Xibalba
Господин Господин
Тоа се случаи кога некој работел такси или превозник на црно
А на тие што работат на црно да не им пишува на чело дека се диви таксисти.
И тие и ти ако возиш другари сте исто сомнителни за цајканите.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тоа се случаи кога некој работел такси или превозник на црно
Со тоа што јас не стојам на место каде обично стојат дивите таксисти, а каде обично прават рации од МВР и МТВ, не возам комбе па да сум сомнителен на пр...А на тие што работат на црно да не им пишува на чело дека се диви таксисти.
И тие и ти ако возиш другари сте исто сомнителни за цајканите.
Со тоа што јас не стојам на место каде обично стојат дивите таксисти
Да...Колку што знам повеќето се сопрени во возење, на полициски пунктови.
Фирмата не е спорна, можеби имал проблем со некоја лиценца на пр...За комбе знам и еден пример кој на човек со фирма му го одзедоа, се чуди самиот и зашто, плаќа давачки и се.
Дивите таксисти тргни ги настрана, значи човек некој кој не е див таксист му одзеле кола. Не го знам тој човек, знам дека ова е вистина.
И ако те сопрат во возење, ако сакаат ќе ти ја земат колата, неможеш да докажеш во тој момент дека ти се другари, пријатели и слично.
Јас би рекол дека ова е државен рекет.Да...
Полицајците не се толку глупи... обично во соработка со инспекциите на МТВ стојат на влезовите на населените места, или места каде што се собираат диви превозници/таксисти.
Полицајците се локални, и ги знаат лицата и возилата отприлика кои може да се сомнителни, т.е. вршат таква дејност. Го сопрат возилото, МТВ си врши контрола и тоа е.[DOUBLEPOST=1394314109][/DOUBLEPOST]
Фирмата не е спорна, можеби имал проблем со некоја лиценца на пр...
Онака како што пишува во закон по кој е казнет. На памет не се збориЈас би рекол дека ова е државен рекет.
Имал секоја лиценца, одземено е по повод запирање на автопат, а не е автопат тука според некој скици се сметало и тоа место за автопат.
И дали тој што има фирма треба да добие иста казна со некој див таксист?
Taка е...И јас не верувам дека нешто такво е можно
Мора да постои закон.... Мора да постои судење... Мора да постои право на жалба... Се работи за имот... Не може туку така да ти ја одземат колата, односно да те лишат од сопственоста.
Мора да се донесе решение
Дајте посочете закон по кој е такво нешто предвидено
Дури и да си див таксист мора да има судење
Која глупост. Во Германија на големо функционира mitfahrgelegenheit па никому ништо. Врска нема веста.Колку што ми е познато тоа се однесува на лицата кои вршат такси превоз без лиценца. Е сега точно како е дефинирано не знам, @Струмикс знаеш ли ти нешто повеќе за тоа?
Ловачката прича е ова:Која глупост. Во Германија на големо функционира mitfahrgelegenheit па никому ништо. Врска нема веста.
Во однос на она што јас го пишав за нелиценциран такси превоз, еве вести уште од 2012. Губиш од вид дека се работи за нашата чудесна Македонија.Знам дека тие несмеат да возат без лиценца познато ми е за приватници многу добро, ама знам дека и на некој кој не вршел превоз качил пријател и му одзеле кола.
Државниот инспекторат “сотре“ 37 нелегални превозници
Од Министерството за транспорт и врски денеска информираат дека Државниот инспекторат за транспорт во вториот квартал од 2013 година извршил 1.145 инспекциски надзори согласно законските надлежности, при што се преземени соодветни мерки за констатираните отстапувања од законската регулатива, согласно овластувањата кои произлегуваат од Законот за превоз во патниот сообраќај.
-Имено, во овој период се одземени вкупно 37 возила со кои се вршел незаконски јавен превоз на стока и патници без дозвола, односно лиценца, од кои 34 се трајно и 3 возила се временo одземени. Во истиот период се издадени вкупно 153 платни налози и 91 покана за наплата на глоба за лицата кои ги прекршиле законските одредби. Надлежните инспектори поднеле 191 барање за поведување прекршочна постапка до надлежните судови, и 186 барања до надлежната комисија за прекршоци заради констатирани нерегуларности, во текот на извештајниот период. Еден дел од трајно одземените возила дел ќе биде распределен на институции каде има потреба од тоа, а друг дел ќе бидат предмет на продажба, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски...