Помош и совети за млади татковци и ергени кои живеат сами

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Локација
Некаде над виножитото...
Поттикната од постот на @gt80 ја отварам темава за да им се помогне на сите машки кои живеат сами или се нашле во ситуација да се сами и да не знаат што и како да прават. Знам дека домашните обврски најчесто не се ваша обврска, па не би било лошо доколку се најдете во таква ситуација, кога ја нема мама/жена/девојка околу вас, да знаете што треба да правите.
Затоа претставници на посилниот пол, поставувајте прашања, ние „нежните“ со задоволство би ви одговориле се што ве интересира поврзано околу домашните „женски“ обврски. :rolleyes: Се само за да не останете неуки и неспособни. :D
 
Последно уредено:
Како да започнам самиот да готвам,имам само рецепти но ни А немам од основа на готвење .... Шо е основа,столбови,постапки шо треба да ги знам :)
 
Како да започнам самиот да готвам,имам само рецепти но ни А немам од основа на готвење .... Шо е основа,столбови,постапки шо треба да ги знам :)

За почеток научи да го вклучиш шпоретот
 
Како да започнам самиот да готвам,имам само рецепти но ни А немам од основа на готвење .... Шо е основа,столбови,постапки шо треба да ги знам :)
Има разлика од готвење до готвење. Што сакаш да научиш да готвиш?
 
Домашен леб, начин на подготовка ....
Бреј колку си амбициозен. :P Јас си викам ќе праша нешто јајца како се пржат. :pos:

За домашен леб, треба да имаш фат за месење. Ако го немаш фатот, ништо не си направил.
Но има и рецепт за леб кој не треба да го месеш лебот. Ќе го најдам, некаде по дома ми е, па ќе ти го пишам.:)
 
✔ подобро да научам да праам домашен леб,далеку поефтино испаѓа отколку секој ден по 3х25 ден. да давам .... Земаш брашно,си праиш самиот ... Поисплатливо е така ,ем сигурен си во подготовката :)
 
✔ подобро да научам да праам домашен леб,далеку поефтино испаѓа отколку секој ден по 3х25 ден. да давам .... Земаш брашно,си праиш самиот ... Поисплатливо е така ,ем сигурен си во подготовката :)
Земи си од машините за правење леб, ги има од кај 100 евра можеш разнни лебови и теста да спремаш во нив
 
  • Зошто машината за садови ми ги белее чашите?
  • Зошто машината за сушење ми ги тутка многу алиштата?
  • Како да ми стани пеглањето поинтересно?
 
  • Зошто машината за садови ми ги белее чашите?
  • Зошто машината за сушење ми ги тутка многу алиштата?
  • Како да ми стани пеглањето поинтересно?
Првиве две машини не ги користам, старомодна сум што да правам. Нека ти помогне некоја друга.

А за третото, треба да имаш бујна фантазија. :D
 
  • Зошто машината за садови ми ги белее чашите?
  • Зошто машината за сушење ми ги тутка многу алиштата?
  • Како да ми стани пеглањето поинтересно?

1. Не си ставил средство против бигор (течност се става во малата преграда на вратата)
2. Или премногу долго ги сушиш, или ставаш премногу алишта или температурата ти е превисока.
3. Пушти си телевизија или музика и отфрли ги предрасудите :)
 
  • Како да ми стани пеглањето поинтересно?

Ова е најгаден можен проблем. Ја пробав нешто интерактивно, со книги, со вести, со саша греј во позадина, и пак не биваше. Во момент на очај си направив плејлиста од сите омилени даунтемпо и чилаут музики, се опуштив, и нежно и милно почнав да пеглам. Проблемот беше што музиката ми го успоруваше темпото, што резултираше со изгорени алишта. проблемот го решив така што го турив пепи бафтировски помеѓу секои 2 даунтемпо траки:
 
Како да исчистам бигор од бојлерот во купатило?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom