Кој е најдобриот совет кој би му го дале на своето дете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Како резултат на сето ова сега имаат син наркоман кој слуша пост панк музика (не сум озбилен за последново :P)

Значи само наркоман си? :D

Инаку ваљда тргајќи од моите проблеми кои не се така големи, а кои се однесуваат на тоа дека сакам да ме остават на моменти да се изградам како индивидуална, независна особа и да намалат со обидите да го живеат мојот живот односно да го контролираат секој сегмент од моето живеење, мој совет би бил од сегашна перспектива да no matter what, бидат слободни, уникатни и свои. Да не потпаѓаат под конвенционалните дефиниции и рамки за тоа како треба една особа да биде среќна, да изгледа, да се однесува, туку да се обидат да си тераат по нивно и да си тераат нивни филм и да го прават она што нив ги исполнува и ги прави среќни, во границите на разумното се разбира.
 
Да не дозволи лошите искуства во животот да го направат лош човек,да простува,да споделува,да сочувствува.
 
не прај 2 годишен па ни 1 годишен со оне..... абе 100 денари кредит не ставај хохштаплери
 
како оној вицот што е
Умира татко на постела, цела фамилија околу него, последни негови зброви да се слушнат...
и таткото прашува “Синко, тука ли си?“. Синот вика “да татко тука сум.“ “А сестра ти?“ прашува таткото. “Тука е и сестра ми“ одговара синот. 'А мајкати тука ли е?“ пак прашува таткото, и мајката се јавува, вика “тука сме муже, сите сме околу тебе“
“Па зашто гори сијалицата у дневната соба?“ прашува таткото и умира. :)
И така таткото му го дал најдобриот совет на своето семејство. :D
 
Родителите може да му ги посочат основните принципи во животот, а кој пат ќе го чекори детето самото си одбира.
Јас можам да го научам сам да си ги врзува врвците на патиките и да јаде со лажица, а надвор од дома што прави кој го гледа.
Сакам само да му кажам дека родителот му е "најдобар другар", дека никој поискрен совет неможе да му даде.
Ќе му кажам дека живее во лошо време, и дека на неговите деца времето ќе биде уште полошо.
Ќе го замолам за негово добро да го задржи традиционалниот семеен живот, да му се радува на семејството и да си го цени.
Да не се дружи со деликвенти, наркомани, педери, пијаници.
Да не се активира по невладини организации финансирани од Сорос, а и да не гледа Сител.
Ќе се трудам да работам и да им ги задоволам сите основни потреби на децата, да не бидат гладни, да не одат со крпени алишта, 10 дена во годината да отидат на одмор, меѓутоа да знаат дека тоа важи додека се школуваат, после тоа секој сам да си се снаоѓа во животот.
Да одбегнуваат луѓе што ја потценуваат црквата, оти уште таа остана како позитивна ствар која проповеда морални вредности кои што се губат во модерниов свет, иако моментално ја раководат љубители на луксузни џипови.
Секој поминат момент со детето додека расте е подарок за него.
 
Транзиционо, било кој "животен" "чесен" совет учи, биди добар, не кради да му го даваш првин и сам треба да се убедиш дека е така па да го убедиш дека е тоа клуч за достоинствен живот па да го изолираш и од околината. Реалноста го учи на сосем спротивното.
Едино тоа клишето дрога цигара и ракија, ако имаш куќа со двор, сади сине домашна храна, не гледај многу во сонцето гладен.
 
Да се биде родител воопшто не е лесна задача. Напротив, да се биде родител е една од најтешките улоги кои човекот ги има во текот на неговиот живот.
Непроспиени ноќи, болести, хранење, облекување итн., се само дел од тоа што значи да се биде родител. Сепак, сите се согласуваат дека добивањето дете комплетно го менува животот.

Кога ќе порасне детето, веќе родителот повеќе се посветува на воспитувањето, да му помогне на детето “да тргне по добар пат“ и да стане добар човек. Некои успеваат во тоа, некои не.

Кога би имале дете или кога ќе имате дете, што мислите која е најважната лекција која треба да ја научи и кон што ќе го насочувате?
Кој е најдобриот совет или најдобрите совети кои би му ги дале на своето дете?

Дали можеби ќе пренесете совети што вашите родители ви ги давале на вас?

Може и да се направи паралела со вашите родители, кој е најдобриот совет кој сте го добиле од нив?

Вие кои веќе сте родители исто може да се вклучите во темава и да одговорите кој е најдобриот совет што сте му го дале на своето дете и дали успешно ви оди советувањето и воспитувањето на децата во однос на нивниот карактер.

Да е*е само македонки.
 
Би му дала совет на своите деца пред се да се борат за она што го сакат, да бидат искрени пред се кон самите себеси , да го прифатат секој пораз , да не се предава од самата желба кон животот а пред се да не дозволуваат некој да ги прегази , а најмногу би му дал совет да ги сакаат лугето и пред да почнат да му веруват да проверат дали навистина треба да веруват .
 
За мене е најбитно да го научам да се почитува себе.
Ако научи да се почитува себе, тогаш ќе се бори за себе, нема да дозволи никој да го/ја гази и секогаш ќе биде со крената глава.
Најголемите грешки во животот се прават кога не се почитува човек доволно себе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom