Најлошиот мобилен телефон?

  • Креатор на темата Креатор на темата streetbond2005
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 април 2005
Мислења
1.339
Поени од реакции
505
Кој мобилен телефон последниве години ве разочарал со перформансите и кој е најголемото разочарување според вас. Исто така можеме тука да продискутираме и за преценети телефони, т.е телефони кои држеле цена или биле најавувани како иновативни а во пракса се покажале слабо.
Мене на прв ум ми доаѓа ЛГ оптимус 3д, ништо од 3д, премногу исфорсиран, енормно скап на времето, ужас перформанси.
 
HTC Wildfire. Полош здравје.
 
Ако збориме за смартфони, мислам дека буџет моделите на HTC, сите модели на ZTE и сите кинески срања кои се ре-брендирани специјално за македонските IT продавници под нивно име (кварт-март и тн.).
Зборам од лично искуство и од искуство собрано од пријатели кои се поебале.

Мене лично, најлош избор на телефон ми бил HTC Evo 3D.
 
Телефонот беше Ел Џи, ама моделот не се сеќавам баш најдобро...Се работеше за смартфон каде што се извлекуваше тастатурата и се правеше како некој мини компјутер.
Го користев 2010 еден месец, и го поклонив на сестра ми која што го користеше еден месец за на крај да заврши кај внуките како играчка. Тоа беше во ерата кога Ел Џи сеуште не користеше Андроид, туку истиот имаше некој безвезен софтвер.
Поголема катастрофа од телефон немам користено, екранот кој што беше на допир реагираше по една минута и после реакцијата ми се палеше друго дугме, тастатурата беше креирана така што треба да имаш чачкалици за прсти за да можеш да ја користиш и на крај батеријата траеше максимум ден и половина со исклучени гаџети.
И моменталниот што го користам Нокиа Ц7 не е ништо посебно, ама барем за основните потреби како пораки, јавувања и слично функционира беспрекорно.
 
Ако збориме за смартфони, мислам дека буџет моделите на HTC, сите модели на ZTE и сите кинески срања кои се ре-брендирани специјално за македонските IT продавници под нивно име (кварт-март и тн.).
Зборам од лично искуство и од искуство собрано од пријатели кои се поебале.

Мене лично, најлош избор на телефон ми бил HTC Evo 3D.
Не би се согласил дека буџет моделите на хтц се срање, туку само се слаби зашо се буџет класа. А што се однесува до зте и неговите кинески братучеди, комплетно срање у боја.

Sent from my GT-I9195 using Tapatalk
 
Мене овој моментално што го користам "СМАРТФОУН" Alcatel OT 991, со WiFi а ненормално кочи посебно на интернет, а башка кога се користи интернетот батеријата се троши за 2 саати.... Уште 4-5 месеци да го издржам телефонов и никогаш повеќе нема да жалам пари за телефон, на план ми е самсунг ноте 3.
 
не зезај,за парите што си го купил(веројатно го имаш негде година дена) очекуваш перформанси на десктоп компјутер ?? овие мобилни за парите даваат многу........изгледа си ја наполнил внатрешната меморија,а можеби имаш измешано од командите па не ти работи како што треба........
 
Blackberry со еден милион мали копчиња на него.
Никогаш не би користел таков телефон.
 
Мислам дека имаш некој комплекс, цел форум го пока*а против овие. Трауми од детството?
oh-shit-not-you-again-facebook-cover.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom