Црни точки во видот (eye floaters)

  • Креатор на темата Креатор на темата galaxy
  • Време на започнување Време на започнување
Од коа ги имам си мислев дека нешто лошо е, многу пати сакав да одам да посетам лекар ама еве пред малку ја открив мистеријава на youtube, случајно и се вратив на кајгана да видам дали има некој ваков проблем. Иначе заебано е, ама и интересно е, ги летам како азмани коа ми е досадно... :facepalm::icon_lol:
 
Од коа ги имам си мислев дека нешто лошо е, многу пати сакав да одам да посетам лекар ама еве пред малку ја открив мистеријава на youtube, случајно и се вратив на кајгана да видам дали има некој ваков проблем. Иначе заебано е, ама и интересно е, ги летам како азмани коа ми е досадно... :facepalm::icon_lol:
Па и не дека е нешто добро :)
Се си има цена.. кога ти е досадно ги леташ, ама и кога не ти е досадно ти летаат :D
 
Во видот ми се појавија т.н Eye Floaters (летечки мушички). Бев на контрола, и констатирано беше дека немам никакви други проблеми со видот. Очниот лекар ми рече дека летечките мушички во видот не се лечат, и дека можно е да исчезнат со текот на времето. Моментално многу ми сметаат во секојдневната работа, и понекогаш неможам да се сконцентрирам и да се фокусирам со видот. Дали има некој третман за овој проблем кај нас во МК? Колку од младите го имаат овој проблем? Нормално ли е на 26 години да се дегенерира стаклестото тело на окото?

Еве оваа слика е најблиску до тоа како изгледаат моите флоутери:

Eye-Floaters.jpg



Знам дека има 3 решенија за проблемот:

1. Игнорирање, што е многу тешко
2. Ласерска операција, релативно безбедна, скапа и не гарантира успех, плус само неколку доктори во светот ја практикуваат.
3. Витректомија, вклучува многу ризици, гарантира долгорочно решение, меѓутоа малку доктори не се согласуваат да ја направат оваа операција само за опацитети во витреалното тело на окото (floaters) особено кај мплади пациенти.

За уште повеќе информации, на пример, алтернативни третмани, селосни и детални стории на луѓе што направиле витректомија или ласерка операција, совети за справување со овој синдром и многу други корисни информации, ова е најголемиот форум на светот за тие што патат од т.н. Degenerative Vitreous Syndrome или по наше мушички, ама сериозни: http://floatertalk.yuku.com/.

На овој форум исто се дискутира за можните причинители има многу теории за тоа, нажалост ништо не е потврдено од научниот свет, заради тоа што истражувачите и докторите не ги интересира овие навидум, бенигни и нештетни промени во окото. Меѓутоа, многу луѓе имаат сериозни практични проблеми, неможат да читаат, работат на компјутер, да се сконцентрираат, стануваат депресивни итн итн. Затоа http://www.oneclearvision.org/ има за цел да ја подигне свеста во научниот свет за овој проблем и да иницира нови истражувања за да се најде лек со кој би се избегнала хирушка интервенција.
 
Дали некој од вас ги има ?
Јас ги имам некое време бев и на очен лекар но ми кажа дека не биле опасни а зошто се јавуваат не знаеше да ми објасни
На нет читав дека навистина не се опасни но знаат да бидат досадни,некои велат со тек на време сами исчезнуваат
Ако имате искуства ве молам пишете

http://www.webmd.com/eye-health/benign-eye-floaters

search
 
Јас ги имам одсекогаш и кога е сончево или кога има снег знаат да ми сметаат.
 
И ја ги имам, не дека ми сметаат ама досадни се. Кога гледам у нешто светло тогаш се појавуваат или кога ќе се сконцентрирам само на една точка и одма летаат, никогаш неможеш да ги фатиш на средина, тоа е зафркнато пошто секогаш бегаат. :icon_mrgr:
 
И јас ги имам од кога паметам, па досега што сум бил на очен никој ништо не ми рекол - ни дали се опасни, ни дали се безопасни :) .

А најмногу ме нервира тоа што никогаш не стојат на место туку бегаат :mad:
 
И јас ги имам,дури и кога ќе легнам уморен,или кога ќе легнам касно,кога ќе затворам очи ме нервираат многу,цело време летаат од едно во друго ќоше..:D не сум прашал лекар за нив,мислев е нормално...и имам проблем и со темнење,кога станувам нагло,незнам зошто...а се хранам здраво,физички сум активен,не пијам,не пушам..:)
 
Знам прв пат убаво ги забележав во 6-7 одд. кога ме испрашуваа хемија, се загледав надвор, ги забележав и Румена по хемија ми рече: Надвор изгледа дека ќе доаѓа зимо, а тука ми изгледа дека ќе ставам единица :). Јас си седнав и не ми беши ниту малку гајле за единицата, туку за нешто ново во мојот живот... :( Упм, почнуваат се повеќе и повеќе да ми пречат...
 
Ги имам уште од порано, ама поселдниве месеци ги има се повеќе?
Ми сметаат кога гледам во табла, многу ме нервираат. Ги имам во разни форми, топчинја, линии... Дали има некои други што многу им сметаат и дали сте превзеле некои мерки?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom