Мувла по внатрешни ѕидови

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитав доле дека го има во Македонија,го купил до сеа некој и да каже нешто околу тоа?
Иначе тоа што го видов изгледа супер,баш и ја имам проблем со ова :(
Средството (од Кнауф) е топ, го пробав пред некој ден
 
А знае ли некој каде се продаваат кристали што абсорбираат влага? Успешни се во локална превенција на појава на мувла.
Не сум некој екперт за оваа проблематика, но битно е да се најде причинителот на кондензација а не само да се шминка и уништува мувлата. ВЛАГАТА Е ШТЕТНА за дишење и сл. а не мувлата тоа е габично растение кое како и мовта се јавува на темни места ќошиња каде има влага... Најчести причинители на влага се лоша или немање фасада на надворешните зидови и дотраена иснталација за вода и канализација.
 
Здраво,

Пред 6 месеци се вселив во нова зграда. Сакам да прашам дали има некаква регулатива каде што има некои стандарди за тоа дали зидовите помеѓу станови е дозволено да бидат со кнауф? Буквално комшијата кога грчи јас го слушам, нема никаква изолација, плус си мислам малку да се залетам во зидот, отидов кај комшијата. Одозгора на тоа ми се појави мувла во спалната. Е сега дојде демек еден експерт за прозори и ми рече дека е од влагата внатре што ја има а не од температурните разлики. Ако е така, тогаш би требало да имам мувла во кујна а не в спална каде што нема никаква влага или некакви извори на топлина.

Поздрав,
 
Ај честито стан
Е сега, не кажа дали ја грееш спалната? Или каков вид на затоплување користиш.
После ова, ќе може да дискутираме поконкретно
 
Здраво,

Пред 6 месеци се вселив во нова зграда. Сакам да прашам дали има некаква регулатива каде што има некои стандарди за тоа дали зидовите помеѓу станови е дозволено да бидат со кнауф? Буквално комшијата кога грчи јас го слушам, нема никаква изолација, плус си мислам малку да се залетам во зидот, отидов кај комшијата. Одозгора на тоа ми се појави мувла во спалната. Е сега дојде демек еден експерт за прозори и ми рече дека е од влагата внатре што ја има а не од температурните разлики. Ако е така, тогаш би требало да имам мувла во кујна а не в спална каде што нема никаква влага или некакви извори на топлина.

Поздрав,
Ако не ја затоплуваш просторијата, можно е влагата да потекнува од комшијата
 
Можно е тој ѕид кој мислиш дека е само со кнауф да е од исправени танки цигли (8см), Баш со вакви е и мојот кои иако изграден во 87-ма демек по ЈУ стандарди како да го градела некоја нова градежна мафија. Штеделе на изолации (звучни, топлински) дебелини на ѕидови и слично како да е прашање на живот или смрт. Ако ти кажам дека го слушам комшијата два спрата над мене како зборува на телефон во 2 ноќе кога и нема некои други звуци околу ќе ми се смееш. За она што треба да се нарече на квалитетен паркет да не правиме ни збор.
 
Така е кога за стари станови и куќи градени пред 80 тие не ви се давааат пари па купувате кутии од гипскартон
 
Здраво,

Фала за одговорите.
ѕидот со комшијата е со гипс картон и тервол - тоа ми го кажа инвеститорот. Но комшијата ми рече дека некој од работниците му кажал дека не ставале тервол.
Мувлата не е на ѕидот со комшијата а е над прозорот во ќошовите горе. Мојата спална граничи со спалната на комшијата, така да одкај него нема влага. Во спалната сеуште не затоплувам, пред некој ден кога го пуштија парното во зградата се затоплија изгледа ѕидовите и сега дома имам температура од 20 степени во цел стан. Иначе парното го ставув на струја но уште не ми е пуштено.

Вчера дојде еден специјалист за прозори и почна да ме прашува дали сум готвела, дали сум имала нон стоп топла вода дома, дали кога се туширам ги бришам плочките во купатило - демек влагата била затоа што дома сум имала многу влага и не сум проветрувала, не циркулирал воздухот. Дрн дрн, ...ептен се изнервирав затоа што ако има влага, треба да има во кујна кајшто готвам а не в спална, плус в спална секој ден отварам прзор за по 5 минути.

Го прашав дали е од температурна разлика, ми рече дека не е од тоа. И сега ме убедуваат дека дома влажноста на воздухот ми е голема и затоа имам влага -- а во цел стан вратите се отворени, не сушам алишта дома, проветрувам, не се осеќа влаже воздух.
 
Можеби ставиле тервол, но веројатно не ставиле ПВЦ фолија која се става како парна брана.
Мислам дека веројатно ќе биде потребно, следното лето, да направите една мала дупка на ѕидот и да видите што ставиле, а што не ставиле. Внатре треба да има ПВЦ фолија и од вашата и од страна на комшијата.
 
Здраво,

Фала за одговорите.
ѕидот со комшијата е со гипс картон и тервол - тоа ми го кажа инвеститорот. Но комшијата ми рече дека некој од работниците му кажал дека не ставале тервол.
Мувлата не е на ѕидот со комшијата а е над прозорот во ќошовите горе. Мојата спална граничи со спалната на комшијата, така да одкај него нема влага. Во спалната сеуште не затоплувам, пред некој ден кога го пуштија парното во зградата се затоплија изгледа ѕидовите и сега дома имам температура од 20 степени во цел стан. Иначе парното го ставув на струја но уште не ми е пуштено.

Вчера дојде еден специјалист за прозори и почна да ме прашува дали сум готвела, дали сум имала нон стоп топла вода дома, дали кога се туширам ги бришам плочките во купатило - демек влагата била затоа што дома сум имала многу влага и не сум проветрувала, не циркулирал воздухот. Дрн дрн, ...ептен се изнервирав затоа што ако има влага, треба да има во кујна кајшто готвам а не в спална, плус в спална секој ден отварам прзор за по 5 минути.

Го прашав дали е од температурна разлика, ми рече дека не е од тоа. И сега ме убедуваат дека дома влажноста на воздухот ми е голема и затоа имам влага -- а во цел стан вратите се отворени, не сушам алишта дома, проветрувам, не се осеќа влаже воздух.
Прв болд: Тоа е проблемот број еден.
Црвено: Извини на францускиов, ама ебате специјалистот. Овде има дечки кои и на невидено се подобри од него. Никогаш повеќе да не си го викнала.
ДА, потребно е луфтирање, ама и да има затоплување. Значи, тоа што ти мислиш дека нема влажност во воздухот, а НЕ затоплуваш .......... всушност правиш да таа влага која постои како пареа се концентрира во горните делови, ќошиња, и тука малку по малку се “таложи“. Да ја затоплуваш собата на некоја константна температура, со луфтирањето ќе се намалат шансите или нема ни да има мувла. Со топлината го сушиш воздухот. И како трет фактор е ................. пак поврзано со греењето во собата. Темпратурните разлики се важен фактор. Ако ти е послаба изолацијата, тогаш тоа е фактор плус за кондензација, .... се ова во корелација со претходните забелешки.
Ботом лајн, .................. ГРЕЈ ЈА СОБАТА:roker:
 
Реновирав дома и од терасата што ми беше направив спална соба...Сменив и прозорци и све останато, арно ама кај што ми беше баш терасата се појави мувла...а почнува да се појавува и во внатрешниот дел во некои ќошиња, како што имаше пишано и погоре, доаѓа до кондензација на прозорците...за кошињата прочитав дека препорачувате со САВО, но што да правам со спалната...ми рекоа од надвор да ставам изолација стиропор минимум 8 цм, дали имал некој слично искуство? Секоја помош ќе биде добредојдена, фала однапред.
 
Дали некој знае како се изолира стара куќа од надворешната страна и темели зашто има влага одвнатре и од надвор. Кои слоеви и какви слоеви за изолација се потребни?исто така каде и каква дренажа на теренот се става зашто куќата е на најниската точка од местото?
 
Надворешното изолирање се прави со стиропор. Обично се користи дебелина од 5 сантиметри, но јас би ти препорачал и повеќе, зошто што подебел стиропор толку подобра изолација, но сепак што подобро, тоа и поскапо. На надворешниот ѕид се премачкува врска/прајмер. На плочите стиропор се нанесува малтер по рабовите од едната страна и една линија во средина. Ваквите плочи се лепат на ѕидот и се зацврснуваат со типли. Стиропорот се премачкува со прв слој малтер, па се поставува стаклена мрежа, па се поставува втор слој малтер и на крај завршен слој малтер/боја.
Во пределот на основата/темелите се поставува хидроизолација со битумен или фондалине, потоа на него се нанесува кварцен песок и се лепи ХРЅ плочи или попознато како Стиродур. Неговото малтерисување се прави исто како кај стиропорот.

Материјалите кои ќе ги користиш најдобро е да бидат Кнауф или Цересит, зошто се најквалитетни, но не би биле проблем и други материјали. И внимавај кој мајстор ќе ти ја прави фасадава/изолацијава, зошто ако не се направи како што треба, џабе е.

:)
 
Nadvoresna izolacija so eps ne e bas Ok
 
Дали некој знае каде можат да се најдат оние апаратчиња за собирање на влагата во соба и дали се ефективни барем малце од малце
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom