LG G2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ficiani
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Локација
Скопје
Ја отварам темава во овој подфорум бидејќи освен во Android подфорумот кој е помалку посетуван, видов дека и за некои други Android телефони има отварно теми тука и мислам дека LG G2-ката дефинитивно заслужува своја тема.

20140313T022425.jpg


Според мене, овој уред е едно од поголемите изненадувања оваа година и е еден од малкуте продукти на LG во последниве години кои стварно вреди да се споменуваат. Уредот без проблем би го ставиле рамо до рамо со најдобрите смартфони на планетата.

Уредот е „украсен“ со Qualcomm Snapdragon 800 чипсет, и Quad-core 2.26 GHz Krait 400 процесор, и дури после пола година од неговото излегување, сеуште се смета како latest & greatest во поим на хардверот.

Причината поради која што овој уред е поназад кога станува збор за продажбите во споредба со Galaxy S4, според мене, е само лошата реклама и лошиот маркетинг. За телефонов јас дознав пред месец дена и после неколку изгледани reviews можам да кажам дека е подобар од S4-ката во скоро сите можни аспекти. Да не збориме за цената, барем кај нас, поефтин е неколку иљадарки.

Да не ме сфатите погрешно и да не забегуваме од темава, разликите со S4-ката се секако мали, и станува збор за 2 врвни смартфони.

Во продолжение две интереснни видеа каде смартфонот го споредуваат со ривалите од Samsung.


И неверојатно е што дури го споредуваат со S5-ката, кој е далеку поскап и секако има побрз процесор.


Мана е тоа што нема слот за мемориска картица, но доаѓа со 16 или 32ГБ меморија, и нема user-removable battery. Но, колку што видов и прочитав, батеријата му трае подолго од било кој од неговите ривали.

Па, како просечен познавач и корисник на Android оперативниот систем, мислам дека во наредниве месец-два, токму LG G2 ќе биде мојот избор :)

Во продолжение споделете мислења и искуства, на било каков начин поврзани со овој уред. Бујрум.
 
Прво и најбитно кај нас во нашава ни државичка, колку пари е телефонов?
 
Прво и најбитно кај нас во нашава ни државичка, колку пари е телефонов?
Точно не може да се каже, ама еве грубо речено 350 евра како што кажа членот погоре. Јас се ориентирам околу 80 евра поефтин од S4-ката кај нас.
 
Супер телефон за екстра цена:)
 
да не е кошчето позади шо навистина ме иритира , ја би одел на поновата серија на LG G PRO 2 , далеку подобра камера ....
 
да не е кошчето позади шо навистина ме иритира , ја би одел на поновата серија на LG G PRO 2 , далеку подобра камера ....
Корисниците после 5 дена користење кажуваат дека се навикнуваат и им е дури и полесно поради тоа што природно стои раката и со показалецот се стиска лесно..
 
Корисниците после 5 дена користење кажуваат дека се навикнуваат и им е дури и полесно поради тоа што природно стои раката и со показалецот се стиска лесно..
разбирам дека е минлива работа , ќе се навикнеш .... но навистина мислам,според мене кажувам , дека за глас да сакаш да намалиш , баш мораш од таму прстот да го нацрташ , попрактично ми е само да го убацам од страна ...... една од минус работите , не само за овој телефон , ма сите марки од поновата генерација ..... немаат РАДИО !!!! .... за жал .... најглупата работа е да одлучиш на телефон , е да нема радио ... но ајде .... јас би го препорачал телефонот , ок си .... но би го ставил 2 или 3 по ред ако 1иот не успеам од некоја причина да го земам :)
 
Корисниците после 5 дена користење кажуваат дека се навикнуваат и им е дури и полесно поради тоа што природно стои раката и со показалецот се стиска лесно..
ја иам г2 мини и има иста позиција на копчиња одпозади
ОГРОМЕН МИНУС ставам на тоа што нема момент кога не сум ги утнал копчињата и сум ја шљакнал камерата дирекно и сум ја умрсил
 
ја иам г2 мини и има иста позиција на копчиња одпозади
ОГРОМЕН МИНУС ставам на тоа што нема момент кога не сум ги утнал копчињата и сум ја шљакнал камерата дирекно и сум ја умрсил
тоа задоволство коа ќе притиснеш средина на копчето ..... зарем не си среќен ?! :LOL:
 
тоа задоволство коа ќе притиснеш средина на копчето ..... зарем не си среќен ?! :LOL:
Да откако ке пипкам ко слепец да чита брајово писмо едно 3-4 секунди да сфатам кое е - топ е :D
 
Ок, ќе признаам и јас кога го разгледував во салон првиот пат ги испоутињав :D ама 100% сум сигурен дека со тек на време автоматски и без мислење ќе ги стискаш, без проблем..
 
Најдобри 2 телефони кај нас, поготово за парите.

LG G2 & Nexus 5.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom