Политеизам во Библијата!?

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
Зборуваме за БОГОВИ. Не за ангели не за демони не за вештерки дракули вампири СДСМовци... за се си има назив, конкретно во Библијата како БОГОВИ се споменуваат и други, дека ги има дека постојат:

24 Зар не е твое она што твојот бог Хемос им го одзеде на старите сопственици? Така и се она што Господ, нашиот Бог, им го одзеде на старите сопственици, ние го имаме сега во сопственост!
Судии 11

5 Бидејќи познав, дека Господ е велик, и дека нашиот Господ е над сите богови
Псалм 134

2 Славете Го Бога на боговите, зашто е вечна милоста Негова.
Псалм 135

25 Господ Саваот, Бог Израилев, вели: еве, Јас ќе го посетам Амона, кој живее во Ноф, Фараонот и Египет, боговите негови и царевите негови, Фараонот и оние што се надеваат во него
Еремија 46

14 И не клањајте се на други богови освен на Господа, бидејќи името Негови е ревниво; Он е Бог ревнител.
Излез 34

14 Не одете по други богови, богови на оние народи, што ќе бидат околу вас;

Второзаконие 6

Ама ти не разбираш дека поимот за ангели и богови е еден ист. Второ, ангелите кои паднале и одбиле послушност станале демони, значи тие биле ангели, тоест богови.

stvar vezana za stvaranje anđela je njihovo stanje kada su stvoreni: stvoreni su sveti, sa mogućnošću da izaberu suprotno (Mk.8:38; Juda 6).Mogućnost da izaberu suprotno znači sposobnost da izaberu suprotno njihovoj prirodi. Imali su sposobnost da donesu izbor koji neće biti svet, što je jedna trećina njih i uradila i oni su postalidemoni. Druge dve trećine su kasnije potvrdile svoju svetost, pa više nisu mogli da izaberu greh, više nisu imali mogućnost suprotnog izbora.
 
Ама ти не разбираш дека поимот за ангели и богови е еден ист. Второ, ангелите кои паднале и одбиле послушност станале демони, значи тие биле ангели, тоест богови.

Не значи и никаде така не е кажано во библијата дека ангелите се богови туку спротивно тие се подредени и пониски од богови
12 Како падна од небото Деницо (Светлоносецу), сине Зорин? Како ли си симнат на земјата ти, угнетувачу на народите?
13 Зборуваше во своето срце: ‘Ќе се искачам на небесата, над Божјите ѕвезди ќе си издигнам престол за себе. На собирната гора ќе престолувам, на краен север.
14 Ќе се искачам во облачните висини, ќе бидам еднаков со Севишниот.
Исаја 14
Луцифер беше ангел кој САКАШЕ да стане еднаков со Бог и затоа е протеран и исфрлен од небесите. Никогаш не бил Бог. Тоа значи дека сите други ангели исто така не се еднакви со Севишниот.
 
vo biblijata nikade nema da najdes citat kade sto isus licno potencira deka treba da ja sledite ovaa kniga, bidekji mnogu godini posle nego e napisana.
vo nea mnogu bogovi se spomnati.
a nikade ne se spomnuva deka isus e bog.
 
Не значи и никаде така не е кажано во библијата дека ангелите се богови туку спротивно тие се подредени и пониски од богови
.

Значи станува недоразбирање поради преводот.

Drugi naziv je sinovi Božiji. Taj naziv je isključivo vezan za Stari zavet. Na jevrejskom on glasi
bnei elohim. U Starom zavetu, termin sinovi Božiji se uvek nalazi u množini i uvek se odnosi na anđele (Post. 6:2, 4; Jov 1:6; 2:1;38:7).

Elohim (אֱלֹהִ֔ים) is a grammatically singular or plural noun for "god" or "gods" in both modern and ancient Hebrew language.

Еве пример
ЈОВ
Глава 1

6 Еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Бога, а меѓу нив пристапи и Сатаната.

Значи синовите божји се мисли на ангелите.
 
Зборуваме за БОГОВИ. Не за ангели не за демони не за вештерки дракули вампири СДСМовци... за се си има назив, конкретно во Библијата како БОГОВИ се споменуваат и други, дека ги има дека постојат:

24 Зар не е твое она што твојот бог Хемос им го одзеде на старите сопственици? Така и се она што Господ, нашиот Бог, им го одзеде на старите сопственици, ние го имаме сега во сопственост!
Судии 11

5 Бидејќи познав, дека Господ е велик, и дека нашиот Господ е над сите богови
Псалм 134

2 Славете Го Бога на боговите, зашто е вечна милоста Негова.
Псалм 135

25 Господ Саваот, Бог Израилев, вели: еве, Јас ќе го посетам Амона, кој живее во Ноф, Фараонот и Египет, боговите негови и царевите негови, Фараонот и оние што се надеваат во него
Еремија 46

14 И не клањајте се на други богови освен на Господа, бидејќи името Негови е ревниво; Он е Бог ревнител.
Излез 34

14 Не одете по други богови, богови на оние народи, што ќе бидат околу вас;

Второзаконие 6

Јас барем колку што се разбирам за сите инстанци кои ги наведе се работи за „лажни“ богови т.е сите освен „нашиот“ се лажни т.е на нашиот бог му е „поголем“ од вашиот. Не ја викаат за џабе монотеистичка религија. Контрадикиции можеш да најдеш и можеш да измислиш ама тоа е веќе друга тема.
 
A кога за Јахве велат дека е најголем од сите богови - велат дека е најголем меѓу лажните богови?
 
A кога за Јахве велат дека е најголем од сите богови - велат дека е најголем меѓу лажните богови?

Не знам дали се разбираме. Барем јас како што го интерпретирам можно е и да грешам ,но мојата интерпретација е следнава.
Јахве(или како и да се вика) е најголем поради што другите богови се лажни т.е не постојат само он е вистински сите други се само идоли или фантазија/заблуда.
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 13:53 ---
П.С Или поилустративно ако земеш сам да го кршиш лебот само кај тебе може да се падне паричката. Во глобала ова барем според мене ти е пример за класичен монопол. :D
 
Во библијата се вели и дека Јахве е на чело на соборот на боговите. На чело на какви богови е Јахве?
На чело на собор на лажни богови??
 
Во библијата се вели и дека Јахве е на чело на соборот на боговите. На чело на какви богови е Јахве?
На чело на собор на лажни богови??

Ако он е единствен и е на чело на лажни богови (т.е ако се лажни не постојат) тогаш он е сам. Интерпретација секој може да си извлече. Моја претпоставка е пошто он е „вистински“, а останатите се „лажни“ он е над нив во смисла дека вистината е над лагата. Ако на пример идеш на олимпијада и сам се натпреваруваш многу нормално дека ќе бидеш прво место.
Пак ќе напоменам се е зависно од тоа како го интерпретираш текстот не велам дека твоево размислување е погрешно ако воопшто постои правилно и погрешно размислување на тема религија.
 
Ако кажам дека перо е над сите лажговци или дека перо преседава со собир на лажговци или дека перо е на чело на лажговците или дека перо е најголем од сите лажговци...... што е перо?
 
Ако кажам дека перо е над сите лажговци или дека перо преседава со собир на лажговци или дека перо е на чело на лажговците или дека перо е најголем од сите лажговци...... што е перо?

Пет пати пишав и сега се правиш наудрен?
Лажен бог = дека не постои(што не е јасно тука?)
Го вадиш зборот од контекст и сосем друго значење му даваш.

Така е според религијата.

Еве ако сакаш и за твојот пример објаснување.

Ти тргаш од тезата дека перо(Јахве) е лажго ако претпоставката е неточна тогаш резултатот секогаш ќе биде неточен т.е ако Перо е лажго тогаш во овој случај би дошло нешто како не постои ниеден бог.

Но, бидејќи сега правиме муабет за религија и тргнуваме од тезата дека Јахве постои за да биде неточна постои само една опција.

Ако Т тогаш F = F

Или во превод ако Јахве постои не постојат други богови. Ако Јахве не постои тогаш не постои ниеден бог.

Ама пак ќе кажам правиме муабет на тема религија и секој може на свој начин да си ги интерпретира нештата и логиката не е многу корисна и покрај се што напишав.
 
А мајката на господ исус христос што е? Каква е таа жена што може да го роди господ? За господ се вели дека е владика, и за богородица се вели владичица пречиста. Ако ја изедначуваат со господ тоа е факт дека и она е господ. Ете уште еден доказ дека бог не е еден.
 
Јахве се бори со египетските богови и ги казнува, јахве оди во Ну каде вели тој живее Амон - богот на египќаните. И сега замисли го бог кој се бори со непостоечки богови или оди да посети непостоечки бог. Наивно размислување. Е сега што е причината за тоа, Библијата кога е пишуван стариот завет, беше света книга на израел и нивниот бог. другите народи околу нив имале други богови и религии и тоа не било ништо чудно. Така во тие времиња бил поделен светот и народите, најчесто секој народ си имал територија и своја религија со свои божества Зато Мојсеј го велича својот бог дека е поголем од другите зато се натопреваруваат и војуваат египетските и израелскиот бог, зато се вели дека богот на израел е најголем најмоќен. И Израелците во времето на ропството во Вавилон си биле многубошци - после таа вера си ја замениле со еден бог но и во библијата си има остатоци на тоа многубоштво. Така да се испомешале старите со новите сфаќања и поимања на божествата, зато на едно место се вели дека има само еден бог на друго се споменуваат и други богови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom