Кајгана фото-натпревари [општи дискусии]

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Јас пак ќе си кажам, природа тешко дека ќе видам, така да чекам за да гласам :) ама вие слободно ставајте слики. Ако идеме по онака предложениот датум, би било до 14ти слики се ставаат така некако?
Ај, може и мене ќе ми излезе нешто :)
 
Прво да видиме со правилата што како ќе биде па потоа ќе се прави натпревар.
 
Прво да видиме со правилата што како ќе биде па потоа ќе се прави натпревар.

Па скај, модератор си нели, правилата се тие горе/доле...ете може да се фати периодов - зима (на пример) или некоја апстрактна тема, ако природава не зеза у моментов - lightpainting, ноќна некаква, журка....нешто што не мора да е врзано со време, инаку така ќе иде линеарно и монотоно - зима, пролет, лето...може и некаква проба да се напраи.........гласно размислувам....
 
Модератор сум само во музика, тука немам јас такви права. Инаку секако дека не мора да биде природа како за почеток може да биде друго секако. Сепак исто така бидејќи не зеза времето може да биде и на тема урбана фотографија бидејќи така сите ќе можеме да направиме по некоја фотографија за почеток. Што се однесува до правилата јас искрено не би сакал да бидат така горе-долу, далеку подобро е да се дефинираат какви ќе бидат но за тоа го чекам Ајсид да помогне околу правилата.
 
Само три прашања пред да започнеме:
Дали сметате дека ќе биде подобро да се остават 2 недели за фотографирање?
Дали сметате дека ќе биде поинтересно да се прикачуваат само фотки направени по задавањето на темата (нови фотки), односно, да не се примаат постари фотографии?
Дали сметате дека е подобро да има посебен подфорум за фото-натпреварите на Кајгана?

Пријавените фотографии би се ставиле на гласање веднаш по завршување на рокот за фотографирање, а во меѓувреме се задава нова тема за фотографирање. Откако ќе се утврди победникот од претходниот натпревар, тој може да ја предложи новата тема за следниот натпревар. Не треба да напоменувам дека сите треба да играат ферски и да поставуваат лично нивни дела. Доколку откриеме туѓ труд, членот ќе биде отстранет од сите понатамошни натпревари.

Значи:
- Натпреварот се' уште не е почнат, затоа не испраќајте фотографии;
- Идејата за испраќање фотографии во „оригинална големина“ не е добра и тешко изводлива (ќе го дефинираме и ова);

@коцка, @Комита Ултрас, @Isak Keyten, @DonJas, @Let3 и сите останати (поискусни) фотографи... Очекувам ваши мислења пред да почнеме со било какви натпревари :)

Асид нема време, па место да го замараме можеме сами да дефинираме нешто :) правилата се тие, има тема се ставаат фотки се гласа итн итн
Овде асид ни ги дефинира последните проблематични делови од натпреварот, две недели фотка, исклучиво нови псле зададената тема и нека има подфорум.

Ако го остаиме вака ќе се оладиме ќе забораиме (можда), а желни за фоткање и гледање фотки има, па дај да почнеме и постепено ќе се дефинира се останатошро не ни одговара. Да можев ќе почнев одма со ставање на фотка, ама јас до 23ти работам секој ден и како што кажав орирода нема да видам.

Ајде еве понеделнички нека биде, кажувајте сега веднаш одма:
- зима или менуваме тема зашто времето е тапа...или бар кај мене?

@acid @sky @sungerot bob @dave @isak keyten @let3 @комита ултрас @DonJas и сите кои други

crazy like a monkey, happy like new year
 
Не ми пречи ниедна тема, нека каже организаторот на првиот натпревар што ќе биде :)
 
Еве асид ви дава зелено светло, моит да се почне
@sky темата останува природа? Зима? @sungerot bob ми делуваше ко веќе да имаш спремна фотка, бујрум :)

crazy like a monkey, happy like new year
 
Еве асид ви дава зелено светло, моит да се почне
@sky темата останува природа? Зима? @sungerot bob ми делуваше ко веќе да имаш спремна фотка, бујрум :)

crazy like a monkey, happy like new year
Сега точно кажете која е темата.... да знам што да сликам? :)

Мој предлог е првава тема да не биде сликање на природата... таа тема може да ја оставиме за во пролет или лето, башка времево надвор и не е да излезеш и да сликаш. Подобро би било како прва тема да биде сликање на некој предмет :)
 
Може @коцка да го организира првиот (како фотограф), па следните натпревари да ги организираат победниците? :)
 
Може @коцка да го организира првиот (како фотограф), па следните натпревари да ги организираат победниците? :)
Може. Само нека започне натпреваров... :)
 
Може нова тема со прв пост правила и тема на натпреварот и после да нема муабети, а овде да се разгледуваат предлози, коментираат неправди, плачки исл. (ќе ги има 100%)...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom