П
Паган-др
Гостин
Михова ми даде бодови за оцена. 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Затоа што е "најкрената" од сите професори. Затоа што за 0.0001 поен ќе те натера да преполагаш. Затоа што ако не ја напишеш дефиницијата како што таа ја напишала на табла ќе ти ја земе за грешна. Затоа што недајбоже да прашаш на увид зошто некаде ти зела поени (мене лично ми се има изнасмеано во фаца). Затоа што на еден колега на кој му фалеа 0.4 поени за поголема оцена му даде цел испит да решава (ова за време на увид). Што е најгратично колегата ги реши задачите и оваа му вика, па точни ти се ама ќе размислам дали ќе ти дадам поени ( не му даде ). Така да, не е за џабе еден од најомразените професори на факултетот....
Михова ми даде бодови за оцена.![]()
Чисто ме интересира, што толку голем просек се брка ?Затоа што е "најкрената" од сите професори. Затоа што за 0.0001 поен ќе те натера да преполагаш. Затоа што ако не ја напишеш дефиницијата како што таа ја напишала на табла ќе ти ја земе за грешна. Затоа што недајбоже да прашаш на увид зошто некаде ти зела поени (мене лично ми се има изнасмеано во фаца). Затоа што на еден колега на кој му фалеа 0.4 поени за поголема оцена му даде цел испит да решава (ова за време на увид). Што е најгратично колегата ги реши задачите и оваа му вика, па точни ти се ама ќе размислам дали ќе ти дадам поени ( не му даде ). Така да, не е за џабе еден од најомразените професори на факултетот....
Јас имам сосема спротивно искуство со неа. Дефинициите не сум ги пишувала од збор до збор исти, па ми давала поени. На увид никогаш немам идено кај неа. 0.4 поени од колку вкупно? Од 10 или од 100? Како што памтам кај неа максимум беше 18, значи тоа се више од 2 проценти уствари, односно 0.4 поени од вкупно 18, преведено е појше од 2 поени од вкупно 100. Епа за два поени никој од професорите не пушта. Имав една другарка во средно, се лутеше зошто професорката за пола поен не ја пуштила. Ќе помислиш вкупно биле 5 па као ајде пола поен - голема работа. Па не е така, у проценти преведувајте и ќе видите дека не е баш за пола поен. Јас може да ти направам тест со 10 задачи, секоја да носи по 0.1 поени, значи вкупно да има тестот 1 поен. И ти да утнеш 5 задачи, јас ќе те паднам и ти на цел глас ќе збориш како за пола поен не сум те пуштила. Муабетов ко правам ко јас да сум професорка.
И сум рекла еднаш и сеуште истото важи, се дури постојат деца кои ваѓаат над 90% од испитите, не е тешко. Само труд треба.[DOUBLEPOST=1398453031][/DOUBLEPOST]
Зборам јас, канти тропотаат. Ај честито![]()
Тоа преполагањето, лошо се изразив, мислев ќе те падне па ќе мораш да одиш на испит. Иначе, мене лично не ме интересира просекот, никогаш не сум преполагал предмет ниту пак планирам да преполагам. Е сега знам доста луѓе што преполагаат, ама јебига се борат за стипендии од кои се земаат добри пари. Е сега има и некои што полагаат и на сите испитни сесии па се надеваат дека некогаш ќе закачат подобра оцена, а да не ги спомнувам оние што дури и презапишуваат предмети затоа што не ги положиле со доволно голема оцена. Според мене, ако веќе преполагаш се преполага еднаш, се повеќе од тоа е глупост и преценување...Чисто ме интересира, што толку голем просек се брка ?
Тоа во никој случај нема да ти биде од корист, ниту кога ќе бараш работа, ниту во подоцнежната академска кариера (нема голема разлика помеѓу 9.2 и 9.3). Навистина не ми е јасно тоа преполагањето, за баби и дедовци вие да ви дадат по 500 за искачање?
Во сите генерации има такви, во моја генерација имаше луѓе што вадеа добри оценки и не се мислеа да преполагаа, имаше и луѓе што преполагаа
Јас барем не знам некој што преполагаше, да е тоа му имало корист подоцна т.е после факултетот освен во фалење дека имаат голем просек ништо повеќе, и тие што преполагаа моментално работат на позиции каде можеле да работат и без тој голем просек.
Се на се, нервозите и мразењето на професорите зошто за 1% нема 9 туку 8-ца не ви се исплатат, бидејќи на крајот од денот добро сте го совладале материјалот, што и ви е битно кога ќе почнете да работи
За ИТ професијата да работиш како асистент на факултет е поразително, поготово што може многу подобро да се реализираш во некоја ИТ фирма како програмер (мада за тоа ти треба 3-5 години). А додека станеш асистент ќе ти требаат 10-тина години (реално прво ќе се водиш како демонстратор) и разно-разни политички игри да ги играш за да стигнеш до некоја позиција од типот на лизни-мазни. За 10 години, ако добро се насочиш како програмер до софтвер архитект може да правиш многу повеќе пари, да бидеш меѓународно признат и признае од програмерската заедница и притоа ќе ти се цени твојот занает, а не твоето политичко улизнување. Сепак одлучуваш самиот во однос на што си поспремен да го направиш дали лизни мазни или да седнеш и да научиш како се работи.@Chemical Angel За студенти кои имаат просек над 9 имаше стипендија од 5.000 денари месечно, што воопшто не е мала пара. Плус ако сакаш да работиш на факултетот, односн да те земат како асистент или слично, ти треба просек.
За ИТ професијата да работиш како асистент на факултет е поразително, поготово што може многу подобро да се реализираш во некоја ИТ фирма како програмер (мада за тоа ти треба 3-5 години). А додека станеш асистент ќе ти требаат 10-тина години (реално прво ќе се водиш како демонстратор) и разно-разни политички игри да ги играш за да стигнеш до некоја позиција од типот на лизни-мазни. За 10 години, ако добро се насочиш како програмер до софтвер архитект може да правиш многу повеќе пари, да бидеш меѓународно признат и признае од програмерската заедница и притоа ќе ти се цени твојот занает, а не твоето политичко улизнување. Сепак одлучуваш самиот во однос на што си поспремен да го направиш дали лизни мазни или да седнеш и да научиш како се работи.
Не е поразително, се рушуваат од тендери фаќање. Така барем имам слушано. Плус, ако еден човек е доволно паметен за на таков заебан факултет направи просек над 9, сигурно не е толку глуп за да остане на факултет ако тоа е поразително.
Е заради тоа шо го напиша Amaterasu.
Зашо ќе се сотреш од учење и од решавање и за 0,2 нема да те пушти. За 1/5 од поен, од 100 или 90 можни.
И зашо предава со брзина на светлината и на висок стил, а многу од учениците првпат се среќаваат од материјалот.
Иначе не испрашуваат професорите не знам шо ти е муабетот, теоријата се пишува во тетратче на колоквиум, не се одговара усно.
Ако многу од учениците прв пат се среќаваат со материјалот, тоа не е вина на професорот. Пишува на сајтот секој предмет кои содржини ги има. Имаш 4 месеци да се спремиш пред да почне прв семестар ако ти треба спремање. Изводи и лимеси е прв семестар, што не е нешто невозможно за учење. Ај чим така да има тестови пред уписот па секој кој ќе извади 50% да може да се запише на информатика. Ама тогаш тие што прв пат се среќаваат со материјалот нема ни да влезат, нели? Јас не се запишав на Електро бидејќи сум била тапа физика. Да сум се запишела, требало да се бунам како проф предава брзо и со висок стил, кога јас уствари сум проблемот? Дајте реално малку.
Професорот има да предаде книга од 1000 страни (Калкулусот мислам толку имаше) за 2 семестри. И да не брза?
Дај не се понашајте разгалено мајкуму стара, како може да се сотреш од учење и да не извадиш 50%? Што е проблемот, штом си се сотрел од учење?
Како може јас секиогаш кога паѓав на испити тоа да беше бидејќи требало да учам појше? Кога учев секогаш положував. Што е проблемот кај вас?
Еве ради вакви муабети јас се тресев во прв семестар. Сите ми збореа како професориве се олицетворенија на ѓаволот. Јас си испоположив се. Тие што збореа лошо за професорите испопаѓаа и ваљда и следната генерација им збореле на новите студенти како Бакева е од пеколот. Не е проблемот Бакева, студентите се. Па не сум јас Ајнштајн да положам Калкулус теорија на колоквиуми, а за некој да е невозможно.
не велам дека е невозможно, велам дека отежнуваат непотребно. И мене ми ги правеле истиве муабети, ја топ пројдов у прв семестар, не е тоа причината зашо ти контрам.
Првата реченица не ми е јасна, нели треба ултимативна цел да им биде да не научат?
За кој кур ја да се спремам 4 месеци пред упис за материјал шо треба да ми го ПРЕДАДАТ? Нели е тоа целта на предавањата, таму да сфатам?? Значи ти мислиш дека ја пред да влезам на факултет треба да го научам материјалот а? Па зашо тоаш им плаќам 400 евра коа сама сум си научила?
Иначе тоа муабетот со 1000 страни врска ти нема, и Весна Димитрова држи калкулус, и она истиот материјал го предава, па кај неа на предавање све разбирам. Не само јас. Ај сеа?
@Srcee Асистентите земаат 300 евра плата, им ја намалија од 400 евра. Ставени на исто ниво со чистачите во факултетот што земаат 250 евра. Ги вршат сите работи на професорот кој има плата од над 1000 евра. Не вреди ако имаш знаење на ова работно место да го кажуваш!!!
Со над 9 просек ќе ми е срам да бидам асистент и да го лижам газот на професорот.
Ова е работа само за оние што просекот им е само од теорија менаџмент и други такви предмети и десет математики, а програмирање се тапа.![]()
Стварно? А интеграли? Сите студенти првпат се среќаваат со нив, демек успорија професорите или и за тоа треба да се потковам?Не треба да го спремаш материјалот што ќе ти го предаваат. Ти погоре пиша дека има студенти кои прв пат се среќаваат со материјалот. Епа тие ученици нека земат книга по математика од гимназија и нека ги прелистаат темите за изводи и лимеси. Така ќе бидат на ниво со другите студенти. Јас знам еден студент кој заврши средно економски и после учеше математика од гимназија, пред да почне семестарот.