АЛАРМАНТНО | Кодирањето новороденчиња во Европа започнува од мај 2014 година?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dexter26
  • Време на започнување Време на започнување
добро ај вас ве мрзи малку од малку да прогуглате колку е веродостојна статијата, ама за онакви ретардирани портали шо објавуват секакви глупости не знам шо да мислам

Ваквите вести и статии се како скрининг за откривање на рани симптоми на параноидна шизофренија. На какви глупости паѓате, тоа е чудо едно.
Оваа страница е на Џокси, видете само какви глупости објавува, не можам да се одлучам дали реално верува во нив и нешто му фали или само ја открил тајната на привлекување на малоумна публика која клика на шокантни наслови и ќе му донесе посети за да ќари некој денар.

Оригиналната статија е навистина објавена од Coriere di Roma. Еве ви и линк: http://www.corrierediroma.it/2013/12/microchip-obbligatorio-per-tutti-i-neonati-da-maggio-2014/
Значи нашиов сајт само ја презема статијата од таму, ништо не измислува.

Он-топик: ако е вистина, ова е дефинитивно почеток на крајот, стартот на апокалипсата... Па ко преживи, причаче.
 
ме терате линкој да ви барам а сакам фудбалот да го глеам. Еве ви колку е точен текстот,а вие пак играјте си бајрам со умо

И добро де така нека биди. И зошто се крена толку паника?
Јас пак да си прашам.
Се загриживте за здравјето, за околината, за шетањето.
Што конкретно толку ве исплаши?
 
Оригиналната статија е навистина објавена од Coriere di Roma. Еве ви и линк: http://www.corrierediroma.it/2013/12/microchip-obbligatorio-per-tutti-i-neonati-da-maggio-2014/
Значи нашиов сајт само ја презема статијата од таму, ништо не измислува.

Он-топик: ако е вистина, ова е дефинитивно почеток на крајот, стартот на апокалипсата... Па ко преживи, причаче.

Па шо ако е преземена, тоа италијанското е исто сенационалистички блог кој или има некоја пропагандна цел и кешира на луди и глупави. Исто е преземено од нашите андерграунд блогови кои молат за лајк и посета на страницата со лажна вест.
Какво пореметување имаш за да помислиш дека веста е вистина, не само како идеја, туку и дека навистина па баш од мај ќе се чипираат бебињата?

Дури некои коментирале дека ова било остварување на новиот светски поредок. Свашта.
 
И добро де така нека биди. И зошто се крена толку паника?
Јас пак да си прашам.
Се загриживте за здравјето, за околината, за шетањето.
Што конкретно толку ве исплаши?

се загриживме да не не' откриете нас масоните,толку години се криевме.
не ме исплаши мене ништо, само многу ме иритират вакви сензационалистички вести и некој да си крева читаност на весници/портали
 
Добро ете да речеме дека е вистина?
Каков став би завзел во врска со тоа.
Јас искрено би немал ништо против, баш напротив.
Онака колку да се знае.
 
А зошто мислиш дека јас или ти или било кој индивидуалец е битен па некое "тајно друштво" да им вградува чипој и да ги прати? Кој сум јас па некој мене да ме прати,кој е тој шо го заболе за мене? Ако толку се уплашивте од чипојте, ве советувам од овај момент низ џам да ги исфрлите мобилните,лаптопите,кредитните картички пошто тие се и поќе од доволни да знајш се шо сакаш да знајш за било кој
 
Ако ова профункционира како што треба (не велам дека ќе нема ујдурми), би требало криминалот да се намали за 90% на светско ниво.
 
Јас реков дека немам ништо против, баш напротив сум за да се вградуваат чипови и во деца и во постари луѓе.
И не е прашањето дали тебе или мене некој не прашува, туку твојот став во врска со тоа. Сигурно имаш став за нешто без разлика дали тебе некој те прашал или не.
--- надополнето: 2 февруари 2014 во 23:04 ---
Ако ова профункционира како што треба (не велам дека ќе нема ујдурми), би требало криминалот да се намали за 90% на светско ниво.

Искрено за некој нормален човек со нормален живот не гледам никаква негативна последица. Сега ако некој е влезен во филм дека им е толку интересен на големиот брат тоа е друга работа.
 
Јас реков дека немам ништо против, баш напротив сум за да се вградуваат чипови и во деца и во постари луѓе.
И не е прашањето дали тебе или мене некој не прашува, туку твојот став во врска со тоа. Сигурно имаш став за нешто без разлика дали тебе некој те прашал или не.

Види го чуден чоек...
зошто ти е,статистика водиш? Зошто да имам мислење за нешто шо некој го измислил за да си прај мајтап со лековерните? немам став,не ми текнало со то да се замарам
 
Де бе како којзнае што да те прашав, господ да чува.
Инаку онака хипотетички беше прашањето, што би било кога би било а не за сајтот или за лековерните.
 
Ироничното е што баш вакви ирационални стравови од "омнипотентни", супериорни, all-knowing ентитети (најчесто тајни друштва и влади во сенка во нашево секуларно општество), е веројатно најефективниот метод, досега измислен, за контрола врз активностите на членовите на едно организирано општество.

Или штознам, можда чипот во мене збори.
 
Па шо ако е преземена, тоа италијанското е исто сенационалистички блог кој или има некоја пропагандна цел и кешира на луди и глупави. Исто е преземено од нашите андерграунд блогови кои молат за лајк и посета на страницата со лажна вест.
Какво пореметување имаш за да помислиш дека веста е вистина, не само како идеја, туку и дека навистина па баш од мај ќе се чипираат бебињата?

Дури некои коментирале дека ова било остварување на новиот светски поредок. Свашта.

Очигледно не се разбравме - не реков јас дека е вистина. ;)
 
Како денес се сеќавам кога со пријатели пред 6-7 години разговаравме дека во Библијата е пишано дека почетокот на крајот ќе биде кога ќе се жигосуваат луѓето. Еве на прагот ни е и тоа.
 
„Крајот на светот ќе дојде кога ќе започне жигосувањето на луѓето“ - The stupid Bible. О мој глуп народе, зошто во се и сешто мора да вмешуваш религија?! Бетер сте од некогашните луѓе кои верувале во богови за сите природни појави..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom