Ја отварам темава во овој подфорум бидејќи освен во Android подфорумот кој е помалку посетуван, видов дека и за некои други Android телефони има отварно теми тука и мислам дека LG G2-ката дефинитивно заслужува своја тема.
Според мене, овој уред е едно од поголемите изненадувања оваа година и е еден од малкуте продукти на LG во последниве години кои стварно вреди да се споменуваат. Уредот без проблем би го ставиле рамо до рамо со најдобрите смартфони на планетата.
Уредот е „украсен“ со Qualcomm Snapdragon 800 чипсет, и Quad-core 2.26 GHz Krait 400 процесор, и дури после пола година од неговото излегување, сеуште се смета како latest & greatest во поим на хардверот.
Причината поради која што овој уред е поназад кога станува збор за продажбите во споредба со Galaxy S4, според мене, е само лошата реклама и лошиот маркетинг. За телефонов јас дознав пред месец дена и после неколку изгледани reviews можам да кажам дека е подобар од S4-ката во скоро сите можни аспекти. Да не збориме за цената, барем кај нас, поефтин е неколку иљадарки.
Да не ме сфатите погрешно и да не забегуваме од темава, разликите со S4-ката се секако мали, и станува збор за 2 врвни смартфони.
Во продолжение две интереснни видеа каде смартфонот го споредуваат со ривалите од Samsung.
И неверојатно е што дури го споредуваат со S5-ката, кој е далеку поскап и секако има побрз процесор.
Мана е тоа што нема слот за мемориска картица, но доаѓа со 16 или 32ГБ меморија, и нема user-removable battery. Но, колку што видов и прочитав, батеријата му трае подолго од било кој од неговите ривали.
Па, како просечен познавач и корисник на Android оперативниот систем, мислам дека во наредниве месец-два, токму LG G2 ќе биде мојот избор
Во продолжение споделете мислења и искуства, на било каков начин поврзани со овој уред. Бујрум.