Citroen C - Elysee

  • Креатор на темата Креатор на темата S_a_y_l_e_R
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Возраст
33
здраво другари,
да преминам на главното,
значи сакам да земам citroen c - elysee (attraction модел) линк подолу,па сакам да прашам дали некој има купено/користено таква кола и ако има да ми напише порака да го прашам за некои основни работи..

Колата е на ново,од салон од цитроен.
http://www.citroen.com.mk/vozilo/c-linija/citroen-c-elysee/#2410

што побрзо ми одговорите,толку би бил поблагодарен..
и да,кои и да разбира и има искуство со цитроен ,секој негов коментар за колатва би ми дошол плус.
univers-citroen-Elys%C3%A9e.jpg
 
Добра идеја. Но сепак размисли си. Плескаш 10000 ЕУР за нова кола. Поарно земи половна и рестото пари врачунај си ги за бензин регистрација. Голф 4 ќе го надживее овој полуфабрикат. Ако е бензин цитроенот не трпи плин и ќе те изгори со потрошња.
 
цитороенот има HDI 92 мотор...значи 1.6 дизел..потрошна 5 просек...
 
Добра идеја. Но сепак размисли си. Плескаш 10000 ЕУР за нова кола. Поарно земи половна и рестото пари врачунај си ги за бензин регистрација. Голф 4 ќе го надживее овој полуфабрикат. Ако е бензин цитроенот не трпи плин и ќе те изгори со потрошња.
И по 5 месеци да му излези некој проблем кој ќе го кошта дополнително....

Од нова кола нема поубаво, па макар била и Тико.
 
Добра идеја. Но сепак размисли си. Плескаш 10000 ЕУР за нова кола. Поарно земи половна и рестото пари врачунај си ги за бензин регистрација. Голф 4 ќе го надживее овој полуфабрикат. Ако е бензин цитроенот не трпи плин и ќе те изгори со потрошња.

лелеее,гољф 4 :facepalm:

Мое мислење - зимај.

Бензинец или дизел? hdi едни од најдобрите мотори.
Колку гаранција има 4-5 години?
Од ново ништо подобро нема нека не те лаже некој ''полуфабрикат''
 
Пред некој месец се возев во ваква кола. Човекот не го познавав ама што ми кажуваше беше многу задоволен. Му трошела околу 6 во град а на отворено околу 4,5 и 5. Баш беше удобно дур се возев и скоро не се слушаше моторот.. Внатре беше одличен, имаше солидна опрема и огромен простор. За тие пари добиваш одличен седан, нормално не го споредувај со мерцедес, пасат, бмв. Остај ги што ти зборат за голф 4. Кола стара 15год ќе ти споредуват со нов седан.
 
Ситроенот е доста угоден за вожња, се имам возено 3-4 пати во такси и можам да кажам дека е доста и просторен на задња клупа. Иначе имам позитивен впечаток со Шкодата Рапид што исто е мој благ фаворит. Има солидно моторче а и естетски искрено поубава кола ми е од ситроенот :)
 
Јас лично би се замислил...Нов цитроен или БМВ 5-ка старо 5-6 години за тие пари. Голем ризик, треба трпение и барање ама јас би идел на второто.
 
Јас лично би се замислил...Нов цитроен или БМВ 5-ка старо 5-6 години за тие пари. Голем ризик, треба трпение и барање ама јас би идел на второто.
Бмв 5ка старо 5-6год ти е над 15 000евра и со поминати 200 000км. А и бмв 5ка за по нашите улици со дупки не е.[DOUBLEPOST=1393531735][/DOUBLEPOST]Ако даваш веќе над 10 000евра земи си ново. Не ги троши парите на нешто старо што е превозено. Ако си се решил да зимаш кола од таа класа земи го ова или рапидот. Рапидот е мислам поскап за едно 4000евра. Од овие две за тие пари подобра нема да најдеш.
 
Последно уредено:
фала ви многу на сите за коментарите..(очекувам уште)

Иначе од цитроен имам некој поволности подобри за плаќањето и затоа повеќе одам на елизето..
иначе гледав многу половни коли,ама од блиски пријатели што земаа по 5-6-8 000 евра пред 1-2 години,до сега имат платено уште по 2000 за дополнителни трошоци...
сепак мислам дека за нова кола не би требало да чепкам во неа ништо подолго време(се разбира не дај боже ептен малер да сум)[DOUBLEPOST=1393532764][/DOUBLEPOST]и да,и рапидот е добра опција,ама 1.6 дизел elegance e 15,700 a елизето најопремното ниво 12,900 ...сепак ми прави разлика таа цена...[DOUBLEPOST=1393532892][/DOUBLEPOST]bmw-to го сакам како кола,ама многу скапи делови има(пошто симаш половни-секако ќе чепнеш нешто) а и не ми договара заден погон -голем недостаток е за моето место на живеење..[DOUBLEPOST=1393534010][/DOUBLEPOST]
лелеее,гољф 4 :facepalm:

Мое мислење - зимај.

Бензинец или дизел? hdi едни од најдобрите мотори.
Колку гаранција има 4-5 години?
Од ново ништо подобро нема нека не те лаже некој ''полуфабрикат''
дизел HDi 92 4ипол год.гаранција..full опрема
 
Последно уредено:
Земај ситроенчето, топ е, ќе му се изнавозиш, плус дизелче без пари ќе возиш. Правилно возење и одржавање и ќе немаш никаков проблем. Редовните сервиси не се скапи, а делој за менвање тек после години возење или 80-100 000км, зависи колку врвиш годишно.
Јас имам Ц4 од 2008, според многумина најрасипливата кола, ама си тера без гајле, само масло и филтер е менвано до сега. Земи си нова кола ич нема глава да те боли. БМВ си е БМВ ама прво е настаро си носи трошоци одма, второ трошоците за него за една гума се многу поголеми отколку за ситроенчето, да не збораме за други делови кои кога тогаш ќе дојдат за менвање и кај двете возила.
 
Кога веќе предложија и други автомобили, јас би ти предложил да размислиш и за Лансер. Некаде околу 12 000 евра треба да е, а е екстра лимузина. За Цитроенов не можам да ти кажам ништо, немам возено, се немам возено и не познавам никој што поседува.
 
Го возев тоа чудо, баш тој мотор.
Единствена забелешка ми е багажникот. Кога ќе отвориш багажникот, самиот капак не е внатре тапациран, гола тенекија и божур со шелни за некоја инсталација. Тоа е иначе продолжена 208/Ц3, технички идентична со 301.
Класично ситроеновски мека, не замара...
Ситроен имам дома, Ксара, веќе 11 години, купена нова. Освен редовни сервиси, потрошен материјал друго не е чепнато.
Да, деловите не се скапи како во приказните, и да не те лажат да земаш Гољф 4 со километража како двапати да го обиколил Екваторот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom