ПОМОШ: Искористување на меници

  • Креатор на темата Креатор на темата Dee_Jay
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
2.646
Имам молба доколку има некој правници да ми одговори на следново. Ќе копирам текст, кој ми го прати еден многу близок пријател, па да ми кажите што можи да се направи.
Текстот:
Како невработен дипломиран економист, аплицирав на скоро сите онлајн огласи каде што ги исполнував потребните критериуми. Во еден момент бев исконтактиран од една Скопска фирма телефонски и бев повикан наредниот ден на интервју. После интервјуто по неколку денови бев телефонски известен дека сум јас личноста која ја бараат и ме повикаа повторно да отидам во седиштето на фирмата околу потпишување договор за вработување. Јас сум од Прилеп и воопшто не ги сметав патните трошоци кои и тоа како ме оптоваруваа финансиски. При повторната средба ми беше усмено објаснето кои се моите работни обврски , стануваше збор за комерцијалист за теренот Прилеп,Крушево и околните села и ми беше даден примерок од договорот за кој ми рекоа да го земам и дома убаво да го прочитам па доколку ги прифаќам условите да ги известам и конечно да го потпишеме договорот за вработување. Исто така во тој момент ми беше напоменато дека доколку одлучам ке мора еден од родителите да присуствува при потпишувањето на договорот за вработување поради потпишување на три меници во иснос од сто,двесте и петстотини денари кои фирмата би ги имала како гаранција во случај доколку ја напуштам работата и оставам ненаплатени побарувања постари од деведесет дена, да паднат на мој товар. Со оглед на мојата економска состојба не бев во ситуација да бирам работно место , мислејќи дека е фер на некој начин да гарантирам за мојот реон на работа поради фактот што сум јас комерцијалист кој се грижи за порачките, следење на наплата и воопшто воспоставување директен контакт со купувачите и ја прифатив понудената позиција. Со мојот родител повторно отидовме во Скопје каде што на нотар потпишавме договор за вработување каде што пишуваше кои се моите работни задачи, 40 работни часови неделно, задолжен со службен мобилен телефон и рачен компјутер. Во договорот стои дека нето месечната плата изнесува 10800 денари плус додатоци и бонуси и здравствено и пензиско осигурување. Работниот однос заснован на неопределено време.Мојот татко ги потпиша и трите меници без протест(или приговор) како и меничната изјава и со тоа заврши процедурата кај нотарот. Да напоменам дека добив примерок од договорот за вработување, менишната изјава и копии од мениците. Истиот ден добив службено возило без никаков документ на примопредаја освен што ми дадоа потпишано полномошно со печат за користење на тоа возило. Проблемот настапи веќе наредниот ден но кулминира после 6 недели работа. Се соочував континуирано со проблеми, возилото немаше потребна опрема согласно законот за сообраќај, немав добиено патни налози за рутите кои секојдневно ги возев до коминтентите. Реагирав телефонски на тие проблеми како и за останатите кои се однесуваа на немањето количина на артиклите кои ми беа за продажба на што купувачите реагираа за несериозниот пристап на фирмата према нив... Во таа сложена состојба после поминати шест недели немав добиено плата согласно договорот како и не бев пријавен како вработен ниту пак имав здравствено и пензиско осигурување. Значи во тие 6 недели фирмата воопшто не испочитува ни една точка од потпишаниот договор. Телефонски реагирав неколку пати при што како одговор ми беше потенциран слабиот резултат на продажба што според мене е апсурдно ради немањето на количина на производи од страна на фирмата а не по моја вина. Во овој период без мое знаење фирмата повикала на интервју друго лице со кое го потпишала истиот договор и меници како и во мојот случај. Бев известен дека во текот на денот ке дојди одговорно лице ради раздолжување од моја страна со службеното возило,мобилниот телефон и рачниот компјутер. Откако се раздолживме без потпишување на ниту еден документ јас усно го замолив лицето од Скопје да ги добијам назад потпишаните меници што е нормално бидејќи друго лице почна да работи на мојата позиција, а взаемно констатиравме дека немам заостанати долгови од коминтентите и дека наплатата е во ред. По неколку дена упорно телефонско јавување на кое не ми одговараа на повиците, конечо го добив одговорниот кој повторно го замолив да ми бидат вратени мениците. Тој арогантно ми се обрати како не е тоа возможно се додека не го подмирам мојот долг од 12 000 денари спрема нив на име на нотарски трошоци и меници кои ги платиле кога го потпишувавме договорот. Јас му кажав дека ни писмено ни усно не бев во ни еден момент известен дека треба финансиски да учествувам во процесот на моето вработување што верувам дека не е пракса никаде во светот.Арогантно ми спушти слушалка , но успеав да го добијам на телефон еден од газдите кој ми рече дека ќе биде доволно по половина да си ги подмириме тие 12 000 денари со што јас би платил 6000. Ова испадна како на пазар да се ценкаме и јас уверен во моите права одбив да платам било каква сума и му кажав дека од тој момент ке ангажирам адвокат кој ке комуницира во мое име со нив. Адвокатот му испрати протестно писмо до седиштето на фирмата со кое му наложи доколку во рок од неколку дена не ги вратат мениците ке превземи активности против фирмата. Јас како лаик во областа на правото се плашам дали е возможно тие меници фирмата да ги злоупотреби како на пример гаранција према добавувачи, или можеби за подигање на кредит од некоја банка како и слично... Сепак трите меници заедно имаат товар од 10 000 евра што е огромна сума за невработен млад човек како мене.До ден денес поминаа неколку месеци нема никаков одговор од нивна страна, ги немам добиено мениците и би Ве замолил да ме упатите за моите натамошни активности. По мое гледиште мислам дека договорот кој го потпишавме е ништовен ради тоа што правно јас во ниту еден момент не бев дел од фирмата бидејќи не бев пријавен како вработен, не ми течеше стаж и не добив плата согласно со деталите во договорот...
И најбитното прашање. ДАЛИ МОЖИ ВО МОМЕНТОВ ТИЕ ДА ГИ ИСКОРИСТАТ ТИЕ МЕНИЦИ? Иако другар ми прво, ни работел таму официјално(пошто не го осигурале), нити пак имал ненаплатени побарувања.
 
Ах мамата нивна, правници реагирајте ајде помогнете му на човекот ова може секому да се случи
 
Може, мене пред некој ден пробаа да ми пикнат под нос нешто слично. Само што јас ги одбив, па почнаа да преговараат за висината на мениците. Истово што е напишано, јас им го кажав како можно сценарио. Нема правен механизам за заштита со меница, затоа што НЕ МОЖЕ да се докаже дали имаш вина или не. Како ќе докаже дека немал успех во работата по нивна вина? Дури може да го товарат за оштетување на возило, за загубена стока и еден куп работи. Во последно време почнаа да изводат со тие меници. Здружени се фирми, нотари и адвокати за да извлечат пари од било кој. Ова може да се решава само пред суд, ама ќе биде долго и мачно (СКАПО!!!). Среќно
 
Може, мене пред некој ден пробаа да ми пикнат под нос нешто слично. Само што јас ги одбив, па почнаа да преговараат за висината на мениците. Истово што е напишано, јас им го кажав како можно сценарио. Нема правен механизам за заштита со меница, затоа што НЕ МОЖЕ да се докаже дали имаш вина или не. Како ќе докаже дека немал успех во работата по нивна вина? Дури може да го товарат за оштетување на возило, за загубена стока и еден куп работи. Во последно време почнаа да изводат со тие меници. Здружени се фирми, нотари и адвокати за да извлечат пари од било кој. Ова може да се решава само пред суд, ама ќе биде долго и мачно (СКАПО!!!). Среќно
Значи другар ми не бил ни осигуран. Правно, тој фактички никогаш не бил ни вработен во фирмата. Дали во овај случај можат да ги искористат мениците. Бидејќи, иако не сум правник, по логика на нештата, за да ги искористи мениците, мора да има причина.
Дали можи злоупотреба на мениците да направи? Иако логички е да се неважечки пошо работната обврска фактички не ни почнала.

Пекабеско ?

Не.
 
Може да прецизираш повеќе во врска со меницата, односно кој ја издал, кој ја потпишал, поради која причини? И што е уште поважно, авалирана е меницата или не?
 
Значи другар ми не бил ни осигуран. Правно, тој фактички никогаш не бил ни вработен во фирмата. Дали во овај случај можат да ги искористат мениците. Бидејќи, иако не сум правник, по логика на нештата, за да ги искористи мениците, мора да има причина.
Дали можи злоупотреба на мениците да направи? Иако логички е да се неважечки пошо работната обврска фактички не ни почнала.



Не.

Зависи што пишува на мениците. Јас требаше да бидам главен магационер и да одговарам за стока од горе долу 600 000$! Преговорите почнаа кога апла им кажав дека немам доверба во фирма што нема доверба во мене. Ама не се секирај, потпиши ја меницата...а во договорот стои кога и како може да се активира. И кога ќе видиш во договорот пишува (инаку го имам на маил во целосна форма): - во случај на непочитување на било која одредба од договорот за вработување, фирмата има право да ја активира меницата и да наплати надомест на штета. Штетата може да биде материјална или нематеријална!!! Кога сватија дека нема лабаво, почнаа...е ај ќе намалиме вредност на меницата, напиши како ти одговара...Јасно ти е дека им е важно да потпишеш... и вака и така ќе бидеш е*ана странка во муабетот. Тоа што не бил пријавен лесно може да се протне. Еве потпишал денес, утре "му даваат комбе полно со стока", задутре отказ затоа што го искршил комбето и ја "изгубил" стоката. Немале време да го пријават, договорот е потпишан да речеме во 5 попладне (што за малку ќе беше во мојот случај). Е, ај докажи дека не било вака?
 
Може да прецизираш повеќе во врска со меницата, односно кој ја издал, кој ја потпишал, поради која причини? И што е уште поважно, авалирана е меницата или не?

Значи. другаров оди да потпиши договор за работен однос. Е сега, таму му бараат на татко му од другаров да потпиши безусловна меница, за во случај другар ми замини од работното место, и остави ненаплатени побарувања после 90 дена. То го пишува и во договорот.Оди со татко му, потпишуваат договор за работен однос, татко му потпишува безусловна меница. Арно ама не го пријавува овие, по 6 недели вработува друг човек на негово место, се раздолжува, ама овие менициве не му ги враќаат.
Заебанцијава е, дали можи да ги искористат тие меници?
 
Значи. другаров оди да потпиши договор за работен однос. Е сега, таму му бараат на татко му од другаров да потпиши безусловна меница, за во случај другар ми замини од работното место, и остави ненаплатени побарувања после 90 дена. Оди со татко му, потпишуваат договор за работен однос, татко му потпишува безусловна меница. Арно ама не го пријавува овие, по 6 недели вработува друг човек на негово место, се раздолжува, ама овие менициве не му ги враќаат.
Заебанцијава е, дали можи да ги искористат тие меници?

Безусловна меница или бланко меница?
 
Потпишал меница без протест (приговор). Не знам точно :(
--- надополнето: 20 декември 2013 во 02:35 ---

Нема врска износот. Обично од 100 ден гарантира до 100 000ден, од 200ден до 200 000ден, а од 500ден за износ над 200 000ден. Ако не се наведени ТОЧНО условите за активирање, тешко него. Сериозен сум. Што значи "ненаплатени побарувања после 90 дена"? Како што е напишано, воопшто нема да им биде тешко да ја активираат. Кај мене условот (демек) во меницата ќе стои "ако ми фали стока" (а магацинот е ко јавна куќа - кој стигне влези/излези), а во договорот стоеше "поради непочитување на било која одредба на овој договор..."Е, ај сега да те видам...
 
Нема врска износот. Обично од 100 ден гарантира до 100 000ден, од 200ден до 200 000ден, а од 500ден за износ над 200 000ден. Ако не се наведени ТОЧНО условите за активирање, тешко него. Сериозен сум. Што значи "ненаплатени побарувања после 90 дена"? Како што е напишано, воопшто нема да им биде тешко да ја активираат. Кај мене условот (демек) во меницата ќе стои "ако ми фали стока" (а магацинот е ко јавна куќа - кој стигне влези/излези), а во договорот стоеше "поради непочитување на било која одредба на овој договор..."Е, ај сега да те видам...

Ама другаров фактички никогаш не стаса да биди вработен. Потпишаа договор, ама овие не го испочитуваа и не го пријавиа во трудот. Плус тој не работеше со стока. Комерцијалист беше, само запишуваше нарачки.
 
Ама другаров фактички никогаш не стаса да биди вработен. Потпишаа договор, ама овие не го испочитуваа и не го пријавиа во трудот. Плус тој не работеше со стока. Комерцијалист беше, само запишуваше нарачки.

Ќе му најдат рчка, ако сакаат. Нека бара добар адвокат, што побрзо!
 
За да може да наплатат меница мора да има ненаплатено побарување. Тоа побарување не може да биде измислено, туку мора да биде документирано. Јасно е какви документи се потребни. Документ со кој твојот другар е задолжен, односно бидејќи станува збор за комерцијалист за тоа колку стока му е дадена на располагање, каков вид стока, каков квалитет и слични работи. Веројатно и утврдени рокови за продажба, наплата и слично. После тоа следуваат фактури за наплата (во случај кога веќе твојот другар би продал дел од стоката) па вредност на тие фактури, па рокови за наплата на фактурите и усогласеност помеѓу вредноста на испорачаната стока од фирмата кон работникто, вредноста на продадената стока, вредноста на наплатените побарувања и на крај количнита и вредноста на непродадената останата стока. Без вакви активности нема основ за користење на мениците и плус тоа за да може да се префрли меницата (токму ова што го прашуваш дали може фирмата за свои обврски да ги користи мениците) тие мора да бидат авалирани (гаранција дека должникот ќе ја исплати) затоа што никој нема да им прифати неавалирана меница од банка, исто така мора да бидат и индосирани поточно да може доверителот да ја пренесе наплатата на друг (оти нели за пренесување станува збор). Без овие работи буквално нема врз основа на што да ги користи фирмата овие меници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom