Улогата на Русија во македонската историја

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
А на кого да веруваме ако не на документите од тоа време? Тебе?
Веруј кому желиш. Документи треба критиковати.[DOUBLEPOST=1418599344][/DOUBLEPOST]
Знаеш како...
Можеш да критикуваш ама не можеш да обришеш нешто што Македонците со своите раце го напишале пред 500 години дека се Македонци и дека нивната татковина (отаџбина) е Македонија.
B4jQTuzIcAAQ90m.jpg


Можеш да критикуваш ама не можеш да обришеш нешто што Србите пишале пред 200 години за Македонците....


ByLUUG3CIAAsKUm.png


Значи ти останува само да тролаш како бугарин и да добиеш бан...Или прифати како е или оди си од форумот...
Мислам дека во 2014 година само дебил и морон може да прашува како е можно да некој постоји и да негира некој народ...

Што вели Исус Христос...Имаат очи а невидат...
Толку од мене..поздрав..
Каде што сум јас реков дека не постои македонска нација?
Напиши ги имињата на книга страници што се покажа. Јас ќе ја прочитате.
Ако сте биле историчар, ќе се разбере она што критиката на изворите и она што е изворот.
Зошто ја гледаш trolling во моите коментари, кога тој не е таму? Се надевам дека ќе се забранети за него, што тој го нарече дебил и морон.
 
Последно уредено:
Веруј кому желиш. Документи треба критиковати.[DOUBLEPOST=1418599344][/DOUBLEPOST]
Каде што сум јас реков дека не постои македонска нација?
Напиши ги имињата на книга страници што се покажа. Јас ќе ја прочитате.
Ако сте биле историчар, ќе се разбере она што критиката на изворите и она што е изворот.
Зошто ја гледаш trolling во моите коментари, кога тој не е таму? Се надевам дека ќе се забранети за него, што тој го нарече дебил и морон.

Па ја не кажа дека ти си дебил и морон, него за луѓето што поставуват глупи прашања и негират народи во 2014...Ти сам ли се пронајде? :)
 
Па ја не кажа дека ти си дебил и морон, него за луѓето што поставуват глупи прашања и негират народи во 2014...Ти сам ли се пронајде? :)
За жал, јас не си се разбере, она што треба да се најде во твојот коментар.
Ако е така ќе се знае македонската историја, дај ми линкови до книга (или книга титули, па можеби и јас ќе бидам во можност да ги читаат).
 
МАКЕДОНИЈА ВО РУСКИТЕ АРХИВИ

Султанот признал дека без Русија, не ќе можело ефикасно да се уништи Македонската револуција
http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=0925A99F41444944BD9B5AF75A5C4F60

Ако може некој нека го копира текстот и фотографијата, јас се обидов,но без успех.
 
Ова е првиот дел од авторот, новинар и истражувач Блаже Миневски
исто така објавено во Дневник деновиве


http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=4505C848E91E1C42AAC42383E3DFAB8E[DOUBLEPOST=1435507478][/DOUBLEPOST]Богами , вреден човек
http://dnevnik.mk/default-mk.asp?pS...2006&yearTo=2015&btnSearch.x=5&btnSearch.y=10[DOUBLEPOST=1435509215][/DOUBLEPOST]Датум: 27.06.2015, 11:26
MАКЕДОНИЈА ВО РУСКИТЕ АРХИВИ

Султанот признал дека без Русија, не ќе можело ефикасно да се уништи македонската револуција



Во декември 1902 година, при својата посета на Софија, рускиот министер за надворешни работи, гроф Ламздорф, се сретнува со задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација за да го изрази своето незадоволство од врачениот проект за автономија на Македонија.

Притоа, министерот категорично инсистира да се разбие секаква помисла дека православна Русија стои зад македонските револуционери и во одлучен момент јавно ќе застане на нивна страна. Затоа, претходно, на 3 октомври 1902 година, Ламздорф со таен допис бара целосна ликвидација на македонските револуционерни одреди како предуслов за барањата што треба да се поднесат кај турската влада за реформи во Македонија. Во писмото до Зиновјев, руски амбасадор во Цариград, Ламздорф потсетува дека револуционерното движење во Македонија е еден од значајните фактори што ја попречуваат примената на реформите. Следуваат уште многу документи во кои се гледа антимакедонскиот став на руската дипломатија, а рускиот амбасадор во Цариград, во март 1903 година, самиот признава дека вложува големи напори за надминување на сите пречки за реформи, а за тоа секојдневно му се обраќа на султанот и Портата. Со телеграма испратена до царската влада во Петербург, Зиновјев потврдува дека редовно и со задоволство го информира султанот за сите преземени мерки за спречување каква и да е револуционерна дејност во Македонија. Според телеграмата, Русија со полна доверба ~ ја препушта на Турција слободата за дејствување против „македонските бунтовници“, залагајќи се за жестоко задушување на востанието.

Знаејќи го ова, може да се констатира дека Русија се согласила со илјадниците убиени старци, жени и деца, со палењето стотици села и куќи, со десетиците илјади протерани Македонци од своите родни огништа. Во таа насока, никаква „братска загриженост“, искажана подоцна, не ја вади официјална Русија од дадената согласност за крваво задушување на востанието. А за тоа, во Петербург, не само што знаеле туку и директно учествувале со совети и разузнавачки податоци. Самиот министер Ламздорф ќе изјави дека негова желба е турската влада насекаде да ги уништи македонските комитети, залагајќи се за целосно уништување на четите. Според изјава на Ламздорф, самиот султан Абдул Хамид II сметал дека е должник токму на Русија за уништувањето на востанието и на четите што дејствувале во Македонија. Без Русија, признал султанот, не ќе можело ефикасно да се уништи македонската револуција.

Москва поддржува автономна Албанија, но никако автономна Македонија

Во руските дипломатски архиви има многу документи што недвосмислено зборуваат за тоа дека Русија со сите сили се залагала за уништување на македонското револуционерно движење, односно за уништување на идејата за Македонија како самостојна држава. Според документите во руските архиви од почетокот на минатиот век, Русија постојано инсистирала на статус кво, односно Македонија да остане во догледно време под окупација на турската империја, а потоа, во даден момент, да се подели меѓу соседните балкански држава, што и ќе биде сторено со нејзина силна поддршка и помош по Втората балканска војна. Ваквата политика била константа во руската дипломатија на Балканот. Во 1901 година, на пример, по едно релативно затишје во Македонија, самата руската дипломатија повторно истапува со остар тон кон македонското прашање. Според д-р Растислав Терзиоски, кој ги истражувал архивите на руската дипломатија од крајот на 19 и почетокот на 2век во однос на Македонија и македонското прашање, руската империја инсистирала на сурови дејства против револуционерното движење во Македонија. Рускиот амбасадор во Цариград, искусниот Иван Зиновјев, доставува официјална декларација пред Високата порта со поддршка на турската власт за преземање најстроги мерки против организаторите на безредијата во Македонија. Притоа Русија нема никаква немера да ја ограничува Турција во тој однос. Или, со други зборови кажано - убивајте, палете, бесете, не смее да се дозволи македонската револуција да победи и македонскиот народ да се ослободи. Рускиот конзул во Скопје, В. Машков, во своето писмо од 27 јануари 1901 година до рускиот амбасадор во Цариград, Зиновјев, отворено ја критикува „извесната слабост на султановата влада“ кон постојаната „дрскост на македонските комитети“, која, како што вели амбасадорот, „предизвикува оправдани страхувања на арнаутските патриоти во поглед на интересите на автономна Албанија“. Значи, македонското револуционерно движење треба да се сотре во корен, затоа што „оправдано ги загрижува арнаутските патриоти во врска со нивните интереси за автономна Албанија“. Според оваа констатација на Зиновјев, Русија нема ништо против идејата за автономна Албанија, но никако не може да замисли автономна Македонија. Два месеца подоцна, на 15 март 1901 година, истиот руски конзул во Скопје со огорченост го известува рускиот амбасадор во Цариград за тоа дека „дејците на комитетите остануваат неказнети“, или „недоволно строго казнети од турските власти“, кои, според него, ги затвораат очите за нивните престапи, плашејќи се од крупни политички случувања. Заобиколувајќи ги бунтовниците, нивната дрскост с` повеќе и повеќе расте. Според тоа, „браќата Руси“ инсистираат Турција да биде многу пожестока, да ги ликвидира сите дејци на македонското движење, а не да затвораат очите и македонските револуционери да остануваат неказнети. Русите очигледно биле многу пожестоки антимакедонци дури и од Турците. Сепак, на 29 март 1901 година министерот за надворешни работи Ламздорф со радост констатира дека „благодарение на сериозните сугестии од страна на Русија, биле преземени решителни мерки против македонската организација“.

Мошне интересен е и рускиот однос кон таканаречената афера Мис Стон од септември 1901 година. Имено, во разрешувањето на случајот најдиректно се вмешува руската дипломатија со тоа што рускиот дипломат во Софија, Бахматеев, енергично се заложува за брзо откривање на киднаперите зошто сето тоа може да ги наруши мирот и руското влијание на Балканот, а тоа не оди во полза на руските интереси. Следејќи ја активноста на македонските револуционери, особено таа на Борис Сарафов, рускиот дипломат во Белград, Чариков, во дописот од 2 јануари 1902 година, меѓу другото, известува дека познатиот македонски деец Сарафов се обратил кон српската влада со предлог да им се допушти непречено дејствување на неговите луѓе во Kралството со цел да се подготви големо, пролетно востание во Македонија. Според изјавата на Сарафов, „тој и неговите следбеници се борат за независна Македонија, настојувајќи во таа област да не владеат ни Срби ни Бугари“. Следниот месец, на 8 февруари, Чериков известува за тајната посета на Сарафов во Белград, и помошта што ја барал за организирање на македонската револуција и создавање автономија во Македонија. Во врска со тоа Чариков известува дека „српската влада, следејќи ги советите на Руската императорска влада, не оди на таква поддршка“. Во истиот извештај Чариков сугерира дека за „смалување на шансите за востание“’, Сарафов треба да се „земе во здрави раце“. Дали со тоа можеби не се има предвид ликвидирање на Сaрафов? И, ако е така, ако Русија имала таква идеја, дали во едно такво сценарио не се вклопува и ликвидацијата на Гоце Делчев токму во предвечерието на Илинденското востание, за чиј старт, патем, Русија прва ги информира султанот и Портата во Цариград? Можно ли е Делчев да е ликвидиран со „руска помош“, а ликвидацијата потоа е прикажана само како рутинска работа завршена од турскиот аскер? Министерот за надворешни работи Ламздорф во февруари 1902 година му препорачува на својот амбасадор во Цариград да ~ обрне сериозно внимание на отоманската влада, односно да се „инсистира“ на „соодветни мерки за благовремено спречување на немирите во Македонија, кои можат да предизвикаат крајно опасни компликации на целиот Балкански Полуостров“, што ќе бидат загрозени виталните интереси на Русија. На 27 февруари 1902 година, Н. Чариков го известува својот министер Ламздорф за подготовката на Македонецот Марко Мушович да го посети рускиот цар. Во разговорот што го водел со него му дал на знаење дека „никаков револуционерен обид нема да наиде на поддршка од руската влада“. Десет месеци подоцна, при посетата на Софија на 14-15 декември 1902 година, рускиот министер за надворешни работи Ламздорф, од името на царот, пренесува порака Бугарија да остане мирна, да не се прават проблеми, бидејќи нема да има никаква корист од тоа, а Русија и Австро-Унгарија, во согласност со други влијателни земји, ќе го решаваат македонското прашање преку реформи: „Вие можете да војувате ако мислите дека сте јаки, дури да влезете и во Цариград, но ние нема да ви дозволиме да задржите ниту педа од територијата што би ја освоиле“. Рускиот министер во својата резиденција во Софија ги примил на разговор Татарчев и Матов како задгранични претставници на Македонската револуционерна организација, но, по неколку дена, Ѓорче Петров оваа средба ќе ја коментира како „игра што ја приредиле бугарската влада и кнезот, па двајцата отидоа да му ветат на Ламздорф зачувување на мирот во Македонија во името на некакви реформи“. По враќањето во Русија, Ламздорф го информира царот дека македонските комитети „во никој случај не се задоволуваат со ветените реформи за подобрување на положбата туку бараат автономија на Македонија, ако треба и со насилни промени на постоечкиот поредок на Балканскиот Полуостров“. Затоа во февруари 1903 година, руската амбасада во Цариград ги обврзува сите конзули енергично да ги осудат дејствата на македонските револуционерите и јасно да стават до знаење дека „Русија нема да жртвува ниту капка крв на своите синови за некаков обид да се измени постојниот поредок на Балканот од страна на револуционерите“.

Согласност на Русија со енергични акции да се задуши македонската револуција!

Рускиот дипломатски претставник во Белград, Машков, со тајна телеграма од 14 март 1903 година, известува дека се подготвува големо и масовно востание во Македонија, а тоа значи дека „револуционерното движење не се смирува туку расте“. Во телеграмата остро ги критикува водачите на македонското движење. Руската разузнавачка служба, следејќи го движењето на Борис Сарафов известува дека на 9 април 1903 година по разузнавачки канали е добиена информација дека од пределите на Австрија преку територијата на Србија во скоро време ќе бидат доставени значителни транспорти со динамит за Македонското револуционерно движење. Транспортот на динамитот, се вели во разузнавачкиот извештај, е во надлежност на познатиот македонски револуционер, Борис Сарафов, кој е еден од најзаслужните тајни агенти на австриската влада во македонското движење... Веќе извршените експлозии по линијата на турската железница укажува на активната вмешаност на австриската влада во развојот на македонските револуционерни работи, а целта е вмешување на Големите сили во решавањето на македонското прашање... Според руски извори од средината на август 1903 година, германската влада дала пријателски совети султанот „да ја организира војската и со енергични акции да ја задуши македонската револуција“. На 21 август 1903 година, турскиот амбасадор во Петербург со задоволство ја известува Високата порта во Цариград дека руската влада не само што не ја изменила својата балканска политика, туку препорачува Турција да примени најстроги мерки против востаниците. Во повратната телеграма до турската амбасада во Петербург, султанот Абдул Хамид II му заповедал на својот амбасадор да му се „заблагодари на рускиот министер за надворешни работи за поддршката за задушување на востанието во Македонија“. Kога во есента 1903 година, Петербуршкото благотворително друштво испратило 10.00рубљи за македонските бегалци, а рускиот црвен крст прибрал големи средства за Македонците, официјална Русија постојано се оградувала тврдејќи дека станува збор за хумана помош од поединци, а не за некаква поддршка на македонското револуционерно движење, притоа вложувајќи максимални напори таквата помош во никој случај да не падне во рацете на револуционерите.

Русија прва го информира султанот дека се подготвува востание во Македонија

Грофот Ламздорф, со тајна телеграма од 9 февруари 1903 година, го информира својот амбасадор во Турција, Зиновјев, дека располага со доверливи информации оти напролет или најдоцна до почетокот на летото ќе почне востание во Македонија, па во врска со тоа бара да се обрне внимание востанието да се спречи по секоја цена. Министерот бара амбасадорот веднаш да ~ пренесе на отоманската влада да обрне сериозно внимание на информацијата, настојувајќи Портата да преземе соодветни мерки за пресекување на активностите на бунтовниците во Македонија, кои можат да предизвикаат опасни компликации на целиот Балкански Полуостров. Со други зборови, Русија прва го информира султанот дека во Македонија се подготвува востание, и дека тоа востание треба да биде спречено пред да почне. Само неколку месеци подоцна, користејќи руски разузнавачки информации, Турција крваво го задушува Илинденското востание во Македонија.

Сарафов лобирал да биде прогласен за кнез на Македонија

Во извештајот на рускиот амбасадор во Цариград, И.А. Зиновјев, со датум од 2 јануари 1902 година, меѓу другото, се информира дека „нашиот конзул во Битола од проверени извори дознава оти кнезот Петар I Kараѓорѓевиќ води преговори со претседателот на Македонскиот комитет, Сарафов, за негово прогласување за претендент на идниот македонски кнежевски престол. Овој предлог е примен добро од организаторите на македонското движење, бидејќи кнезот Kараѓорѓевиќ ветил дека ќе ~ даде 3.000.00франци на Организацијата за водење пропаганда. Македонските револуционери се уверени дека оваа кандидатура ќе биде поддржана од Русија со оглед на блиското роднинство на кнезот Петар со црногорскиот кнежески двор.

Само неколку месеци подоцна, во извештај од јуни 1902 година, се зборува дека Сарафов е добро финансиран од Австрија, која го насочува за скоро кревање на востание во Македонија. Според извештајот, „Сарафов живее во Виена, со австриски пасош издаден од австриската влада, посетувајќи ја често својата љубовница што живее во Пешта. Австриската полиција не само што јавно го штити Сарафов туку му одобри и почесно лично обезбедување“. Во заклучокот на извештајот се констатира дека Сарафов „конечно премина на австриска страна и сега, следната пролет, сака да крене, како што вели самиот, револуција во Македонија“.

Блаже Миневски
 
Последно уредено:
Ова што го напишал писателот не е историја на Русија - Македонија,
Туку историја што поедини дипломати мислеле и пишувале. и врз основа на вакви текстови не може да се заклучи историска вистина
Ево пример:
На почетокот на Втората светска војна, во Јапонија како новинар работел Рихард Зорге
https://en.wikipedia.org/wiki/Richard_Sorge
И ако од неговите написи заклучите какви биле односите помеѓу Јапонија и Германија ќе добиете искривена слика
Значи треба да се анализира целата достапна материја за периодот кој ве интересира. А вака земате едно писмо, овој напишал на оној вака или така и веднаш заклучувате ова или она. Тоа не е историја, Тоа е сензационализам
 
Датум: 04.07.2015, 01:31
БРИТАНСКИ ДОКУМЕНТИ

Спас за Македонија е ако Турците ги уништат комитите



Блаже Миневски

Македонците „не го сакаат Господ бидејќи дозволил Македонија долго да страда од турското угнетување“. Многумина велат „ние бараме помош од силите кои се блиску, а Господ е многу далеку“. Ова е дел од извештајот на британскиот генерален конзул во Софија до државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, испратен на 21 јуни 1903 година, кој на мошне илустративен начин ги опишува „македонските состојби“ во времето кога големите сили низ тајни операции и дипломатски игри ја кроеле судбината на македонскиот народ. Десетина години подоцна нивната заткулисна игра ќе заврши со крвава поделба на Македонија.


Британците бараат воен суд за комитите!

Според документите, дипломатите на големите сили се интересирале буквално за сж што се случува во Македонија, иако навидум имале многу поважни и позначајни „дипломатски“ ангажмани поврзани со нивните конкретни интереси на Балканот. Се интересирале дури и за тоа каде завршиле парите од аферата „Мис Стон“! Според извештајот од 4 април 1903 година на Џејмс Мекгрегор, британски вицеконзул во Битола, парите добиени од грабнувањето на Мис Стон биле „искористени за купување пет илјади маузер-пушки!“ Во својот таен извештај до Алфред Билиоти, британски генерален конзул во Солун, освен тие пари битолските жени ги давале и „своите ѓердани со златници и другиот накит за да може секоја куќа да има по една пушка“.

Во продолжение на извештајот, Мекгрегор соопштува дека од доверливо лице дознал оти секоја ноќ во градот се одржуваат собири, каде што „мажи но и жени вежбаат да ракуваат со пушка и да лекуваат ранети, а оружјето потоа се крие во фурните од каде што жените го префрлале на своите штици за носење леб“. Само десетина дена подоцна, Францис Едмунт Хју Елиот, британски генерален конзул во Софија, до маркизот Ленсдаун, државен секретар за надворешни работи на Велика Британија, испраќа строго доверлив извештај со прилог-писмо што го добил од американскиот мисионер д-р Кларк, во кој се вели дека македонското население е „огорчено од Русија, која себично сака работите да останат такви какви што се за да може таа да има поголемо влијание и контрола на теренот...“

Според сознанијата што ги собрал мисионерот д-р Кларк, еден од неговите известувачи, човек близок до врвот на Организацијата, „многу разумно зборува за ставот на Англија спрема Македонија и за нејзините напори да оформи влада под чија заштита ќе бидат безбедни животот и имотот на населението“. Во таа насока мошне интересен е извештајот испратен на 29 април 1903 година до државниот секретар Ленсдаун од Алфред Билиоли, британски генерален конзул во Солун, во кој, меѓу другото, се потврдува констатацијата за големата огорченост кон Русија, а истовремено се подвлекува дека „никаде нема таков терор каков што владее сега во Македонија“, констатирајќи дека „Турците не можат да излезат на крај со четите“, па затоа најверојатно ќе треба да се формира „воен суд кој ќе им овозможи на властите да се справат со секој што поседува оружје, муниција или динамит, но судовите мора да бидат надгледувани со цел да се намали ризикот од секаков вид злоупотреба“.

Каква била играта што ја воделе големите сили меѓу себе, а секогаш на штета на Македонија може да се види и од извештајот на Џорџ Ф. Бонам, британски дипломатски претставник во Белград, испратен исто така до државниот секретар Ленсдаун. Дипломатскиот извештај е направен на шести мај 1903 година: „Денеска водев разговор со рускиот дипломатски претставник, кој ме извести дека добил информација од грофот Ламздорф (министер за надворешни работи на Русија, н.з.), дека неодамнешните настани во Солун немале никакво влијание на претходните договори со Австрија во врска со реформите во Македонија. Тој ги сметаше диверзиите како последно средство на очајната група со цел да предизвикаат репресалии од страна на Портата, а потоа интервенција од страна на големите сили.“ Станува збор за познатите солунски атентати на гемиџиите. Според писмото на Алфред Билиоти, британски генерален конзул во Солун испратено на 16 мај 1903 година до Николас О’Конор, британски амбасадор во Константинопол, „единствениот начин за подобрување на големата криза во Македонија лежи во турските власти, кои треба да преземат соодветни мерки за уништување на четите а истовремено мора да казнат, со испраќање во прогон, еден или повеќе влијателни локални личности од секое село што е поврзано со четите“.

Британскиот генерален конзул во продолжение оди уште подалеку со својот монструозен предлог, барајќи воведување воена состојба, односно целосна „окупација на сите градови и поголеми села“, а истовремено препорачувајќи да се врбуваат доушници и соработници од христијанското, несловенско население, односно пред се Грци, кои, како доверливи лица, според него, ќе „формираат додатни селски чети и ќе дејствуваат како водачи на трупите во нивните села, општини или во казите“. Значи, едноставно, не дипломатски кажано, Британците сметале дека Турците треба да соработуваат со Грците за уништување на Македонците, барем во тој дел на Македонија, односно од Лерин до Серес. Сепак, најстрашно во овој дипломатски извештај звучи крајот во кој британскиот генерален конзул во Солун констатира дека „ доколку Турција треба да ја изгуби Македонија, тогаш на идната власт нема да и бидат оставени многу Македонци што ќе треба да ги преземе, бидејќи муслиманите, пред да си заминат, ќе спроведат кравава одмазда врз христијаните“.

Во последните пасуси на својот извештај, британскиот генерален конзул во Солун, доставува и список со бројна состојба на турските трупи во Солунскиот и Битолскиот вилает, околу 170 илјади војници, завршувајќи го писмото со тоа дека само „од неделата до средата од Солун се протерани 150 христијани“. Протерувањето на овие лица од градот е затоа што „немаат определено занимање во Солун“. Само десетина дена подоцна, Џорџ Бонам, британски дипломатски претставник во Белград, известува дека, според неколкумина негови соговорници, „родени Македонци“ што живеат во Белград, како што вели, „системот реформи што ги предлагаат Австро-Унгарија и Русија е недоволен“, но, и ако почне да се спроведува, неопходно е да се назначи „заедничка контрола од страна на големите сили“ а Велика Британија треба да го искористи тоа за да „воспостави трговска надмоќ“ на Балканот.

Во својот извештај Бонам го пренесува и „официјалниот“ став на Србија, кој, во основа, може да се сведи на тоа дека „најсилно противење е изразено за предлогот за Автономна држава Македонија“, но се прифаќа идејата за тоа „земјата да се подели меѓу трите нации што ја имаат окупирано пред турската инвазија, со исклучок на Русија и Австрија, односно Македонија треба да биде поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција“. Како што се доближува денот на македонското востание, извештаите што стигнуваат во Форин офисот во Лондон стануваат сж побројни, но и похаотични, а притоа главниот проблем на жестокоста на Турција кон христијанското население се лоцира во тајните игри на Русија, која игра дволична игра, како што се вели во некои извештаи, односно од една страна „преку некои свои конзули, како конзулот Ростоковски во Битола, го поттикнува населението на вооружен бунт“ а од друга страна тајно им ги предава на Турците сите информации за востанието до кои доаѓа преку дипломатско-конзуларните претставништва но и преку разузнавачките извештаи што ги испраќаат многубројните руски агенти на теренот.

Впрочем, познато е дека токму руската влада прва го известува султанот дека во Македонија се подготвува востание што ќе се активира на Илинден. Според извештајот на британскиот конзул во Софија од 21 јуни 1903 година, а за кој користи разузнавачки податоци од теренот, отворено „се зборува дека времето на востанието е одложено за два месеца, а тоа можеби се должи на потребата да им се даде на селаните време да завршат со жетвата. Сметам дека тие нема да се откажат од востанието или, пак, да ги прекинат неговите подготовки“.

Симпатии кон христијаните

На 10 јули 1903 година, значи дваесетина дена пред да почне востанието, британскиот дипломатски претставник во Виена, Ален Џонсон, испраќа строго доверливо писмо до својот државен секретар на надворешни работи Ленсдаун, во кое меѓу другото вели: „Овдешниот руски амбасадор, гроф Владимир Николаевич Капнист, вчера разговараше со мене за состојбата на Балканот. Амбасадорот ми кажа дека гроф Ламздорф наводно многу остро зборувал со турскиот амбасадор во Санкт Петербург, при што му рекол, дека од извештаите што ги добил од руските конзули на Балканот дознал дека, и покрај негирањето на турските власти, турските трупи вршат големи злосторства на теренот. Доколку таквите акции продолжат, тој (значи, Русија н.з.) нема да биде одговорен за ефектот што тие би го имале со Англија, Франција и Италија, а исто така и врз словенското население во Русија“.

Строго доверливиот извештај од јули завршува со една многу индикативна фраза која всушност е цитат од разговорот со рускиот амбасадор во Виена: „Грофот Капнист рече дека тој верува оти сите влади сакале мир, но некои индивидуалци, како британски така и американски, за жал, имале симпатии кон христијанското население во Македонија“, спомнувајќи го „грабнувањето на Мис Стон од бандитите“, кои, како што изјавил рускиот амбасадор, „било осмислено од нејзина страна, од страна на Мис Стон, за да им се овозможи на комитетите да го подигнат нејзиниот откуп“. Според рускиот амбасадор, доколку средствата на комитетите се истрошат, работите во Македонија постепено ќе се смират а тогаш Турците ќе бидат принудени да ги продолжат реформите, што ќе значи и продолжување на статус кво на Балканот. И површната анализа на овој извештај јасно ја маркира политиката на Русија, но и зголемениот интерес на Велика Британија за настаните во Македонија, во контекст на нивната меѓусебна пресметка зас влијание, а во полза на македонскиот народ.

Востаниците купуваат барут и фишеци од турската војска?!

Во полза на заинтересираноста за состојбите во Македонија на британската дипломатска и разузнавачка мрежа зборува и извештајот на Џејмс Мекгрегор од 2 август 1903 година, значи од денот кога официјално започнува Илинденското востание, иако тој не знаел дека токму тој ден востанието е веќе започнато, испратен до неговиот генерален конзул во Солун. Во извештајот меѓу другото се вели: „Следните детали во врска со планот на востаниците ми беа доставени од едно лице што имало можност да разговара со два члена што и припаѓале на четата на Арсов (војводата Слевејко Арсов, н.з.), кои сега се наоѓаат во Битола, откако поминале 40 дена обука во четата.

Луѓето што се вклучиле во востаничките сили се поделени во десет војнички групи, секоја составена од четири баталјони со по 800 луѓе, со други зборови, секоја група има вкупно 3.200 лица, а вкупната воена сила на востаниците во вилаетот е околу 32.000 војници, сите добро истренирани и вооружени. Се очекува знакот на општо востание да биде даден во првите десет дена од август со експлозии од динамит во Битола, а исто така да бидат фрлени и бомби од извесен број касапи што доброволно се пријавиле за оваа цел. Kако додаток на спомнатите детали, имам чест да ве известам дека според информации добиени од веродостоен извор, Сарафов со уште 12-14 лица се наоѓа во Смилево, каде што на 31-ви минатиот месец било однесено и знамето на Битолскиот револуционерен округ. Прилози за револуционерниот фронт, во пари и слично, се собираат речиси отворено од сите класи на населението, дури ни муслиманското население не ризикува да ги издаде собирачите, а полнењето на фишеците ја зголеми трговијата со барут, кој е набавуван и од војниците (?!) во количество до 12 и 14 оки одеднаш.

Еден селанец од Могила ми кажа дека во судирот на 22 мај кај Могила четата на Парашкев Цветков од турски војници купила 200 фишеци за своите мартинки.“ Истиот вицеконзул на 8 август до генералниот конзул во Солун испраќа известување дека „ два дена пред да избувне востанието во сите села биле испратени специјални агенти, а на 2 август се служеле црковни служби, во кои свечено била објавена револуцијата, а востаничките знамиња биле осветени од свештениците. Востанието е општо проширено во Битола, Ресен, Преспа, Охрид, Kичево, Kрушево, Kостур, Лерин и Мариово...“ Додека трае востанието, британските дипломати известуваат за случувањата, но својата дипломатска активност како да ја имаат насочено кон тоа што прави и мисли Русија, која во тоа време, според руски извори, секојдневно инсистира кај султанот востанието да биде жестоко задушено. Во тој контекст строго доверливиот извештај на Франсис Планкет, британски амбасадор во Виена, потврдува дека во разговорот со гроф Агенор Голуховски, министер за надворешни работи на Австро-Унгарија, добил потврда дека „Русија води двојна политика“, всушност на тоа „постојано се жали европската дипломатија“, но тој, Голуховски, верува дека „императорот и грофот Ламздорф, сепак се чесни и играат со отворени карти“, додавајќи дека меѓу хартиите на убиениот руски конзул во Битола наводно е најден извештај, кој не е испратен, а кој бил порачан од руската влада, во кој се тврди дека „голем број криминални дела биле извршени од востаниците а не од Турците“.

Во тоа не верува ниту султанот а зошто тоа и требало на Русија, може само да се нагодува. За жал, рускиот конзул Ростоковски бил убиен на осми август 1903 година, па никогаш не е разјаснета мистеријата на овој наводен извештај, кој требало да послужи за некаква руска дипломатска маневра или за додворување на Портата. Според Голуховски, имајќи го предвид тој извештај на Ростоковски, Австро-Унгарија не само што не е сигурна за релациите на Русија и Турција туку не е сигурна дека руската влада ќе биде во состојба цврсто да му се спротивстави на секое движење што ќе го преземе руското јавно мислење, кое масовно е наклонето кон христијанското население во Македонија.



http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=B18E4A79D3213340A806D4C4196957CA
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom