- Член од
- 23 март 2014
- Мислења
- 1.471
- Поени од реакции
- 1.242
- Возраст
- 42

S.A.R.S. во Скопје! || 10. април 2014 || EXPO CENTER
10.04.2014 (Петок)21:00 часот ЕКСПО ЦЕНТАР, Скопје
Share on diggShare on facebookShare on twitterShare on emailMore Sharing Services12
Влез: 21:00 часот
Почеток: 22:00 часот
Концертна промоција на новиот албум на С.А.Р.С.
Еден од најбараните авторски бендови во регионот, српскиот алтернативен бенд С.А.Р.С. најавува голема концертна промоција на својот нов албум „Иконе поп културе“ во Скопје. Концертот на едно од главните музички имиња на т.н. Нова Српска Сцена, е закажан на 10. Април 2014 и ќе се одржи во „Експо Центар“ во Скопје.
Популарните С.А.Р.С. бесплатно го објавија новиот албум „Иконе поп културе“ на 9. јануари годинава, кој за три дена од објавувањето беше преземен повеќе од 20.000 пати. Ова е четврто студиско издание на бендот С.А.Р.С. и носи осум нови нумери, кои се објавени само девет месеци по излегувањето на претходниот албум „Куќа части“. Инаку, ова изненадување за фановите десет дена претходно беше најавено со песната „Дане бројим“, а целиот албум можете да го преземете од официјалниот сајт на бендот. „Иконе поп културе“ брзо поставува нови рекорди на групата, на што во прилог одат и рекордно распродадените последни концерти низ регионот.
Песните од овој абум кој веќе се наметнаа како нови хитови на бендот, како и веќе добро познатиот музички материјал на С.А.Р.С., групата ќе го претстави во живо пред македонските фанови на големата концертна промоција во Скопје.
Влезниците за овој концерт веќе од утре (среда, 12. март 2014) ќе бидат достапни во продажната мрежа на МКтикетс и тоа по промотивна цена од 250 денари која ќе важи до 1. април. Од 2. април па сè до денот на одржување на концертот, цената на билетите во претпродажба ќе биде 300 денари, а на 10. Април на билетарата на „Експо Центар“ влезниците ќе се продаваат по полната цена од 350 денари.
Наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за загарантираната забава која ве очекува со С.А.Р.С. на 10. Април во „Експо Центар“ во Скопје.
Продажни места:
- Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
- Југотон ГТЦ 1 кат, MPM PRESS, Гоги Драчево
- Кафе Круг - Бисер, Кафе Браво,