Знам дека купија апартмани во Милано и дека од таму дојде хајпот. Ама веќе неколку пати не само Марота или Конте туку и други членови на управата на Интер ги демантираа гласините. Не велам ништо од финансиски аспект, имаат пари за трансфери, ама очигледно сакаат да ги потрошат на други засилувања. А и без да го потценувам Интер како клуб не верувам дека Меси би ги избрал за дестинација во овој момент. Ако замине од Барселона главен мотив му е да освои ЛШ барем уште еднаш. Така да веројатно би одел на посигурна варијанта како Манчестер Сити или ПСЖ, кои секоја година се во конкуренција ама до сега не успеваат. Не верувам да експериментира со клуб кој сега започнува да гради проект и уште е прашање дали ќе биде успешен тој проект.