Мене не ме нервираат музичките телевизии (додуша МТV беше музичка телевизија веќе не е), мене најмногу ме иритираат луѓе кои упорно слушаат еден вид на музика и се убедени дека тоа е најдобрата музика, а не слушнале друг правец, ама да го слушаат на начин да ги согледаат работите од таа музика што им се допаѓа на луѓето што ја сакаат таа музика, па после да направат споредба, па да коментираат да оваа е подобра или полоша или пак да сум чул знам како е ама сепак мене оваа еве нека им биде и турбофолк повеќе ми фаќа уво. Ама не тоа се воглавно се слепци кои ако човек им спомне џез (со џез си го чистам увцето) одма тука некоја предарасуда, и одам викаат абе батали тоа е досадна и глупа музика, и одма тука ми ми се превртуваат црева и ме фаќа пролив од такви личности, мислам со тоа самиот докажува дека прост со тапија бре, како може да каже дека еден правец во музиката повеќе му се допаѓа од друг а воопшот не го има слушнато другиот правец, ама слушнато и разбрано во прават смисла, и што е потрагично оваа музичка неукост, е масовна кај нас, а пуштиш на радио нешто комерцијала хипхоп и сл работи одма се лепат за радиото слушатели, а чим пуштиш рок, одма драстично паѓа бројот на слушатаели и тоа станува збор за мејнстрим рок, а да не збориме ако малку тераш метал, или блуз, џез а што е пострашно во последно време ниту техното не им влече увао како порано, мислам катастрофа.
пред некој дена направив убава плеј листа каде полека песна за песна постепено од џез направив прелив во техно преку трипхоп и хаус ама јок бе брати никој не го ни интересира.