Едно мое искуство со полицијата:
Возев после 23 часот, јас несмам затоа што немам 2 години возачко искуство, искулиран музика до крај и ете го мистер полисмен. Побара документи, му давам и ми објаснува како казната е голема и дека треба да ме казни. Он беше албанец со што ја намалува можноста да ме пушти без казна. Го замолив еднаш само ако може да ме пушти без казна затоа што требаше да одам на летен одмор една недела подоцна, ми ги врати документите и ми рече само повели. Останав во неизвесност затоа што запишуваше нешто но си замина. Не му кажав на татко ми затоа што не бев во право. Кога заминав на одмор ете го првиот ден телефонот, повик од татко ми, срцето во пети мислев казна стигнала но ништо. Останав скоро два месеци во неизвесност дали имам казна или не, но никого не прашав, или несакав да знам. После некое време ете го пак истиот полицаец ме допира во 22:58, ми кажа дека ме допрел еднаш и дека не ми пишал, јас здрвен мислев дека тогаш ќе ми пише а тој само се насмевна и ми рече дека мене не ми пишувал....Уште се чудам кој е тој човек.