Оставено дете - лош или добар потег?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Одличен потег. Треба субвенции да даваат за оставање на деца. А и овие што го оставиле на хауба треба да се најдат, за да се наградат. Соодветно нормално. Со доживотно обезбеден смештај и храна на сметка на државата.
 
Дете не се остава. Ни под разно. Се има постпородилни депресии, сиромаштија, а некогаш и пари да имаш ако немаш луѓе како што треба, го трауматизираат детето со расправии инаети проблеми, следното нема да го фрлиш. Ни ти не си раснел во аквариум на соодветни услови си имал проблеми и децата ќе имаат
 
Лошо е да се оставаат деца. Не лошо, туку грозно... Се работи за немоќно човечко суштество и некој го оставил....
Јас се грозам кога оставаат немоќни мали мачиња и кучиња, а за деца да не зборуваме
Но според мене за вакви настани, најголема вина има државата
Најнапред воведе рестрикции за абортуси
Абортусите треба да се овозможат на сите кои сакаат да ја прекинат бременоста
Во случај да не сакаат да ја прекинат бременоста, треба да им се овозможи да родат,Потоа ако не сакаат да го одгледуваат детето, за дететото треба да се грижи државата или да се даде на посвојување
Постојат брачни парови кои немаат деца и многу од нив би посвоиле дете.
 
Да си оставиш свое дете, па колку и да си очаен во тој момент, треба да си тешка кукавица. Нечовек, гнида.
Ако планираш да си го оставаш детето на некоај милост и немилост, поарно не го прави и не го раѓај ич.

Али има некои што размислуваат - грев/убиство е да абортираш, па дај да го родам, греотка нели, па после што ќе прави тоа отфрлено и дали уште од одма ќе му биде заебан животот, тоа секако не е грев.
Низ дискусија го иам ова слушнато од девојка на моја возраст и не можев да се изначудам. Али ок, секој на свој начин си размислува.
 
Кога го прочитав насловот на темата, мислев дека станува збор за нешто друго.
Како може воопшто да се постави такво прашање? Добар или лош потег?:facepalm:
Тоа е грозно, одвратно!
Па луѓето преку фб прават акции за вдомување на кучиња и мачиња! Каков човек треба да бидеш да оствиш бебе на хауба?
Во Германија мислам дека има центри каде што можеш да го дадеш бебето без објаснување. Едноставно го оставаш.

Ама не можам да сфатам: ти клоцало во стомакот, нов живот си донел на свет и да го дадеш?
Или абортирај го или ако го родиш, гледај си го.

За жал, во Македонија процедурата на посвојување деца е толку замрсена и долга, што голем дел од децата не се посвојуваат. Пораснуваат во институциите, додека потенцијалните родители се борат со бирократијата, а обично, сите сакаат да посвојат бебиња.

Треба да се отвори тема за состојбата на децата без родители во домовите, за самохраните родители, за луѓето со хендикеп, како ним да им помогнеме, а не за тоа дали е добро или лошо да оставиш бебе на хауба.
 
Човекот кој знаејќи дека нема пари да чува дете, а го ствара, а потоа одкога ќе се роди детето тој незнае што да прави и го остава детето на хауба, на контењер, на улица.... тој за мене не е човек, тој за мене е едно обично смрдено гомно кое ќе гори во пеколот.

Колку и да е тешка ситуацијата во која се наоѓаш, никогаш несмееш своето чедо, своето потомство да го фрлиш и заборавиш... секогаш треба со сите сили да се трудиш да му помогнеш и да му го пружиш најдоброто.

Кога ќе видам дека некој своето домашно милениче го исфрла од својот дом мака и тага ме фаќа, а не па дете, бебе кое е невино, незнае што се случува околу него, а и неможе да си помогне.

Затоа според мене треба да се воведат строги казни за ваквите луѓе, за педофилите и останатите штетници...
 
Сте се фатиле за насловот ко слеп за стап...лош избор и точка. Може админот да го промени насловот секако.
Глупаво е да помислиш да оставиш бебе/мало дете само на улица(со исклучок на ромите кои своите деца уште на 7 години ги оставаат на улица да просат). Ја се прашувам што ли си мислат тие луѓе со главата кога ќе остават бебе конкретно на сред пат што не е случај само кај нас сум гледал снимки и од други земји, кадешто или го оставаат детето на сред пат, или го продаваат:cautious:. Што се тиче мене, не го оправдувам воопшто ова што се случило. Некој кажа погоре од немаштија, од второ па трето дете, и петто нека е ни на крај памет не би ми паднало да го оставам на улица. Можеби во дом, но не на улица!
 
Помизерен потег од оставање на улица на своето дете - нема.
Овозможување на кастрација и абортус се идеалните решенија, како неколку пати горенаведените мислења.
А за ромите... мислам дека доволно ни е јасно дека не размислуваат, да размислуваа немаше веќе со векови да бидат толку уназаден народ (секоја чест на исклучоци).
 
Ќе одговорам подоцна на повеќето од вас.Ова на „Хауба“ само така го земав како најтазе случај,инаку е темата за општо.
Дали е подобро дете кое нема услови да го чуваш,храниш,воспитуваш,да го дадеш на државата, е за тој потег да се насочи темата.
За мене подобро е да го оставиш вака или на институциите него ли да му наштетиш на полошо,осакатиш или му го одземеш животот.
А за овој случај дури денес прочитав(вчера не гледав вести) дека е и малку повредено детето.
Но може да од разни околности, на пример го носел до тука во багажнил па тука се валкало внатре и добило модринки.
Но може и мајката да не го давала а овој со сила и го земал.со влечење и така добило модринки.
Но најважно за мене што е тоа живо и здраво и не му е наштетено,на пример фрлено во река,дол,отпад,закопано и слично.
Само јас знам да го најдев не го давав на никој ќе си го чував.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom