Што НЕ треба да носите со себе кога патувате во земјите од ЕУ или некои други држави

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Од денеска ЕУ ги олеснува воведените ограничување за внесување на течности во авионите во рачниот багаж, што претставува прв чекор кон целосно укинување на оваа забрана. Европската комисија ќе ги оцени резултатите и последиците од овој прв чекор и ќе одлучи за натамошните постапки.
Се очекува целосното укинување на забраната за внесување на течности во рачниот багаж да се случи до 2016. година, Аеродромите во земјите од ЕУ од денеска ќе им дозволат на патниците во рачниот багаж да носат купени алкохолни пијалоци и парфеми од фри шоповите на кој било аеродром во светот. Единствено што е потребно е тие да бидат спакувани во посебни ќеси од фри шопот каде што се купени. Досега беше дозволени дел од рачниот багаж на патниците да бидат само течности до 100 милилитри, купени од фри шоповите на европските аеродроми. Единствен исклучок се правеше за лекови и бебешка храна. Тоа досега претставуваше голем проблем за патниците кои транзитираа на европските аеродроми, а доаѓаа надвор од Европа.
Забраната за пренесување течности во рачен багаж е воведена во 2006. година, кога британската полиција откри терористички заговор за напад на прекуокеански авиони кон САД со помош на течни експлозиви.
 
а не беше и до сега така? јас бар низ европа сум немала никакви проблеми за купени пијалоци и парфеми од аеродром да ги пренесувам низ други аеродроми...? имам носено и од тајланд во европа...? или ми прогледале низ прсти?
--- надополнето: 1 февруари 2014 во 13:13 ---
Сосем точно е ова, јас Америка имав така незгода, по обичај додека чекам во редица и плус бев се брза да фатам следен лет и мрдав со ногата и раката нестрпливо.
И ме ставија на скенер :) потоа пак ме претесуваше полицаецот околу 10 минути , уште што не ме соблече. Исто еднаш на Бугарска граница, уствари на влез во Македонија од Бугарија ми рекоја да ги соблечам патиките да не кријам нешто :)

исто! мене ме тргнаа скрозз на страна за специјално претресување, ама ја им спискав. почнав да се карам зашто бев на страна со 5-6 руси од кој еден пијан и 10 црнци...ме пуштија одма :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom