Пабови, станови, супермаркети: Нов живот на англиските цркви

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
ГАЛЕРИЈА: Пабови, станови, супермаркети: Нов живот на англиските цркви
oniells2.jpg


Поради се помал интерес за религијата и високите трошоци за одржување на овие историски згради, се зголемува бројот на цркви кои добиваат некој нов живот, поради кој нивните основачи можеби се превртуваат во гроб.

Во една црква, единствен предмет на обожување е пивото, во друга во тек е распродажба на скапи автомобили. Се чини дека во британските цркви се повеќе се одвиваат некои други обреди.

Поради се помалиот интерес за религијата и високите трошоци за одржување на овие историски згради, се зголемува бројот на цркви кои добиваат некој нов живот, поради кој нивните основачи можеби се превртуваат во гроб.

Зад импозантите фасади од црвена цигла на Презбитеријанските цркви во Северен Лондон, гласна поп музика од Џенесис се првите знаци дека стигнала нова паства. Високите готски орнаменти и понатаму се тука, но на местото на олтарот се наоѓа огромен шанк, додека масите, столиците и слот-машините ги замениле црковните клупи. Изградена во 1902 година, прекрасната црква од надвор останува непроменета, но внатре сега постои ирски паб.

- Ако ова беше црква внатре сега би имало двајца или тројца луѓе, но во петок и сабота тука е преполно, вели Џон Ерл, градежен работник, додека го пие своето пиво.

- Чудно е – признава тој. – Се чувствувам како да треба да имам почитување. Не ми пречи да се напијам тука, но не сакам луѓето да ги врежуваат имињата во овие столбови.
На другата маса, 33 годишната Џемини вели дека овој паб е поинаков од другите и дека подобро е да се користи, отколку да е напуштен.

Веќе со години опаѓа религиозноста во Британија, а црковните власти се повеќе се присилени да го прилагодуваат управувањето со своите големи и многу скапи недвижнини.

Политиката варира во зависност од деноминацијата. Доминантната Англиканска црква има строги правила за измена на намена на зградите, што значи дека зградата може да ја продаде само ако комисијата ја одобри нејзината идна намена, по долготраен процес.
- Црквите не можат да се користат за секс шопови, коцкарници и такви работи, објаснува Џереми Типинг, лидер на тимот Затворени цркви при Англиканска црква.

Но, голем број на нови станари добиле одобрение од црквите – Центар за планинарење во Манчестер, Училиште за циркуз во Бристол, каде акробати висат од високите столбови на црквите; супермаркет, библиотека, храм на Сиките.

43d5b3120dcc8b49acdd1743f49aa714.jpeg


Но, строгите правила не ги спречи овие пренамени кои понекогаш ја срамат Англиската црква. – Изложбата на еротски слики во една црква која е пренаменета во галерија, предизвика негодување меѓу парохијаните – вели Типинг.

Ни католичката црква не е имуна на такви неволји. Нивните правила не се толку строги, оставајќи ја одлуката за пренамена на локалните одбори.

Во Ливерпул Црквата на Свети Петар сега е ресторан кој приредува прослави на најбезбожниот од сите фестивали – Ноќ на вештерките.

oniells.jpeg


Англиканската црква урна речиси 500 цркви од 1969 до 2011 година, додека повеќе од 1.000 се продадени или издадени, донесувајќи околу 47 милиони фунти. Најчеста судбина на поранешните цркви е претворање во домови, понекогаш луксузни, како што е една ултрамодерна куќа во Лондон со седум спални соби и базен, која е продадена за 50 милиони фунти минатата година.

Рејчел Чадлеј 28 годишна дизајнерка на ентериер, купила црква во источен Лондон пред четири години. Далеку поскромна од таа вила до 50 милиони, но многу е шармантна, со камени лица врежани во рамките на спектакуларните прозори.

Чадлеј е агностик и признава дека понекогаш се прашува дали е непочитување да се живее во црква.

chudley.jpeg


- Понекогаш се чувствувам лошо бидејќи мислам, ох боже дали јас сум бoгохулник – се смее таа.

Но, признава дека си дала малку слобода при уредувањето на просторот. Скулптура на пенис со пирсинг стои на истакнато место во нејзината дневна соба.
 
Фала курцу им текна.
 
Јас би обожувал скулптура на пенис обликуван според оној на Хенк Муди.
 
И после муслиманите сакаат Шеријат ....
Не се он и криви што бараат ,туку тие што им дозволуваат.
Р.И.П. Англиканска Црква
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom