- Член од
- 5 август 2007
- Мислења
- 3.604
- Поени од реакции
- 2.646
Имам молба доколку има некој правници да ми одговори на следново. Ќе копирам текст, кој ми го прати еден многу близок пријател, па да ми кажите што можи да се направи.
Текстот:
Како невработен дипломиран економист, аплицирав на скоро сите онлајн огласи каде што ги исполнував потребните критериуми. Во еден момент бев исконтактиран од една Скопска фирма телефонски и бев повикан наредниот ден на интервју. После интервјуто по неколку денови бев телефонски известен дека сум јас личноста која ја бараат и ме повикаа повторно да отидам во седиштето на фирмата околу потпишување договор за вработување. Јас сум од Прилеп и воопшто не ги сметав патните трошоци кои и тоа како ме оптоваруваа финансиски. При повторната средба ми беше усмено објаснето кои се моите работни обврски , стануваше збор за комерцијалист за теренот Прилеп,Крушево и околните села и ми беше даден примерок од договорот за кој ми рекоа да го земам и дома убаво да го прочитам па доколку ги прифаќам условите да ги известам и конечно да го потпишеме договорот за вработување. Исто така во тој момент ми беше напоменато дека доколку одлучам ке мора еден од родителите да присуствува при потпишувањето на договорот за вработување поради потпишување на три меници во иснос од сто,двесте и петстотини денари кои фирмата би ги имала како гаранција во случај доколку ја напуштам работата и оставам ненаплатени побарувања постари од деведесет дена, да паднат на мој товар. Со оглед на мојата економска состојба не бев во ситуација да бирам работно место , мислејќи дека е фер на некој начин да гарантирам за мојот реон на работа поради фактот што сум јас комерцијалист кој се грижи за порачките, следење на наплата и воопшто воспоставување директен контакт со купувачите и ја прифатив понудената позиција. Со мојот родител повторно отидовме во Скопје каде што на нотар потпишавме договор за вработување каде што пишуваше кои се моите работни задачи, 40 работни часови неделно, задолжен со службен мобилен телефон и рачен компјутер. Во договорот стои дека нето месечната плата изнесува 10800 денари плус додатоци и бонуси и здравствено и пензиско осигурување. Работниот однос заснован на неопределено време.Мојот татко ги потпиша и трите меници без протест(или приговор) како и меничната изјава и со тоа заврши процедурата кај нотарот. Да напоменам дека добив примерок од договорот за вработување, менишната изјава и копии од мениците. Истиот ден добив службено возило без никаков документ на примопредаја освен што ми дадоа потпишано полномошно со печат за користење на тоа возило. Проблемот настапи веќе наредниот ден но кулминира после 6 недели работа. Се соочував континуирано со проблеми, возилото немаше потребна опрема согласно законот за сообраќај, немав добиено патни налози за рутите кои секојдневно ги возев до коминтентите. Реагирав телефонски на тие проблеми како и за останатите кои се однесуваа на немањето количина на артиклите кои ми беа за продажба на што купувачите реагираа за несериозниот пристап на фирмата према нив... Во таа сложена состојба после поминати шест недели немав добиено плата согласно договорот како и не бев пријавен како вработен ниту пак имав здравствено и пензиско осигурување. Значи во тие 6 недели фирмата воопшто не испочитува ни една точка од потпишаниот договор. Телефонски реагирав неколку пати при што како одговор ми беше потенциран слабиот резултат на продажба што според мене е апсурдно ради немањето на количина на производи од страна на фирмата а не по моја вина. Во овој период без мое знаење фирмата повикала на интервју друго лице со кое го потпишала истиот договор и меници како и во мојот случај. Бев известен дека во текот на денот ке дојди одговорно лице ради раздолжување од моја страна со службеното возило,мобилниот телефон и рачниот компјутер. Откако се раздолживме без потпишување на ниту еден документ јас усно го замолив лицето од Скопје да ги добијам назад потпишаните меници што е нормално бидејќи друго лице почна да работи на мојата позиција, а взаемно констатиравме дека немам заостанати долгови од коминтентите и дека наплатата е во ред. По неколку дена упорно телефонско јавување на кое не ми одговараа на повиците, конечо го добив одговорниот кој повторно го замолив да ми бидат вратени мениците. Тој арогантно ми се обрати како не е тоа возможно се додека не го подмирам мојот долг од 12 000 денари спрема нив на име на нотарски трошоци и меници кои ги платиле кога го потпишувавме договорот. Јас му кажав дека ни писмено ни усно не бев во ни еден момент известен дека треба финансиски да учествувам во процесот на моето вработување што верувам дека не е пракса никаде во светот.Арогантно ми спушти слушалка , но успеав да го добијам на телефон еден од газдите кој ми рече дека ќе биде доволно по половина да си ги подмириме тие 12 000 денари со што јас би платил 6000. Ова испадна како на пазар да се ценкаме и јас уверен во моите права одбив да платам било каква сума и му кажав дека од тој момент ке ангажирам адвокат кој ке комуницира во мое име со нив. Адвокатот му испрати протестно писмо до седиштето на фирмата со кое му наложи доколку во рок од неколку дена не ги вратат мениците ке превземи активности против фирмата. Јас како лаик во областа на правото се плашам дали е возможно тие меници фирмата да ги злоупотреби како на пример гаранција према добавувачи, или можеби за подигање на кредит од некоја банка како и слично... Сепак трите меници заедно имаат товар од 10 000 евра што е огромна сума за невработен млад човек како мене.До ден денес поминаа неколку месеци нема никаков одговор од нивна страна, ги немам добиено мениците и би Ве замолил да ме упатите за моите натамошни активности. По мое гледиште мислам дека договорот кој го потпишавме е ништовен ради тоа што правно јас во ниту еден момент не бев дел од фирмата бидејќи не бев пријавен како вработен, не ми течеше стаж и не добив плата согласно со деталите во договорот...
И најбитното прашање. ДАЛИ МОЖИ ВО МОМЕНТОВ ТИЕ ДА ГИ ИСКОРИСТАТ ТИЕ МЕНИЦИ? Иако другар ми прво, ни работел таму официјално(пошто не го осигурале), нити пак имал ненаплатени побарувања.