- Член од
- 17 јануари 2014
- Мислења
- 593
- Поени од реакции
- 843
ММФ наскоро нема да биде единствената организација на светот која може да даде меѓународна финансиска помош. Земјите на БРИКС ќе основаат алтернативни институции: сопствен монетарен фонд, развојна банка и заеднички девизни резерви. Сето тоа би требало да им помогне на земјите од БРИКС постепено да воспостават соработка без посредство на доларот.
Земјите на БРИКС постигнаа голем напредок во процесот на основање структури кои би претставувале алтернатива на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка, со кои управуваат пред САД и ЕУ. Заедничките девизни резерви како замена за ММФ и Развојната банка на земјите на БРИКС како замена за Светската банка ќе профункционираат веќе во 2015 година, тврди претставникот за посебни прашања на Министерството за надворешни работи на Русија Вадим Луков.
Бразил веќе има подготвено проект-статус за Развојната банка, додека Русија ги подготвува меѓународните спогодби за нејзиното основање, објаснува дипломатот.
Покрај тоа, земјите на БРИКС веќе го договорија основниот капитал на новите структури. Тој за секоја од институциите ќе изнесува по 100 милијарди долари. „Во тек се преговори меѓу партнерите за учеството во иницијалниот капитал во износ од 50 милијарди долари и за локацијата на главната канцеларија“, изјави дипломатот. „Сите членки на БРИКС се заинтересирани главната канцеларија да се наоѓа на нивната територија“. /Извор: Руска реч/