Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
На што се должат среќните случувања во животот на луѓето? Дали навистина се среќни потковицата или четирилисната детелина? - Ни едното, ни другото, сметаат научниците.
Она што има влијание на развојот на случувањата во вашиот живот е вашата подготвеност да ги искористите случајните средби или ситуации на вистински начин. Таквите случајности можат целосно да ви го променат животот.
Историјата е во прилог на таа теорија: микробрановата, x-зраците, контрацептивната пилула и пеницилинот своето постоење и го должат на среќата, односно среќните околности. Но, зошто "среќните случајности" им се случуваат само на некои луѓе? Дали постои некој начин да ги предизвикаме или дали можеме да препознаеме кога се соочуваме со некој од нив?![]()
Еден проект на Универзитетот во Лондон се стреми да одговори на ова прашање. Направена е интересна страна, (www.serendipitystories.net) кадешто луѓето со јавноста ги споделуваат своите искуства во врска со среќата. Со помош на таа страна и тие искуства, научниците се обиделе да направат шема на среќни животни околности и да ги воочат правичностите во тие примери.
Една од многуте објавени приказни зборува за жена која ја запознала љубовта на нејзиниот живот бидејќи се качила на погрешен воз. Друга приказна говори за 91 годишен човек чиј сон се остварил - да вози мотор, откако разговарал со непознат човек во кафетерија, кој како што подоцна излегло, бил сопственик на "Harley".
Што е заедничко за овие приказни кои луѓето ги споделиле?
"Со набљудување на шемата откривме дека среќата е повеќе од случајност. Иако никој од луѓето со кои разговаравме не влијаел на околноста или ситуацијата во која се нашол, сите имале две заеднички работи - 1. биле свесни дека пред нив се наоѓа можност и 2. одлучиле да ја искористат. Кога станува збор за искуства како што е случајна средба со познаник што не сте го виделе со години, а кој случајно ви понудил работа треба да се случат неколку работи", вели Др. Стивен Макри кој е еден од соработниците на проектот.
"Пред се треба да забележите дека во пресрет ви доаѓа постар пријател. Потоа треба да застанете и да разговарате со него, дури и ако доцните или ако се брзате за некаде. На крајот, треба да прифатите сè што во тој разговор ќе ви биде понудено", додава Стивен.
Накратко, пријатното изненадување го вклучува елементот на среќата кој е надвор од вашата контрола, но со тоа морате да имате мудрост за препознавање на можностите и да реагирате во баланс со тоа.
Зошто некои луѓе имаат толку многу среќа?
Психологот Ричард Вајсман го проучувал факторот за пријатно изненадување, а откритијата ги објавил во книгата "Фактор на среќата". Тој сакал да открие како е возможно некои луѓе секогаш да бидат на вистинското место во вистинското време. Вајсман открил дека тие не се "посреќни" од останатите луѓе - тие само побрзо забележуваат.![]()
Во еден експеримент, тој ги замолил луѓето да го прочитаат весникот и да му кажат колку фотографии во него забележале. На половината од весникот тој напишал порака со ситни букви "престанете да броите, во весникот се објавени 43 фотографии". Пораката можеле да ја видат сите, но "несреќните" ја прескокнале, a "среќните" ја забележале.
Зошто е тоа така?
Несреќните луѓе се обично понапнати и понеопуштени од среќните, а нивната нервоза ја спречува можноста да забележат неочекувано добри работи. Така тие ги пропуштаат шансите затоа што се премногу фокусирани на барање на нешто друго. Од друга страна, среќните луѓе се поопуштени и поотворени за различни можности, што значи дека го гледаат она што им е понудено.
Како тогаш вие да ја отворите вратата кон среќата?
Вајсман нуди неколку трикови:
- Почесто излегувајте.
- Гледајте се со што повеќе луѓе, поголеми се шансите да ви се укаже некоја животна прилика.
- Припремете се да отстапите од некои планови. Несреќните луѓе мразат прескокнување на рутината. Не се плашете од неуспех, бидејќи среќата им се насмевнува на оние кои се обидуваат со нови работи.
Истражувањето исто така проучувало дали нашата зголемена доверба кон технологијата ја намалува можноста на позитивните промени во реалниот живот. Имено, технологијата го прави нашиот живот поефикасен, но ни ги ограничува видиците, што претставува голем непријател за среќата. Секако, постојат и исклучоци, бидејќи друштвените мрежи може неочекувано да ве доближат до некои луѓе кои ќе ви го променат животот!