Што со заштедените пари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Државата враќа до 30.000 евра.

Државата треба да има за да враќа. Следните 2 години треба да се вратат 650 милиони евра кредити од буџетот. Плус тековните обрски за плати на администрација, пензии, здравство, исперени пари...
 
Пример, зошто би извадил пари од Халкбанка/Прокредит/Стопанска, ако РМ треба да врати рата од кредитот оваа година?

Затоа што половина од парите на штедачите се инвестирани во записи, те во Владата и Народна банка. И овој процен од година на година се зголемува.
 
Си штедам за едно количе.Но тешко иде :(
 
Да бе гледам на сите богаташи што имаат големи сметки во банка им ги украдоа.
Ај во банка да расфрлаш до кај 10.000 евра, ама ако имаш повеќе пример над 50.000 евра кои што не планираш да ги трошиш си купуваш стан, а тоа никој не може да ти го земе. Лапаш пари од издавање, што е подобро од чување во банки.
 
А ако веќе ги имаш и двете? :)
 
Ова е баш една од најзезнатите работи кога треба да се одлучиш кој потег да го направиш ,а имаш поткрепа да го направиш ..... Ти се јаде во моментот ,дали хамбургер или нешто друго :) ..... Сум размислувал доста , многу ми се допаѓа идејата за вложување во нешто ,дали акции или пак земјиште да земеш .... за тие две идеи доста размислувам .... за да ми тече камата во банка , мислам доволно ми е и од КБ фондот шо ми земаат процент и не можам да ги пипнам додека не исполнам години .... сакам да ги инвестирам во нешто,сопствен бизнис можеби или пак во плац позади нашата куќа каде живеам да го закупам ,никој го нема земено сеуште ,па дај боже и можеби свој дом да изградам , на супер место е ..... до мојот моментален дом,во близиnа комшии уште од детство што ги знам, супер мирна населба ,идеално по сите пропорции ...... но ја би надополнил и уште една идеја од првиот пост .... Инвестиција во самиот себе ..... знаење да се доусовршиш во нешто ,дали програмирање,јазици или било што .... потребно ти е пари за такво нешто да отидеш на курс , но после ти се враќа до смрт и имаш корист секогаш :)

пс Леандра данке ..... :)
 
Ништо не е да се има уште едно. :D
Абе и со кираџии не е лесно да се расправаш, де се кријат, де немаат а може и да ти избегаат со неплатени сметки. Па види кај ти е ќарот.
 
Абе и со кираџии не е лесно да се расправаш, де се кријат, де немаат а може и да ти избегаат со неплатени сметки. Па види кај ти е ќарот.
Si pravis dogovor, kasnat dva meseci partalite i na ulica.
 
Главнината на парите во банка, дел во Биткоини. Би сакал да играм на берза, ама немам доволно пари за голема игра, а и незнам баш како. :(
 
Picture 1115.jpg Ова со заштедените пари,ова е одговорот, зборови не се потребни,во Македонија сме, јасно.
 
Да бе гледам на сите богаташи што имаат големи сметки во банка им ги украдоа.
Ај во банка да расфрлаш до кај 10.000 евра, ама ако имаш повеќе пример над 50.000 евра кои што не планираш да ги трошиш си купуваш стан, а тоа никој не може да ти го земе. Лапаш пари од издавање, што е подобро од чување во банки.

Ќе те одерат годишните даноци, треба добар есап да удриш годишно да видиш дали ќе ти се исплаќа долгорочно да чуваш недвижнини.
 
Да бе гледам на сите богаташи што имаат големи сметки во банка им ги украдоа.
Ај во банка да расфрлаш до кај 10.000 евра, ама ако имаш повеќе пример над 50.000 евра кои што не планираш да ги трошиш си купуваш стан, а тоа никој не може да ти го земе. Лапаш пари од издавање, што е подобро од чување во банки.

Подобро стави ги тие 50.000е во денарски депозит на 36 месеци, на годишно ниво ќе имаш скоро 3000е наместо да ги врзуваш во стан.. Нормално оваа опција само доколку не те бива за бизнис, инаку има многу попаметни работи каде да ги инвестираш парите..

Прегледај го приврзокот 87852 Ова со заштедените пари,ова е одговорот, зборови не се потребни,во Македонија сме, јасно.

Мислам имаше пишувано низ темиве дека имаш 2 стана, тие станови не се од ваква “заштеда“ како на сликата купени :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom