Натпревар #2 - Тема: Луѓе и работа [пријавување]

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.280
Темата да не ве плаши, фотографии на луѓе, мажи - жени млади стари... при работа, такви сцени имате сегде, влезете во некој дуќан на кројач, златар, бербер... автомеханичар... земјоделец... и овековечете ја неговата работа

Правилата се исти како и за предходна тема па да не прекуцувам еве ја лично од чичко Ацид:

1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“ :);

2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;

3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;

4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;

5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;

6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;

7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.

8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;

9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;

10. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:

(ќе добиете нешто вакво)
Код:
[URL=http://forum.kajgana.com/gallery/photos/ryan-giggs.3219/][IMG]http://forum.kajgana.com/data/photos/l/3/3226-1392885657-b5c996ace7d91cda75e5344ad08a10c0.jpg[/IMG]
Ryan Giggs[/URL] by [URL=http://forum.kajgana.com/gallery/authors/acid.1/]Acid[/URL] on Кајгана форум

Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.
 
Последно уредено:
ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:

(ќе добиете нешто вакво)
Код:
[URL=http://forum.kajgana.com/gallery/photos/ryan-giggs.3219/][IMG]http://forum.kajgana.com/data/photos/l/3/3226-1392885657-b5c996ace7d91cda75e5344ad08a10c0.jpg[/IMG]
Ryan Giggs[/URL] by [URL=http://forum.kajgana.com/gallery/authors/acid.1/]Acid[/URL] on Кајгана форум


@Let 3, по завршувањето на пријавите, не го отварај веднаш гласањето - ќе дозволиш да испробам некоја комбинација со галеријата прво... :)
 
@Let 3, по завршувањето на пријавите, не го отварај веднаш гласањето - ќе дозволиш да испробам некоја комбинација со галеријата прво... :)
Пари да ми понудиш не знам како да отварам гласање :D
 
Да не биди после не важи, ова сум јас на работа а сликан сум со наместен апарат на постоље, значи технички - јас се сликав самиот

3703
by Let 3 on Кајгана форум
 
Слабо нешто фотки на темата ?
Па секаде околу нас има луѓе, мажи жени стари млади кај што работаат, јас се токмам да влезам во еден берберски салон кој уште изгледа како од 50 сетите (дрвени столици, ќумбе на дрва, стар инвентар.. мајсторот стар.. и да фотографирам кај што работи...
Не дозволувајте опозицијата да ја искористи ова тема како аргумент “Во Македонија нема работа“ во предизборната кампања!!
 
Викендов ако иам време :( ако не ќе копам по стари фотки али ќе ме има деф!!!
 
Јас иако сум антиталент во сликање, сакам да научам да сликам и секој совет/критика е добродојден :)

Тема: Луѓе и работа (Сликар)

п.с. ова со прикачувањево да видиме дали ќе успее.

3866
by leandra on Кајгана форум


И конечно успеа.
 
Последно уредено:
Јас иако сум антиталент во сликање, сакам да научам да сликам и секој совет/критика е добродојден :)

Тема: Луѓе и работа (Сликар)

http://forum.kajgana.com/gallery/albums/Профил-фотографии.269/

п.с. ова со прикачувањево да видиме дали ќе успее.

@Acid не ми успеа ова прикачување очигледно :)
Во твојот албум оди горе десно на “додади фотографија“
На следниот екран долу кликни на “прикачи фотографија“
Од како ќе се аплоудира, кликни на “сочувај“

Сега веќе фотката би требало да ти е во албумот, кликни на неа и оди на “сподели“
ископирај HTML/BBC code и таков пасте во темата
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom