“Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе не исчисти од сета неправедност.” (1. Јован 1:9)
„Не е ваше да ги знаете времињата или годините,
што Отецот ги задржал во Своја власт;
но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух;
и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја
и Самарија, и дури до крајот на земјата.”
И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа, Он се подигна,
и облак Го подзеде од пред очите нивни.
И додека гледаа кон небото, кога се вознесуваше Он,
одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека,
и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото,
ќе дојде пак по истиот начин,
како што Го видовте да оди на небото.”
Матеј 7: 21 Не секој што Ми велиi: ‚Господи Господи, ќе влезе во Царството Небесно, туку оној што ја исполнува вољата на мојот Отец Небесе. 22 Мнозина ќе Ми речат во оној ден, Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое Име демоне не изгонувавме? И нели во Твое Име чуда правевме? 23 И тогаш Јас ќе им кажам: Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела! [DOUBLEPOST=1401538478][/DOUBLEPOST]
Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна:
»Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството,
приготвено за вас од почетокот на светот;
оти, гладен бев и Ми дадовте да јадам;
жеден бев и Ме напоивте,
странец бев и Ме примивте;
необлечен бев и Ме облековте;
болен бев и Ме посетивте;
во затвор бев и дојдовте при Мене.«
Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат:
»Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме,
или жеден и Те напоивме?
Кога Те видовме странец и Те прибравме,
или необлечен и Те облековме?
Кога Те видовме болен, или во затвор, и Те посетивме?«
А Царот ќе им одговори и рече:
»Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.«
Исус му одговори и рече:
„Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?” И како покажа со рака на учениците Свои, рече: „Еве ја Мојата мајка и еве ги Моите браќа. Зашто кој ја исполнува Волјата на Мојот Небесен Отец, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”
(Ев.Матеј 12:48+)
Како послушни чеда, не постапувајте според
поранешните похоти, кога бевте во незнаење. Но, по примерот на Светецот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во сите ваши постапки. Оти е напишано: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.”
.
Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака,
или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на мамона!
(Ев.Лука 16:13+)
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.