Романтичен изглед

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Возраст
36
Сум забележала дека има поделени мислења околу парчињата облека кои се опфатени од овој стил.Некои сметаат дека интензивните црвени/розеви/црни бои се дел од овој стил,други пак-дека сите пастелни (воедно и нежни,нели) бои се поприкладни да бидат наречени романтични.

Што подразбирате под романтичен изглед?Во која прилика го применувате?
 
Romanti4ni se smetaat po pastelni boi.. Crno i Crveno = Sexy ne romantic :D
 
Dido_Granitz_7358498.jpg


DAJDO ima mnogu romanticen izgled

00994_PaulaAbdul_DeGuire_5799238.jpg


paula abdul
 
Nezni pastelni boi,razbusavena (sredeno razbusavena) kosicka ili blago navitkana,bleda sminka,tantela,meki materijali...dr ne mi teknuva vo momentov ama gore dole toa bi bilo:)
 
Синоним за романтичен изглед ми е девојка облечена во бел лелеав фустан, со полупуштена коса и цветче во косата.
 
романтично...па дефинитивно црна и бела боја...пастелните ич не ми делуваат романтични..онака ми се пролетни ...
 
Тањушка напиша:
Синоним за романтичен изглед ми е девојка облечена во бел лелеав фустан, со полупуштена коса и цветче во косата.
И ајде сега замисли ја истата оваа девојка, вака облечена ко ти што ја опиша, како седи на маса во отмен ресторан, јаде морска храна, карши неа седи згоден маж, она одоздола со ногата му “шета“ во меѓуножјето, едвај чекаат да завршат со романтичната вечера и да одат кај него во стан да се... Ај забегав. :)

Поентата ми беше, не ми штима сликава. Бел лелеав фустан, полупуштена коса, цвет во косата... Романтична вечера, двајца млади нескротливи, див секс.. Не ми иде тоа некако.:) Девојката мора да носи нешто секси, не провокативно, ама привлечно и по малку диво, нешто во јака црвена, црна... Нешто поинтензивна боја, поприметлива...
Таа твојата девојка, ништо не и фали...Освен што премногу невино делува некако, не романтично. Онака, ко мала девојчица во ливада, така ми звучи.:)
 
Iva mislam nisto licno,ama kade e romanticnata vecera vo postot na tanjuska:),ne ti ja sfativ poentata...
 
NeMiRnA напиша:
Iva mislam nisto licno,ama kade e romanticnata vecera vo postot na tanjuska:),ne ti ja sfativ poentata...
Нигде не е во нејзиниот пост де, јас и дадов ситуација за да си ја дообјаснам поентата, ситуација на романтично облечена девојка во романтична пригода. :) Ама очигледно не ми успеало...:(
 
Шарм, пуштена коса, минимална шминка, страст у очи, искрена насмевка, раширени раце, цвет во коса, ѕвезди во очите. романтичниот изглед не е у облеката или у фризурата, туку во срцето и очите.

се будиш полека...сабајлечки еден до друг у кревет додека сонцето ви ги мие лицата преку ролетните, а таа разбудена и те гледа како и ти полека се будиш. те погалува по лице и ти вели дека те сака.

поискрено и поромантично од тоа, здравје.
 
PSYtisfaction напиша:
И ајде сега замисли ја истата оваа девојка, вака облечена ко ти што ја опиша, како седи на маса во отмен ресторан, јаде морска храна, карши неа седи згоден маж, она одоздола со ногата му “шета“ во меѓуножјето, едвај чекаат да завршат со романтичната вечера и да одат кај него во стан да се... Ај забегав. :)

Поентата ми беше, не ми штима сликава. Бел лелеав фустан, полупуштена коса, цвет во косата... Романтична вечера, двајца млади нескротливи, див секс.. Не ми иде тоа некако.:) Девојката мора да носи нешто секси, не провокативно, ама привлечно и по малку диво, нешто во јака црвена, црна... Нешто поинтензивна боја, поприметлива...
Таа твојата девојка, ништо не и фали...Освен што премногу невино делува некако, не романтично. Онака, ко мала девојчица во ливада, така ми звучи.:)

Хехехе...Прашањето беше што е според нас романтичен изглед, бои....а за мене романтичен изглед е тоа :). Муабетот не е која облека треба да ја носиш за да седиш во ресторан во стилот на Mag Rayan во филмот "When Harry Met Sally" , колку што јас разбрав :helou: .
 
Ме замисли прашањето бидејќи секогаш на ум го имав тој романтичен изглед со нежна девојка во бело и со розев цвет во косата. Црвеното со црното ми се секси во романтичната атмосфера.

Нешто слично веројатно
 
До сега овој израз го немам применувано.. Но кога ќе подразмислам..романтично ми делуваат нежните бои... Како што е белата... Нешто како сликата на Ангелче...
 
За мене романтичен изглед на девојка е... Па...
Белата боја, тука не се мислам ич. Што знам... Нешто лесно, некој нежен, лелеав фустан, не премногу долг... И ништо освен тоа. Ни шминка, ни накит, па дури ни на нозе ништо... Цветот во коса баш и не треба...:) Инаку косата... Долга и пуштена... Виткана... Крупни очи, долги трепки, голема насмевка... Се разбира дека ништо од физичкиот изглед не е пресудно, таман работа, ама за мене совршена слика за романтичен изглед е таа. :)
Додуше прво на памет ми падна онаа сцената од Господин и госпоѓа Смит, венчавката кога беше... Ако памтам добро, мислам дека А. Џ. изгледаше така некако... А можда и нема врска. :)
Не знам, мене ми е тоа романтичен изглед. И воопшто не ми изгледа невино.


Оваа глумица ми изгледа така. И со белиот фустан, и малце подолга коса, бла бла...
samucamicia4ew.jpg


dolce8rx.jpg


sami19hv.jpg


samuelant3.jpg
 
Најромантичен изглед ми е...изгледот на невестата односно самиот бел фустан (најчесто долг) па видите и сами...

20032121.jpg




IMG13_0.preview_0.jpg




11032pf1yv2.jpg




drew.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom