Со најдолго оро Струга и Охрид ќе се обидат да влезат во Гинис

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.721
Поени од реакции
14.788
500Oro_640x360px.jpg


Со оро на кое ќе бидат сплотени над 18 илјади луѓе и кое ќе се игра од Струга до Охрид, Македонија планира да се запише во Гинисовата книга на рекорди. Орото ќе се развиори на 10. мај точно напладне, од Мостот на поезијата во Струга до месноста Горица во Охрид.

Се очекува орото од Струга до Охрид да биде долго околу 18 километри и 400 метри.

Според Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, сплотеноста на луѓето рака под рака ќе претставува вистинска атракција во двете туристички места.

- Се надеваме дека целата рута од Мостот на поезијата во Струга до Инекс Горица во Охрид, ќе биде полна со луѓе. Орото е веќе подготвено, така што сметам дека ќе претставува атракција не само за Охридско-струшкиот реигон, туку и воопшто за целата дражва. Дали ќе влеземе во Гинис или не, е помалку битно, важно е да го дадеме оној колорит, и да ги одбележиме 65 години од основањето на ансамблот „Танец“, новата туристичка сезона и Меѓународниот ден на танцот, вели Хот.

Граѓаните на двата града, жителите на населените места помеѓу нив, како и туристи кои в сабота ќе престојуваат на струшкото и на охридското крајбрежје ќе го изиграат орото „По вазден те гледам“ што го компонира Зоран Џорлев, во кое се споени две стари македонски ора.

- Нема возраст, нема нација, нема никакви критериуми, освен добра желба да се учествува во ова оро и да му покажеме на светот она што ни лежи на душите, а тоа е нашиот македонски такт, додава Хот.

Најголемото оро во светот го заиграле 17.200 Кинези. очекува орото од Струга до Охрид да биде долго околу 18 километри и 400 метри.


Интересна идеја, ајде @Никола фаќај се на орото
 
Ако сакаат навистина рекорд, орото треба да се движи на кај европа, на кај германија, шведска.... пасошите в џеп и полека оп оп оп ѓоа оро и ко ќе се стигне европска унија секој на своја страна
 
А коловоџа,кој ќе биде коловоџа а?Чие знаме ке се вее на орото знае ли некој?
 
Битно лебот ви го изедоа играорците, м?
 
Рекоја дека и сендвичи ќе давет, јас ќе одам не ради гинис ради сендвичите ми е поќе. И ради родниниве ќе одам ги немам видено мојт да се сретниме.
 
Последно уредено:
Хаос ќе биде ова бе...
Од едниот до другиот крај ќе доцни орото неколку секунди, така што едни ќе одат лево, а други десно :D
Ќе се емитува од птичја перспектива ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom