Мене веќе некое време ме мачи името на една серија, да не речам сон не ми дава.
Калифорнизација.
Да не требаше да биди случајно Калифорникација.
И што е разликата воопшто помеѓу двете.
Калифорнизација е употребено правилно, по аналогија на други зборови кои означуваат некој процес, како на пример локализација, глобализација.
Калифорнизација е инаку општоприфатен поим кој означува начин на размислување и начин на живеење-кога луѓето, каде и да се, сакаат да се однесуваат и да живеат како да се во Калифорнија, да одат на шопинг, во ресторани, салони за убавина... Поинаку кажано, поимот означува еден површен пристап кон животот, банализиран, сведен на хедонизам и вклопен во наметнатите шаблони на потрошувачкото општество.
Се употребува и за да се објасни банализирање на некоја работа, сведување на нештата на надворешен изглед и профит, на пр. кога се вели „калифорнизација на религијата“ или „калифорнизација на уметноста“...