Што очекувате од животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Очекувам кога-тогаш кога ќе се умори од мене да клекне и да рече - Александаре грешев, што сакаш од мене?
 
Што очекувам ОД животот не знам. Премногу е апстрактен за да го поврзам или замислам како личност, како објект кој нешто би ми дарил, наградил, заебал, изневерил и така натака.

А шо очекувам ВО животот исто не знам. Ваљда Бамбер Бриџ да освои лига на шампиони.
 
Пред 5 години сум пишувала на долго и широко, а сега ќе кажам нешто сосема накусо.

Не очекувам ништо од животот, но очекувам многу од самата себе. Највеќе очекувам (повеќе би рекла се надевам) дека кога ќе подостарам и кога ќе се сеќавам на животот што сум го водела, нема да се сеќавам на каења и разочарувања, туку со задоволство ќе заклучам дека сум го остварила она за кое што сум се борела. Само толку. Ни повеќе, ни помалку.
 
Да дознаам само една работа која има врска со човековата егзистенција, се друго ми е ирелевантно. Да не беше ова,е ќе бев нихилист во срж, али среќа сеуште не сум.
 
Да станам Time Lord....тука влегува трансфер на меморија кроз смрт и слични заебанции :LOL:
Со други зборови да не умрам како тиква, ако ништо друго за инает на опресорите мајку им јебем.
Хахахахахах колку смешно изгледа.....што е индикатор до каде отишла работата:tapp:

Се зазам бе, сакам да умрам во убава куќа, богат и внуци да трчаат околу мене додека за последен пат гледам бел ден.
 
Среќа.

Но среќата сами си ја правиме. Така да, очекувам од мене, многу.
И од судбината.
 
Некогаш премногу, некогаш премалку очекувања, најдобро е да немаш превисоки за да не се разочараш ептен и да западнеш во депресија.
Би било убаво се да е како што си замислуваме, а за тоа да е така сами треба да си го направиме и да се потрудиме повеќе.
 
13450219_491227457743371_8311842371141008689_n.jpg
 
Во Македонија тешко да се очекува нешто убаво...
 
За почеток сакам да си направам библиотека дома и тоа да ми го овозможи животот, ама за тоа би било потребно барем едно работно место нека е и скромна платата нема проблем само да не ми се дере некој над главата и да ме остава преку времено, минимална плата ама човечки работни услови! На љубовен план не се замарам за тоа сега за сега најдобро нека остане status quo. Малку повеќе во фрижидерот јадење нека има добро ќе ми дојде тоа пример по 5 пати да си јадам на ден различна храна... другото е се ок, очекувам и да ми се врати мачето го нема веќе една недела не знам дали ми е луто или се навреди нешто или пак отиде на парење и не се враќа...
 
Интересна тема, не знам зошто е мртва, башка има и сеуште активни членови кои пишувале што очекуваат, можеби ќе прочитам дали дел од тие очекувања им се исполниле. :)

Мојата животна желба е да имам големо семејство, затоа тоа е моето најголемо очекување од/во животот. Останатите работи се пропратни во животот, како работата и дружбата. :unsure:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom