Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 145 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 272 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,1%

  • Вкупно гласачи
    435
КУМАНОВО НЕ ЈА ПРЕЖИВЕА ФИНАНСИСКАТА КРИЗА

Добра Вода стана суперлигаш:
Нова промена на ликот на Супер-лигата во женска конкуренција. Откако Универс 1 доби суперлигашки статус по банкротот на Т. Комбинат Бренд, сега и екипата на Добра Вода доби суперлигашки статус на дар.
Куманово не успеја да застане на нозе и сезонава нема да се натпреварува во Супер-лигата. Нивното место ќе го заземе Добра Вода од Кратово, а кумановките ќе играат во Првата лига.
Ваков расплет се очекуваше, поточно ќе беше почудно и понеочекувано доколку Куманово се појавеше на теренот и ја почнеше сезоната. Куманово беше во голема криза и минатата година, но некако успеја да ја истурка сезоната до крај.
Летото не донесе добри моменти за нив, напротив, место консолидација дојде до уште поголем распад, па екипата ја напуштија и најдобрите ракометарки. Така на финасиската се надоврза и играчка криза.
Куманово, сепак, најави играње во елитното друштво, но не ја почна сезоната. Првиот меч на кој требаше да го пречека Вардар О. беше одложен, вториот со Кабран Амбалажа исто така. Веќе беше јасно дека немаат сили да играат Супер-лига, а одложувањата не можеа да траат "вечно". Најава за решавање на проблемот немаше, а веќе стигна на ред и третото коло.
Ново одложување ќе беше премногу несериозно за и така разнишаната со углед Супер-лига, па дојде моментот да се реши овој случај. Одлуката е конечна, Добра Вода од Кратово ќе игра во Супер-лигата, Куманово во Првата лига.
Консултациите се извршени, за наредното коло делегирана е Добра Вода, а денеска би требало да се договорат термините за одигрувањето на натпреварите кои Куманово ги одложи.
На овој начин Супер-лигата ќе продолжи со осум клуба и нема да биде нарушен системот на натпреварување. Добра Вода ќе треба набрзина да ги одигра заостанатите мечеви и Лигата да влезе во нормален ритам, што исто така нема да биде едноставно, затоа што натпревари се закажуваат и се играат практично секој ден.
A vardar pro igra na 29 septemvri protiv Шафхаузен
 
Da se nadevame deka ke gi pomini grupite!!! Doma ako izigra kako nadvor sigurno ke go pobedi zagreb . Ama rabotata e so nie makedoncite nemame sreca
 
Сензационална информација за љубителите на ракометот. Од денеска Валентина Радуловиќ и Анжела Платон во дресот на Кабран Амбалажа. Се создава ли шампионски тим во Кавадарци?
Сега незнам колку е точно воа али ќе видиме вечер на вестите може ке кажат.
 
Сензационална информација за љубителите на ракометот. Од денеска Валентина Радуловиќ и Анжела Платон во дресот на Кабран Амбалажа. Се создава ли шампионски тим во Кавадарци?
Сега незнам колку е точно воа али ќе видиме вечер на вестите може ке кажат.

Точно е само колку ке биди исплатливо ке видиме :smir:
 
Ракометдњљд

Темата ја отворам за да видиме кој колку прати ракомет и дали прати.
Значи всушност ме интересире дали пратите ракомет, обожава те ли?, дали пратите некоја лига од ракомет или само кога игра репрезентацијата пратите? Дали сте симпатизер или фан на некој ракометен клуб, дали знаете нешто за Ракометот, надвор од Македонија?

Па повелете ...
 
Ракомет пратам од 5-то одд. кога и почнав да тренирам. Пратам Супер лига, КПК обавезно бидејќи секогаш игра некој наш тим, а исто и ЛШ. Германската ракометна лига е една од поинтересните, па се случува понекогаш да погледам натпревар.
 
Само кога игра Македонија, Кометал, Вардар Про и Металург
 
Ракомет многу почитувам, но не гледам некои големи европски натпревари, како на пример кога игра Кили Барселона... Веројатно зашто не се толку пренесувани. Кога би биле, би ги гледал.

А кога игра некој наш тим или репрезентација, не пропуштам.
 
Ракомет многу почитувам, но не гледам некои големи европски натпревари, како на пример кога игра Кили Барселона... Веројатно зашто не се толку пренесувани. Кога би биле, би ги гледал.

А кога игра некој наш тим или репрезентација, не пропуштам.
На Евроспорт ги даваат сите дуели на Кил-Барселона дури и ЛШ на ракомет пренесуваат. (=
 
Пратам,обично ко ке најдам на ТВ некој натпревар,го гледам до крај,без разлика дали е наш тим или странски. Ко ке игрет наши тимој,то е посебна приказна :) Иначе многу сакам да тренирам,ама штета,немат во Охрид :tapp:
 
http://www.blic.rs/sport.php?id=70735

Е Вујо,Вујо....Кога си стока од чоек и ова малце ќе ти биде....
Зошто стока кога е еден од најдобрите тренери на Балканот и Европа.Казната е престрога и сигурно има некој позадина зад тоа.Ама темата не е за тоа.
Ракомет да,пратам и тоа многу,посебно кога играат наши екипи и репрезентации,но и други големи натпреварувања на кои не учествуваат нашите.:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom