Ингмар Бергман

  • Креатор на темата Креатор на темата nicole_l
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Ingmar_Bergman_Smultronstallet.jpg

Ингмар Бергман е несомнено едно од најголемите режисерски имиња во филмската индустрија коe има извршено најголемо влијание како врз неговите колеги современици, така и врз поновите режисери кои веќе имаат оставено зад себе култни (а некои од нив и наградувани со престижни награди) филмови. Андреј Тарковски има кажано дека според него постојат два великани - Роберт Бресон и Ингмар Бергман. Влијанието врз Тарковски посебно се забележува во последниот негов филм „Жртва“ каде главниот лик го глуми еден од омилените актери на Бергман, Екланд Јозефсон. Филмот е сниман во Шведска со речиси истата екипа со која работел и Бергман.
Вуди Ален го смета за „најверојатно најголемиот филмски режисер“, Кишловски го ставил на рамниште со Ками и Достоевски. Во суперлатив за него зборел и Кјубрик.

За Бергман не може да се каже дека некогаш западнал во период на креативна криза, доказ за тоа е неговата (хипер)продукција на филмови (исто така и на театарски претстави) и неповторливоста во одработените тематики. Или подобро кажано, неповторливоста се согледува во различниот начин на согледување, претставување и анализирање на проблемот, макар и претходно да бил поставен во некој друг филм. Така, ненамерно ја има составено религиозната трилогија: „Tишина (Silence)“, „Низ стакло темно (Тhrough A Glass Darkly)“ и „Зимска светлина (Winter Light)“ каде од различен аспект го прикажува Божјото присуство, т.е. отсуство. Поради овие филмови филмските критичари го дефинираат оксиморонски како религиозен атеист.
Бергман во центарот на своите филмови ги поставува и: војната и нејзината апсурдност, машко – женските односи, лудилото, егоизмот и вообразеноста, смислата на животот, мајчината љубов, влијанието на минатото врз човекот...

Филм кој му има донесено светска слава, а и денес се смета за филм по кој сите го знаат, е „Седмиот печат (Тhe Seventh Seal)“. Прва асоцијација за филмот е култната сцена каде Антониус Блок и Смртта играат шах, и орото на Смртта. Бергман за овој филм добил инспирација гледајќи го мозаикот на некоја стара христијанска црква.
Доста познат е и со „Диви јагоди (Wild Strawberries)“ за кој има одбиено номинација за Оскар за најдобар филм од странско-говорно подрачје (писмото со одбивање) и „Персона (Persona)“ после кој Лив Улман, неговата муза, станува една од најценетите и најангажирани актерки. Сепак Академијата доста добро ги прифаќа неговите филмови и покрај бројните номинации за различни категории има земено три оскари за најдобар странски филм: „Девствен извор (Virgin Spring)“, „Фани и Александар (Fanny and Alexander)“ и „Низ стакло темно (Тhrough a Glass Darkly)“.

Други негови филмови кои се вредни се спомнување се: „Плачења и шепотења (Cries and Whispers)“, „Лице во лице (Face to Face)“, „Волчји час (Hour of the Wolf)“, „Есенска соната (Аutumn Sonata)“, „Срам (Shame)“, „Окото на ѓаволот (Тhe Devil's Eye), „Страдањeтo на Ана (The Passion of Anna)“, „Сцени од бракот (Scenes From a Marriage)“ и други.

Бергман сигурно заслужува посебна тема и сигурно остава доволен простор за дискусија.

Во прилог за заинтересираните, интересно интервју:
 
Nicole, совршена си! :love:

Бергман ми е омилен режисер, после Seventh Seal веќе бев придобиен.. со Persona тотално ме освои, баш вчера го гледав пак. Одтаму следеше цела филмографија.
Тој и Лив се безвременски, пред некој ден ме сопна документарецот Liv & Bergman но за жал уште му немам седнато, ама ќе биде деновиве.

Што и да се напише, не е доволно.
 
Темава не е за Лив, ама може ќе те интересира интервјуво каде малце збори и за Бергман: :)

  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Совршенство......
 
„Роман и филм“ со проф. Славица Србиновска. Претпоставувам „Silence“ - мојата генерација тој го помина.

Да, мислев анализа или нешто што се дискутирало на предавањата. :)
 
Да, мислев анализа или нешто што се дискутирало на предавањата. :)
Не знам како изгледаат курсевите откако е имплементиран ЕКТС. По старата програма работевме 10 режисери со 10 различни филмови на предавањата - во задолжителниот дел + секој од нас мораше да направи по една семинарска плус за друг режисер и филм(ови), освен задолжителната - за еден од десетте филма. Тоа беше испитот, всушност.

ЕДИТ: Муабетот ми е: работевме конкретни филмови, не дискутиравме многу за творечкиот опус на режисерите.
 
Последно уредено:
Не знам како изгледаат курсевите откако е имплементиран ЕКТС. По старата програма работевме 10 режисери со 10 различни филмови на предавањата - во задолжителниот дел + секој од нас мораше да направи по една семинарска плус за друг режисер и филм(ови), освен задолжителната - за еден од десетте филма. Тоа беше испитот, всушност.

Мислев нешто повеќе за филмовите, а не за предметот. Ми фалат посуштински мислења и анализа на филмовите (освен совршенство, перфекција, многу јако, растури, јака глума, јака режија итн.) На тоа целев. :)

Иначе ги имам гледано Тhe Devil's Eye, Persona, Wild Strawberries и Тhe Seventh Seal.

Ми се допаѓаат мотивите и начинот на кој ја разработува приказната. Во секој филм уникатно и впечатливо. The Devil's Eye носи добра поента преку комичност и невообичаена леснотија. Persona навлезе во сржта на психоанализата, а сепак доволно мистериозно и енигматично за да предизвика бура од реакции. Wild Strawberries како репортажа или патопис ни го покажа животот и околината на еден лик низ призмата на детството, младоста и патот до славата и созревањето. Тhe Seventh Seal има пресилна персонификација и отелотворување на смртта, само појавувањето на ликот е морбидност, шаховската партија метафора и симбол што може да развие еден куп дискусии и толкувања.

Ме интересираше на кој начин се коментирало и се разработувало тоа на предавањата. :)
 
Цариште е Бергман.

Прв филм кој го гледав беше The Seventh Seal. Добро паметам самиот почеток кога се појави смртта направи да ја подзинам устава и да гледам со невнимание во преводот, чекајќи го секој еден збор. Страшни дијалози и монолози од кои се ежи кожа. И пораката никоаш не изостанува, филмот продолжува да живее и понатаму.

Втор негов филм кој го гледав беше Wild Strawberries, па веднаш по него во ист дена и Persona. И двата на свој посебен начин со различноста ме освоија уште толку. Дури и една од првите сцени од Wild, толку шо ја попримив, дури и ја сонував само во сопствена изведба, оној момент кога ќе помине кочијата со мртовечки сандак, каде главниот лик ќе се види самиот.

Fanny and Alexander го гледав во зима, прекрсасна атмосфера која ми ја заживеа зимата и на компјутерот, башка онаа надворешната. Таква атмосфера ми изкреира што чинам не сакав филмот кој траеше околу 3 часа, никогаш да заврши.

Hour of the Wolf можеби и да е најхорор од неговите кои сум ги изгледал. Абе секоја сцена е упм токмена. И не само во овој филм. Знае да изненади овој режисер ито како. Да се запраша чоек шо мозок че беше то, такви работи да измислува и испоснима.

Да не бидам досаден и да редам и други со ред, ќе кажам дека ми е комплетен режисер кој и со најслабо рангираниот филм, не ме оставил рамнодушен. ЧЕсто пати на телма го зачекувам во понеделник во 22:30 кога даваат филмски класици. Пред скоро го даваа филмот The Devil's Eye, не ми беше гледан и со сиот мерак го изгледав, иако имав огромна задача наредниот ден за на факултет. Една од ретките отстапки кои сум ја направил кога станува збор за задоволства кои сум ги поставил пред учењето.
 
Мислев нешто повеќе за филмовите, а не за предметот. Ми фалат посуштински мислења и анализа на филмовите (освен совршенство, перфекција, многу јако, растури, јака глума, јака режија итн.) На тоа целев. :)

Иначе ги имам гледано Тhe Devil's Eye, Persona, Wild Strawberries и Тhe Seventh Seal.

Ми се допаѓаат мотивите и начинот на кој ја разработува приказната. Во секој филм уникатно и впечатливо. The Devil's Eye носи добра поента преку комичност и невообичаена леснотија. Persona навлезе во сржта на психоанализата, а сепак доволно мистериозно и енигматично за да предизвика бура од реакции. Wild Strawberries како репортажа или патопис ни го покажа животот и околината на еден лик низ призмата на детството, младоста и патот до славата и созревањето. Тhe Seventh Seal има пресилна персонификација и отелотворување на смртта, само појавувањето на ликот е морбидност, шаховската партија метафора и симбол што може да развие еден куп дискусии и толкувања.

Ме интересираше на кој начин се коментирало и се разработувало тоа на предавањата. :)
Предавањата беа всушност анализа на филмовите, и тоа понекогаш и до најситни детали - фокусирање на конкретни кадри со анализа зошто истите се значајни за филмот како целина, (понекогаш) и компаративно поставени до други уметности, науки, книжевни дела, теории и какви се не аспекти од културата. Не можам да кажам дека беа којзнае колку интерактивни предавањата, но и покрај тоа - мене ми беше еден од најинтересните испити и морам да признаам дека научив многу од него.

Поминаа години од тогаш, јас Silence на Бергман го имам само еднаш гледано во животов (настрана од многуте премотувања напред-назад низ филмот за време на предавањата) и не се ни сеќавам којзнае колку на детали од него, но ми текнува дека за време на едно од предавањата на кои го работевме, значителен дел од предавањето беше посветен на еден навидум безначаен кадар на кој се гледаше шише со алкохол на чија етикета називот на алкохолот беше испишан на кирилица. Па ми текнува дека се навлезе во некакви теории дека местото на случување на дејствието е Србија, само не знам како тоа беше значајно за целиот филм.[DOUBLEPOST=1396203155][/DOUBLEPOST]За тие кои имаат малку повеќе слободно време, еве ги и видео-предавањата за Бергман од курсот за Скандинавската кинематографија на Coursera кој е во тек и кој го следиме неколкумина форумџии:

Прво предавање - https://class.coursera.org/scanfilmtv-001/lecture/17?s=e
Второ предавање - https://class.coursera.org/scanfilmtv-001/lecture/19?s=e
Трето предавање - https://class.coursera.org/scanfilmtv-001/lecture/21?s=e
 
Последно уредено:
Цариште е Бергман.

ЧЕсто пати на телма го зачекувам во понеделник во 22:30 кога даваат филмски класици. Пред скоро го даваа филмот The Devil's Eye, не ми беше гледан и со сиот мерак го изгледав, иако имав огромна задача наредниот ден за на факултет. Една од ретките отстапки кои сум ја направил кога станува збор за задоволства кои сум ги поставил пред учењето.

Само да се надоврзам.
Петта недела по ред, секој понеделник на Телма оди маратон со филмски класици. Досега даваа само филмови од Бергман. Прв беше Тhe Virgin Spring, па The Devil's Eye, Silence и Through a Glass Darkly. Утре ќе го даваат The Rite.
 
Еве причина да скенирам каналите на телевизорот, само за мои филмчиња го користам. Кое време, 22:30? Добро се преведени?
Предавањата се прилично интересни и корисни, ѕирнете ги сите што не сте ги.
Барав некоја моја залутана рецензија.. ама ништо.
Пред некое време мислам го зборевме и The Serpent's Egg, исто квалитетно филмче кое не се спомна досега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom