LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    291
Дали некој примети дека Саид го уби тој командосот што во риал тајм ја уби ќерката на Бен?
 
Што? Изгледа заборави дека Фарадеј не ги доби ТИЕ инструкции од мајка му. Фарадеј беше во Ен Арбор во 1977та година, каде што самиот (веројатно истражувајќи) ја добил таа идеја.

Ете го одговорот. Нема никаква дупка во сценарио. Како Елоиз ќе дознае дека не може да се смени минатото/иднината веројатно ќе дознаеме во финалево! (она со бомбата дефинитивно нема да биде успешно, според мое мислење)
Она што сакаше да го каже е дека мајката на Фарадеј веќе го поминала тоа во минатото, значи, таа и да не инсистирала, го испратила нејзиниот син знаејќи дека тој ќе умре и не го спречи.

Јас мислам дека сега во финалево ќе ја покажат статуата и ќе го видиме на неа ликот на Џек, пошокантно од ова не верувам нешто да се прави со статуата.
Кејт ми е крајно глупав лик, одсекогаш ми била, де ваму, де таму, не игра некоја важна улога.
 
Дали некој примети дека Саид го уби тој командосот што во риал тајм ја уби ќерката на Бен?
Тоа не е возможно бидејќи тие луѓе за кои што ти зборуваш беа убиени лани во финалето. :vozbud:
 
Она што сакаше да го каже е дека мајката на Фарадеј веќе го поминала тоа во минатото, значи, таа и да не инсистирала, го испратила нејзиниот син знаејќи дека тој ќе умре и не го спречи.

Јас мислам дека сега во финалево ќе ја покажат статуата и ќе го видиме на неа ликот на Џек, пошокантно од ова не верувам нешто да се прави со статуата.
Кејт ми е крајно глупав лик, одсекогаш ми била, де ваму, де таму, не игра некоја важна улога.
Да, ама Ели не му го наметнала тоа мислење на Фарадеј, нели? ;)
Кејт навистина станува досадна, а статуата нема шанса да испадне некој од ликовиве. Или барем така мислам... :tapp:

Абе ти која серија ја гледаш? Очајни домаќинки?
Дај објасни што мислеше со ова. :toe: Ме мрзи сега да се думам.
 
На кој му треба македонски превод за епизодава нека пише порака, ќе му дадам линк. Или нека го посети мојот блог, сеедно.
 
Серијава од сезона во сезона е се полоша и полоша, мислам дека 5-тава сезона го допре дното. Ја гледам само затоа што сум зависен од истата, но свесен сум дека е нула во споредба со првите две сезони. Како што рече некој над мене, сценаристите не знаат веќе што да прават со себе, се плашам дека ќе им треба една цела сезона за да ги објаснат сите небулози кои ги проткаа низ текот на годиниве.
 
Премногу маркетинг книги читале сценаристите.

Па решиле дека со тактика "збунити непријатеља" и тотално дезориентирање на гледачот,ќе можат да си ги решат сценариските тешкотии.

Да доловам пример.
Елоиз го прати Фарадеј, иако знаеше дека он ќе умре.
Сценариски многу драматично.

Проблем.

Логиката не води сами да заклучиме дека, иако она знаеше дека ќе умре, знаела и дека тоа е единствениот начин да она поверува и да одат со Џек да сменат нешто.
Но, ако ја развиеме и понатаму оваа теорија...

Како по ѓаволите она знаела дека ќе сменат нешто, ако она е од таа несменетата иднина?

Ако она знаела нешто, тоа е само дека ќе го застрела Даниел, дека ќе оди со Џек и дека што и да направат, пак исто срање ќе искочи.
Бидејќи нели, она е од нашата, несменета иднина.

И како може она со стратегија what happened, let's repeat it...да смени нешто?

Дали е она глупа како лик, сценаристите се глупи, или ние конечно дозволивме да не мрдне серијата?

Чекам ваши гледишта за изнесеново, ми се смачи да читам само теории.
Да правиме малце контра-теории.

Точно така, добра поента. Таа веќе го убила Фарадеј, па го испраќа иако знае дека ќе го убие повторно и ќе се случат истите работи кои понатаму се случиле.

Единствено логично што ми паѓа на памет е дека таа сака да се случи се што се случило, или се плаши (знае) дека ако го спречат тоа што се случило, алтернативата може да е далеку полоша (за некого). Ако сакала да промени нешто, требаше да го убеди Фарадеј да не се враќа, па ќе немаше кој да им ја даде идејата на оние Изгубените да ја активираат бомбата.

Логично, ако веќе има некаква логика во оваа серија, Елоиз сака да ја активира бомбата или ако не барем да се случат некои настани кои се случиле по смртта на Фарадеј.

Ако не е тоа, останува тоа дека или таа е глуп лик, сценаристите се глупи и така... Во едно интервју тие изјавија дека нивната публика е попаметна од нив, па не би ме чудило ако оплескале нешто.

Инаку кога сме кај “сценските ефекти“, чисто од такви причини Лок му кажа на Бен дека оди да го убие Џејкоб. Мислам, Лок до сега требаше да свати дека Бен е последниот човек на кој треба да му се кажуваат такви работи. Ама крај на епизодата беше и мораше да се каже нешто возбудливо...
 
На кој му треба македонски превод за епизодава нека пише порака, ќе му дадам линк. Или нека го посети мојот блог, сеедно.

jas sakam..:smir:

moze nekoj da objasni taka vo kratki crti stoe e poentata na celiot film..sto vsusnost..se raskazuva celo vreme od so nesto ne mi e bas naj naj jasno a me mrzi da gi 4itam site stratni mn se 216..pa ako saka nekoj taka vo kratki crti da pojasni..:smir::smir::smir:
 
:pos2: Верувај да знаевме ќе ти кажевме.

Мој совет ти е download на сите сезони и почни од прва епизода. Јас ги изгледав така првите две сезони во 2 недели и далеку е подобро тоа одколку ова чекањето по недела - две да видиме што ќе се случи наредно. А и сега забораваме работи што се случиле, ако ја гледаш серијата турбо секој ден нема шанси да заборавиш и полесно ќе ти е да ги разбереш работите.
 
Дали некој примети дека Саид го уби тој командосот што во риал тајм ја уби ќерката на Бен?

Oвој ја уби ќерката на Бен.

Овој беше убиен од Саид.

Сепак, ако мислиш на командосот што беше убиен во последната епизода, пред Кејт да го напушти на Џек, кога он се реши да нурне во водата и да оди кај бомбата.
 
Да да, некако ептен ми се слични мислам дека се работи за истата особа:toe:
 
Премногу маркетинг книги читале сценаристите.

Па решиле дека со тактика "збунити непријатеља" и тотално дезориентирање на гледачот,ќе можат да си ги решат сценариските тешкотии.

Да доловам пример.
Елоиз го прати Фарадеј, иако знаеше дека он ќе умре.
Сценариски многу драматично.

Проблем.

Логиката не води сами да заклучиме дека, иако она знаеше дека ќе умре, знаела и дека тоа е единствениот начин да она поверува и да одат со Џек да сменат нешто.
Но, ако ја развиеме и понатаму оваа теорија...

Како по ѓаволите она знаела дека ќе сменат нешто, ако она е од таа несменетата иднина?

Ако она знаела нешто, тоа е само дека ќе го застрела Даниел, дека ќе оди со Џек и дека што и да направат, пак исто срање ќе искочи.
Бидејќи нели, она е од нашата, несменета иднина.

И како може она со стратегија what happened, let's repeat it...да смени нешто?

Дали е она глупа како лик, сценаристите се глупи, или ние конечно дозволивме да не мрдне серијата?

Чекам ваши гледишта за изнесеново, ми се смачи да читам само теории.
Да правиме малце контра-теории.

Мислам дека ги потцени продуцентите на Lost. Сето ова што го напиша би било точно доколку старата Елоиз Хоукинг би била истата онаа млада девојка со ентузијазам да ја промени иднината. Таа е остарена, и помирена со фактот дека whatever hapenned, hapenned. А наскоро, ќе видиме и зошто.

А ако не видиме, твоево држи вода, и јас на тоа помислив.

А можно е Фарадеј да ги знаеше случките кои ќе се случат, бидејќи како што знаеше некои прости работи како што е точното време на пристигнување на Др. Ченг пред Орхидеата, 100 посто знаеше и дека ќе умре. Во спротивно, како на научник како него, му се потребни 3 години во Ан Арбор за да сфати дека во равенка освен константи има и вариабли и тоа се луѓето со своја сопствена волја. Едно гледање на Back to the Future ќе ти го покажи тоа. Значи Фарадеј знаеше што ќе се случи, и се помири со тоа, бидејќи тоа беше единствен начин да работите се одиграат како што треба да се одиграат. Нема бегање од тоа. Значи со смртта на Фарадеј и со разгорувањето на жарчето Free will кај Џек итн. се случи инцидентот и пак се враќаме на старото Destiny.
 
Oвој ја уби ќерката на Бен.

Овој беше убиен од Саид.

Сепак, ако мислиш на командосот што беше убиен во последната епизода, пред Кејт да го напушти на Џек, кога он се реши да нурне во водата и да оди кај бомбата.
Ако гледаме колку е стар Видмор кога се пратени тие командоси, и дека во минатото се скоро на иста возраст, ваљда очекувано и тој да биде стар колку Видмор, не помлад 20 години. Само некоја сличност, не верувам да е ист човек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom