Убаво ти објаснија погоре како функционираат сообраќајците и џандарите. Не се плаши, но биди на све спремен. Во случај да ти дојде казна, плати си ја . Во случај да не ти се плаќа казна, немора да ја платиш, биди спокоен, и за тоа има решение . Ќе си поминеш неколку месеци во затвор и готово. Не е толку страшно во затвор како тука на форум и на тв што прикажуваат, држава те храни, држава те брани. Јадење пиење спиење е обезбедено неколку месеци, право на глас исто, плус може ќе си научиш и некој занает додека си внатре, па ќе излезеш како подобар човек кој е спремен да се бори за повисоко добро во опшеството, а не да се тресеш за мали ситни прекршоци кои си ги извршил. Како и да е, биди спокоен.