Од кога навивате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
Навивам од ко сум прооден, а до кога нема да ви откријам!:vozbud::smir:
 
Многу одамна навивам ... и навивам затоа што според мене се најдобри :) :smir:
 
не се сеќавам баш откога, можеби беше градинка :dancing:
 
1.Навивам за лондонскиот фудбалски клуб Челзи од 2004 година..Практично кога станаа шампиони.Ми се допадна стилот на игра на сините,ми се допадна начинот на кој што играа,и едноставно неможев а да не ги засакам..И од тогаш до ден денес тој е тимот кој што го сакам повеќе од се и сешто..

2.Навивам за Милан од кога знам за себе,значи од кога гледам фудбал навивам за милан.И самиот не знам стварно како сум ги засакал росоњерите.
 
Жалосно е шо македонците се расправаат за Реал и Милан, наместо да одат да ги гледаат нивните Брегалница, Пелистер, Вардар, Работнички...
И немојте со оправдувања дека нашиот фудбал не чини, дека местат...
Ако има само 37 "сведоци" на стадион нормално дека со фудбалот ќе си играат како сакаат.
 
па кај нас ВО МОДА е да се навива за странски екипи..........а после кога некоја Македонска екипа ќе постигне европски успех,тогаш сите се за таа екипа УШТЕ ОД МАЛИ НОЗЕ:pos2:
 
За Јуве од 2000 година,а за Челзи од 2004 година
 
За Барса од 2000 Година, 9 години Имав, Братми беше Причината да занавивам за Барса.:smir:
 
Ако не го земам во предвид Тетекс (што се вика пораснав со тетекс), за Ц. Звезда навивав од многу мал незнам години колку но тогаш беше еуфорија Звезда или партизан пред 90тите и си останав за Звезда. На почеток на 90тите ги засакав Ајакс поради дресовите црвено - бели и Јари Литманен (еден од најдобрите фудбалери на времето за мене). И пред крај на 90` за Арсенал поради Бергкамп (затоа што ја сакав холандската репрезентација) а потоа тука си беа и Анри, Тони Адамс, Еду, итн......

Тоа се тимовите кој се за мене омилени и за кој навивам.
 
За Барса, Ман Утд и Лацио од 99'.....(прво или втор одд.)
За Барса заради Ривалдо, за Ман Утд заради Солскјер и за Лацио веројатно затоа што сум се попалил по тимот шо го имаа тогаш :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom