга и Охрид ќе се обидат да влезат во Гинис

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Некои стојат, некои само одат напред, други не се воопшто ни фатени, некои си чепкаат во мобилниот... На ништо не личеше ова, срам ме фати.
 
:pos: идоли сме си сами на себе
 
Мизерија...

Ацид не е едноставно да се организира оваа работа особено ако се знае дека за прв пат во Македонија се обидуваме да организираме вакво нешто.
Честитки за обидот колку и да беше лошо реализирано како за прв пат одлично е што некој се нафатил да се обиде да органзира вакво нешто.
Да се надеваме дека во следниот обид ќе се отстранат грешките и дека ќе биде подобро организирано.
Според мене како прво и основно за целиот овој настан треба да се обезбеди поголем буџет. Потоа треба минимално три месеци порано да се почне со подготовките. Пред се во сите школи од Македонија, па се до сите здруженија какви и да се. На две недели пред да се случи орото веќе треба да биде познат бројот на учесници. Во зависност од бројот на учесници од секоја општина посебно би се обезбедиле и обележале секвенци и на учесниците би им се обезбедиле унифицирани маици кои ќе го претставуват градот од кој доаѓаат. Учесниците од цела Македонија би требале да се донесат со автобуси на еднодевна бесплатна ескурзија. А после настанот треба да има огромен концерт и огромен фестивал на кој сите ќе се дружат. А не како денес ај по дома. Според мене овој настан има огромен потенцијал.
Е сега она што навистина беше МИЗЕРНО е преносот и промоцијата на овој настан од страна на Македонската Телевизија, незнам што треба да се случи таму за да успеат вакви настани да ги доловат како што доликува на еден национален телевизиски канал. Ова што јас го видов беше на ниво на некоја локална телевизија која успеа да ни обезбеди пренос од максимално 500 метри од орото. За жал секогаш кога ќе помислам дека работите се движат нанапред во МТВ ќе се случи ваков настан и ќе ме врати во реалноста.
 
Обично сакам да се докажувам, ама ова беше толку глупаво (од идеја, преку учесници, до реализација) што не вреди воопшто да арчам тастатура.
 
1511390_10202581828641870_8349594468653116696_n.jpg
 
Ништо од сендвичите џабе одев, да даеја за сите сендвичи ќе успеше манифестацијава, вака сите на гладно срце играја, ам кај мојш море на гладно срце а?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom