Религија - општа дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата SuBZerO
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
За да процениш дали некоја религија дава добри плодови, одвој време да одговориш на следниве прашања.ТЕМА: Брак.
ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: „Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло — чисто; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог“ (Евреите 13:4,Превод на МПЦ).ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија бара да бидат законски регистриранидвојките што живеат заедно?
ТЕМА: Развод.ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: Кога го прашале дали има некаква основа за развод, Исус рекол: „Оној што ќе ја остави својата жена, освен поради прељуба, и се ожени со друга, тој прави прељуба; и оној, што ќе се ожени со напуштена, прељубодејствува“ (Матеј 19:9, Превод на МПЦ).ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија го почитува тоа што го рекол Исус идозволува развод и повторно стапување во брак но само во случај напрељуба.ТЕМА: Сексуален морал.ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: „Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело“ (1. Коринќаните 6:18, ДХК).
„Жените... природните потреби ги заменија со противприродни; и мажите исто така; оставајќи го природното зближување со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда“ (Римјаните1:26, 27, Превод на МПЦ).ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија учи дека сексуалниот неморал меѓу маж ижена или меѓу двајца припадници од истиот пол е грев?ТЕМА: Нејзините членови смело се држат за библиските мерила.
ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: „Да се држите настрана од... луѓето што се нарекуваат христијани, а сепак прават блуд, или се алчни, или им се поклонуваат на идоли, или ги навредуваат другите, или се опиваат или мамат. Со такви немојте дури заедно ни да јадете!“ (1. Коринќаните 5:10, 11,. Што ќе се случи со оние што тврдат дека се христијани, но и понатаму грешат без да се покаат? „Отстранете го злиот од својата средина“, пишува во Божјата реч (1. Коринќаните 5:13, ДХК).
ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија ги отстранува од своите редови оние штонепокајнички ги игнорираат библиските мерила?[DOUBLEPOST=1397295671][/DOUBLEPOST]Во секоја религија има искрени верници. Добра вест е тоа што Бог мисли на нив и му се важни. Сепак, жално е што во името на религијата се прават многу лоши работи (2. Коринќаните 4:3, 4; 11:13-15). Според новинските извештаи, некои религии се вмешани дури и во тероризам, геноцид, војни и злоупотреба на деца. Колку сето ова ги разочарува оние што искрено веруваат во Бог! Матеј 24:3-5, 11, 12.)
Вистинската религија го прославува Бог, додека лажната религија му нанесува срам. Лажната религија шири учења кои не се темелат на Библијата, на пример, погрешни учења за Бог и за мртвите. Но,Бог сака луѓето да ја знаат вистината за него.
 
Последно уредено:
Јас го најдов тоа во религијата кај што ме испратил создателот-Христијанството.
Секој наоѓа тоа што го бара.

Се најде во рисјанството и сега веруваш во задгробен живот, и тоа дека на душите ќе им биде судено. Ако се родеше во Индија ќе веруваше дека душите кружат наоколу и влегуваат од тело во тело. Тие две работи се исклучуваат меѓусебе, реинкарнацијата и рисјанскиот концепт за душата и смртта, односно или е едната вистина или другата, или двете се невистини. Значи. не може секоја религија да е вистинита.

Инаку, точно е дека секој наоѓа она што бара, плитките умови бараат и наоѓаат плитки објаснувања.
 
Некои луѓе ја наследиле својата религија, додека други едноставно го следат мноштвото. За многумина, религијата зависи единствено од тоа кога и каде се родени. Меѓутоа, дали треба изборот на религија да го препуштите на случајноста или, пак, да дозволите другите да ја донесат таа одлука наместо Вас?Вашиот избор на религија треба да биде информиран избор што се темели на внимателно испитување на Писмото.[DOUBLEPOST=1397296422][/DOUBLEPOST]Добрата религија учи на љубов кон другите!!!!
„КОЈ не љуби, не Го познава Бога, зашто Бог е љубов“, пишува во Библијата (1. Јованово 4:8, Значи, добрата религија треба да учи на љубов кон другите. Многу религии заслужуваат пофалба затоа што се грижат за болните, остарените и сиромашните. Тие ги охрабруваат своите верници да го применат советот што го дал апостол Јован: „Кој има световни блага, па кога ќе го види брата си во немаштина, та го затвори срцето свое од него — како тогаш ќе пребива во таков Божјата љубов? Чеда мои, да не се сакаме со зборови или со јазик, туку со дела и вистина!“ (1. Јованово 3:17, 18, Но, што се случува кога ќе избие војна меѓу некои држави? Дали Божјата заповед „љуби го твојот ближен како себеси“ треба да важи само кога има мир, а да не важи кога еден политичар или цар ќе реши да се бори против некоја соседна држава? (Матеј 22:39, Исус рекол: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:35,. Додека ги разгледуваш следниве прашања, запрашај се: ‚Дали верниците од оваа религијапокажуваат љубов кон секого и во секое време, и тоа не само со зборови туку и со дела?‘ ТЕМА: Војна. ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: Исус им заповедал на своите ученици: „Љубете ги непријателите свои... правете им добро на оние што ве мразат“ (Матеј 5:44, Кога војниците дошле да го уапсат Исус, апостол Петар извадил оружје за да го одбрани. Меѓутоа, Исус му рекол: „Врати го мечот на своето место, зашто сите што се фаќаат за меч — од меч ќе загинат“ (Матеј 26:52,
Апостол Јован напишал: „По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога. Зашто ова е веста што ја чувте од почетокот: да се љубиме еден со друг! Не како што Каин беше од лукавиот и го уби брата си“ (1. Јованово 3:10-12, ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија ги поттикнува своите верници да одат вовојна?
ТЕМА: Политика. ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: Откако со свои очи виделе дека Исус може да прави чуда, некои сакале тој да биде вклучен во тамошната политика. Како реагирал Исус? „Штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да Го направат цар, се оддалечи Сам во гората“ (Јован 6:15, Кога бил уапсен и лажно обвинет дека подбуцнува политички немири, Исус рекол: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но царството Мое сега не е овде“ (Јован 18:36, Кога го молел Бог во врска со своите ученици, Исус рекол: „Јас им го предадов Твоето Слово и светот ги замрази, зашто не се од светот, како што и Јас не Сум од светот. ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија го следи Исусовиот пример и не се меша вополитиката, дури и ако тоа значи дека нејзините членови ќе бидат мразениод извесни политичари?
ТЕМА: Предрасуди.ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА: Кога првите необрежани не-Евреи станале христијани, апостол Петар рекол: „Бог навистина не е пристрасен кон никого, туку го прифаќа секој што има страхопочит спрема Него и праведно постапува, без разлика на кој народ му припаѓа“ (Дела 10:34, 35,Еве што им напишал Јаков на христијаните во првиот век: „Браќа мои, имајте вера во нашиот славен Господ Исус Христос и не бидете пристрасни! Зашто ако на вашиот собир дојде човек со златен прстен и со убава облека, а влезе и сиромав во валкана облека, и му укажете посебно внимание на оној во убавата облека, и му речете: ‚Ти седни тука на убаво место!‘ а на сиромавиот му речете: ‚Ти стој таму!‘ или ‚Седни долу до моите нозе‘, не правите ли разлики меѓу себе и така станувате судии со зли мисли?“ (Јаков 2:1-4,
ПРАШАЊЕ: Дали оваа религија учи дека сите луѓе се еднакви во Божји очии дека нејзините членови не треба да ги делат луѓето според расата илифинансиската состојба?
 
Последно уредено:
Инаку, точно е дека секој наоѓа она што бара, плитките умови бараат и наоѓаат плитки објаснувања.
Точно е и тоа дека некои плитки умови бараат и наоѓаат спас во дрога, алкохол, и обично се убедуваат самите себе дека тие се бог на земјата.
Мора да има и такви на кои ѓаволот им ја зел душата, па тражат утеха во чашата.
Дуализмот мора да постои, борба помеѓу доброто и лошото, на тебе останува кој пат ќе го избереш.
 
Е да дуализмот постои. Ама таму каде што е дозволен. Кај Христијанството има само еден апсолут. Исто и Јудеизмот и Исламот. А кај некои се јавува и повеќекратен избор. Така да...
 
Е да дуализмот постои. Ама таму каде што е дозволен. Кај Христијанството има само еден апсолут. Исто и Јудеизмот и Исламот. А кај некои се јавува и повеќекратен избор. Така да...

Дуалистичките, манихејските религии се многу пологични од глупостите на рисјанството и исламот. Верувањето во дуалноста на сето постоечко е природно. Рисјаните сакаат да се онадат, ама не сакаат да им влезе. Ем Бог е семоќен, ем злото доаѓа од Цацко.

Циркус невиден.
 
Христијанството Е дуалистичка религија.
Дуализмот во религијата претпоставува постоење на две спротивставени страни, доброто и лошото меѓусебно во судир. Пред христијаните, таков концепт имаше религијата на древните Иранци. Таму се појавува и врховен бог, и рај и пекол и чудесно раѓање на богот и страшниот суд на кој ќе им се суди на грешните.
Подоцна овој концепт е пpевземен и од други религи вклучително и христијанството
 
Последно уредено:
Е да дуализмот постои. Ама таму каде што е дозволен. Кај Христијанството има само еден апсолут. Исто и Јудеизмот и Исламот. А кај некои се јавува и повеќекратен избор. Така да...
Погрешно сватено.
Кај бог нема дуалност, тој е Апсолут и безгрешен. Кај него нема бело и црно, добро и лошо, итн, итн.
Дуалноста постои само после него, после тоа што тој создал.[DOUBLEPOST=1397299543][/DOUBLEPOST]
Дуалистичките, манихејските религии се многу пологични од глупостите на рисјанството и исламот. Верувањето во дуалноста на сето постоечко е природно. Рисјаните сакаат да се онадат, ама не сакаат да им влезе. Ем Бог е семоќен, ем злото доаѓа од Цацко.

Циркус невиден.
Ем шуто ем боде.
Циркус невиден![DOUBLEPOST=1397300423][/DOUBLEPOST]
Е да дуализмот постои. Ама таму каде што е дозволен. Кај Христијанството има само еден апсолут. Исто и Јудеизмот и Исламот. А кај некои се јавува и повеќекратен избор. Така да...
Христијанството Е дуалистичка религија.
Дуализмот во религијата претпоставува постоење на две спротивставени страни, доброто и лошото меѓусебно во судир. Пред христијаните, таков концепт имаше религијата на древните Иранци. Таму се појавува и врховен бог, и рај и пекол и чудесно раѓање на богот и страшниот суд на кој ќе им се суди на грешните.
Подоцна овој концепт е пpевземен и од други религи вклучително и христијанството
Абе заземете цвст став, немојте вака мајката, еден вака еден онака, дуалисти ниедни.
Требе да си направите едно здружение на забегани атеисти и да искочите со цврсти ставови. :pos:
 
Последно уредено:
Абе заземете цвст став, немојте вака мајката, еден вака еден онака, дуалисти ниедни.
Требе да си направите едно здружение на забегани атеисти и да ми ускочите со цврсти . :rolleyes:

Toе дефиниција на дуализам во религија нема потреба никој да ти ускочи со цврсти (освен ако ти не инсистираш)
 
Христијанството Е дуалистичка религија.
Дуализмот во религијата претпоставува постоење на две спротивставени страни, доброто и лошото меѓусебно во судир. Пред христијаните, таков концепт имаше религијата на древните Иранци. Таму се појавува и врховен бог, и рај и пекол и чудесно раѓање на богот и страшниот суд на кој ќе им се суди на грешните.
Подоцна овој концепт е пpевземен и од други религи вклучително и христијанството

Рисјанството не е дуалистичка религија од еден фундаментален аспект. Кај вистинските дуалистички религии, едната страна не е помоќна од другата, и битката помеќу доброто и злото е со неизвесен крај. Кај рисјанството, Бог создал се, тој е семоќен, и исходот на битката се знае однапред. Од тој аспект се и смешни инсистирањата кај рисјанството на слободната воља и правото на избор на човекот. Се е предодредено однапред, вклучувајќи ја и крајната победа на Бог над Ѓаволот, кој патем тој го создал.

Кај вистинските дуалистички религии, двете сили се подеднакви, и улогата на човекот е да избере страна, и да се надева на поволен исход.
 
јас ќе бидам задоволен
Во оваа реченеца е целата суштина на атеизмот:
„ЈАС ДА БИДАМ ЗАДОВОЛЕН“
А од друга страна не учите„БИДИ ЧОВЕК“, демек религиите само прават војни и омраза, а не гледате дека омразата потекнува од вас самите и од суштината на атеизмот„ЈАС ДА БИДАМ ЗАДОВОЛЕН“.
Тешко на човетштвото!
 
Се најде во рисјанството и сега веруваш во задгробен живот, и тоа дека на душите ќе им биде судено. Ако се родеше во Индија ќе веруваше дека душите кружат наоколу и влегуваат од тело во тело. Тие две работи се исклучуваат меѓусебе, реинкарнацијата и рисјанскиот концепт за душата и смртта, односно или е едната вистина или другата, или двете се невистини. Значи. не може секоја религија да е вистинита.

Инаку, точно е дека секој наоѓа она што бара, плитките умови бараат и наоѓаат плитки објаснувања.
Циркулаторно прашање на кое околу 20 -30 пати сум одговорил.
 
Let 3, сакам да те прашам за процесот кога паганството се заменило со христијанството во Европа. Јас знам дека датумите на некои пагански празници се заменети со христијански празници (ова е со цел да христијанството им стане поприфатливо на паганите, нели), понатака во многу рисјански обреди се забележуваат пагански остатоци.

Може ли да напишеш за почетоците на се' ова? Како народот полека го прифаќал христијанството, и каде се' во христијанството (денешното) може да се пронајдат пагански верувања (за паганско-христијанскиот синкретизам)? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom