Ќе се снима филм за Цар Самоил

Да не има некаде конкурс да се пријавам за слеп војник , по шо на левото око имам диoптер -5 шо значи ништо не гледам , па би се жртвувал ако треба и да го извадат за филмска улога, може ке ми тргне со оваа професија :)
 
О и тоа како владее тиранија. Јас вчера напишав нешто за Самуил, но ми го избришаа, најверојатно пошо на некој идеолошки не му се допаѓало напишаното.
Како и да е ќе повторам уште еднаш тоа што напишав т.е. тоа што ние го учевме на школо пред некоја година, па кој сака нека си створи каква сака слика за тоа што е вистина и што било и како било пред 1000 и кусур години.
Значи Самуил наводно не бил Македонец, туку бил со Ерменски корени, а Василие бил по потекло од Макеоднија. Всушност Василие во една прилика му порачал на Самуил да не се крева против својот цар. Башка што ни името не е типично македонско или па славјанско. Накратко е тоа.

Јас прв пат бан на форумот јадев имаше отворено тема за македонството на лозата на Василие и поставив прашање кој е македонец Самоил или Василие и бан и закана за перманент.

Инаку еве предлог за саундтрак
Александар,Самоил да се надеваме на филм во што поскоро време и за нашиот Ѓорѓија Кастриот.Па нека п**нат душманите.
 
Колку шо бил Самоил Македонец толку и Скендербег бил Албанец и Аце бил Грк ама затоа едно е јасно и сигурно сите се Бугари.
Инаку филмов не ми прајт кејф воопшто ако е сниман како шо пишит во воведот ОК е да биде опфатен неговиот живот и тоа шо го направил на овие простори стварно може да се направи одличен филм мегутоа да се опишува на овој начин никако али од инает и лична сатисфакција ке ми е шо ке се нервираат Бугариве има да си каснат од таквото само заради тоа би го поддржал снимањето на филмов.
 
филм ко филм........пошто сигурно нема да погодат поента или пак да има врска со историјата што навистина се случила,подобро нека биде со “хепи енд“ Цар Самоил победи,а Македонија подоцна се прошири до Пиринеите на запад,а до Персија на исток..........со еден збор “ако биди да биди “ :sneaky:
 
Баш би сакал филмот да се снима на тој или тие јазици во тоа време кога се зборувало ...ви текнува филмот на Мел Гибсон, Исус или Апокалиптико ... едноставно добивате чуство и звук за тоа време како било ... Еве мој предлог :) ... Што мислите ?! Дали се може да се направи ?!
 
не го бива човеков за Цар Самоил ? Кога веќе го нема Колозов :unsure:
maxresdefault.jpg
 
За физички изглед добар е ,но има мек некако карактер ... Нема некако агресивност во себе да може да го долови карактерот ... Искрено,не е мој избор ..
 
Филмо негов во 2014та доби 30 милиони денари и типацот не се знај што направи со копродукции од каде има како има, наводно зборуваа за Србија, Америка, Англија и Канада, нема никаква најава што, како и кога ќе снима.
 
не го бива човеков за Цар Самоил ? Кога веќе го нема Колозов :unsure:
maxresdefault.jpg
Нема шанси поарно Владо Јовановски во таа улога макар што прва асоцијација за цар секогаш ми е Колозов ама тоа е :( Имам предлог да го пронајдат и да го натерат Иван Каровски да ја игра таа улога
28246-7c466f4d22e4ac2267f84ce071dafbd2.jpg

Напомена сликава е многу стара :)
 
мислам дека од есен или сега летово ќе се снима.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom