Конечно се градат автопати во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
... Позицијата на Капитал ...
Конечно се градат автопати во Македонија!
Дејан Азески
getImageThumbnail.axd

Доколку автопатите кон Штип и Охрид се започнеа во 1991 година сега ќе имавме еден туристички и еден индустриски центар на местото на денешните две жални паланки. Добра поука за неодложно забрзување на реализацијата на останатите приоритетни зафати за кои времето за чекање е одамна истечено.

Економски бенефит од 300 милиони евра за македонските компании, ангажирање на повеќе илјади градежни работници и стручен персонал, скратување на времето на патување помеѓу престолнината и внатрешноста, подобрување на бизнис можностите за инвестирање во економски заостанатите региони, раст на вредноста на земјиштето, се само дел од долгата низа бенефити и благодети од големите инвестиции во автопатската инфарструктура кои штотуку започнаа.

И експертите и граѓаните се убедени дека носењето на Штип на само 47 километри или 20 миниту до Скопје и скратувањето на патот за Охрид ќе значи револуционерна промена од стагнација и назадување кон економско демографски просперитет на овие региони.

Епа сега кога е тоа така прашањето е зошто толку се чекаше? Зошто никој во последниве 22 години не најде за сходно да ги послуша безбројните апели како од граѓаните така и од експертите за што побрзо започнување и завршување на овие патни правци. Зошто требаше да се чека Свети Николе, Виница и Радовиш целосно да се иселат за да се започне со изградбата на автопатот? Зошто се чекаше Охрид да остане без туристи и без половина од населението за некој да се сети дека е сосема природно во една нормална држава главната туристичка дестинација да е автопатски поврзана со престолнината на државата? Зарем сите досегашни влади беа толку слепи да не можат да ја заприметат трансформацијата на целото полошко поле од ниви со пченка во македонска силиконска долина само неколку години после изградбата на автопатот? Зарем никој не ги дозна ефектите и придобивките на Хрватска од автопатското поврзување на Сплит и Загреб?

Во сите овие загубени години едно е добро што имаме уште многу инфраструктурни проекти кои треба да се завршат и горенаведените придобивки од новите автопатишта треба да ни се добар поттик тоа да го направиме што побрзо. Што побрзо да ја завршиме пругата кон Бугарија и Албанија, две соседни земји од кои сме стопански и инфраструктурно изолирани како да живееме на различни континенти. Што побрзо да се заврши карго аеродромот во Штип кој може да биде основа за ренесанса во земјоделското производство во целиот регион на источна Македонија.

Конечно да се репарира и пушти во употреба и пругата од Битола кон Лерин со што ќе се поврзат овие вештачки одвоени региони. И на крај не Србија и Грција, туку Македонија да е најгласен пропагатор на идејата за изградба на каналот Дунав-Морава –Вардар, што е единствениот конвеционално изведлив и реален начин Македонија да стане пристанишна земја со евтин транспорт. За на крај конечно да се сфати и потврди дека, од Цезар преку Рузвелт до Ататурк, никој не згрешил и не изгубил вложувајќи во инфраструктурата.

http://www.kapital.mk/MK/komentari/97833/konechno_se_gradat_avtopati_vo_makedonija!.aspx
 
"Kasno stize Krali Marko na Kosovo Pole".......... se izvinuvam za jazikot ama pointeresno zvuci taka,
Znaci mnogu ubavo kazano, koga se iselija (ili onie sto planiraat da se iselat) mladite od MK, na niv im tekna da gradat vitalni proekti....ama OK i toa e dobro, penzionerite ke patuvaat pobrzo i poefikasno na ekskurzii, banji itn.
 
Дека конечно се градат автопати, не знам зашто вакви прикаски. Дали не се автопати Скопје, Тетово, Гостивар и Скопје, Неготино, Демир Капија? Изградени се до средината на минатата деценија. Кога ќе се сумира сеуште најголем % од улиците, магистралните и локални патишта и автопатиштата по кои се возиме се од минатото
Истите активности беа најавувани пред некоја година Пиноцхио
 
Последно уредено:
Почекајте прво да се изградат и како ќе се изградат.
 
Наместо Скопје `14, и сечење ленти на административни згради со некој несвојствен стил за нас, еддно чудо споменици кои отворија куп прашања на кои нема одговор, можеше до сега да има некој проект кој ќе гласеше Македонска Инфраструктура `14, па ќе имавме сосема поинаква дискусија. Не сум против оваа економска политика која се води, во принцип, но реализиацијата е катастрофа. Немаше потреба за толкав обем на згради и споменици, требаше да се одредат приоритети за објектите, и поширока дискусија за спомениците, ама парите отидоа во непродуктивни трошоци...
Е сега, ако тогаш кога започна СК `14 започенеше некој друг инфраструктурен развоен проект, ќе имавме поголема можност нашата градежна оператива да биде изведувач. Сега, кинезите финансираат, ама се и изведувачи, тоа доаѓа нешто како сакапи пари. Ако основен постулат на политиката на сегашната власт е атрактивноста за странски инвестиции, не знам како СК `14 придонесува за таа агенда, инвеститорите доаѓаат за профит, не поради туризам. За разлика од барокот, развојот на патната и железничката инфраструктура создаваат поинаква слика за една земја која има тенденција да биде атрактивна дестинација за странски инвестиции...
 
2014 (дванулаеденчетири, двеилјадичетеринаесета) година и за ова пишуваме како голема работа некоја. Жална држава сме... :/

А лесно можеше да биде: Штип град целосно без автомобили, Источна Македонија тотално енергетски независна поради обновлива енергија, Пехчево град со најмала невработеност во Источна Европа и слично...
 
Последно уредено:
Алооо види што правеа у Дубаи пред 10тина години а види кај нас што се смета за успех


Мочан автопат дојде време да причина за курчење на луѓето што се на власт....
 
Алооо види што правеа у Дубаи пред 10тина години а види кај нас што се смета за успех


Мочан автопат дојде време да причина за курчење на луѓето што се на власт....

Дубаи нафта да немаше ебага што ќе градеше.Шеициве сегашни ќе ловеа риби на кајче.[DOUBLEPOST=1394196442][/DOUBLEPOST]
Наместо Скопје `14, и сечење ленти на административни згради со некој несвојствен стил за нас, еддно чудо споменици кои отворија куп прашања на кои нема одговор, можеше до сега да има некој проект кој ќе гласеше Македонска Инфраструктура `14, па ќе имавме сосема поинаква дискусија. Не сум против оваа економска политика која се води, во принцип, но реализиацијата е катастрофа. Немаше потреба за толкав обем на згради и споменици, требаше да се одредат приоритети за објектите, и поширока дискусија за спомениците, ама парите отидоа во непродуктивни трошоци...
Е сега, ако тогаш кога започна СК `14 започенеше некој друг инфраструктурен развоен проект, ќе имавме поголема можност нашата градежна оператива да биде изведувач. Сега, кинезите финансираат, ама се и изведувачи, тоа доаѓа нешто како сакапи пари. Ако основен постулат на политиката на сегашната власт е атрактивноста за странски инвестиции, не знам како СК `14 придонесува за таа агенда, инвеститорите доаѓаат за профит, не поради туризам. За разлика од барокот, развојот на патната и железничката инфраструктура создаваат поинаква слика за една земја која има тенденција да биде атрактивна дестинација за странски инвестиции...

ОК,место ск 2014 можеше да се изгради 30 км автопат или до пола пругата кон Бугарија,ај можда 70%..и? Пак малце ќе беше,на Македонија и треба многу,многу повеќе...
 
Алооо види што правеа у Дубаи пред 10тина години а види кај нас што се смета за успех.

Озбилен си? Дубаи ги спомнуваш на темата и што граделе они? :facepalm:
 
Се градат..??!
Само, да не излезе после 10 години дека авторот сакал да каже "се Крадат".
 
ОК,место ск 2014 можеше да се изгради 30 км автопат или до пола пругата кон Бугарија,ај можда 70%..и? Пак малце ќе беше,на Македонија и треба многу,многу повеќе...

Во просек да земеме дека изградбата на 1км автопат чини 1 милион евра, мислам дека километражата би била најмалку десет пати поголема. Не мора да биде изградба на нова инфрструктура, и ревитализација на постоечката е многу подобро од изградбата на било кој музеј или голем дел од спомениците. Приоритети се во прашање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom