Која е теоријата за настанување на светот и на постоењето на човекот според атеистите во детали?

  • Креатор на темата Креатор на темата kralot
  • Време на започнување Време на започнување
Па, да речеме дека да. Вакуумот колку што знам е простор без материи во него.

Во вакум 1 цм на трета има 10 на 100 Џули, ова со регулацијата, инаку е бесконечно...така да не е ништо вакумот. Уствари не постои тоа ништо хахахахх. Друга работа http://en.wikipedia.org/wiki/Casimir_effect и некои слични феномени покажуваат дека од тоа ништо се појавува енергија(материја) од нигде(вакумот) нели :D
Заебано тоа ништо, по се изгледа излегло се од ништо.
Песничка за вакумот :)
 
Оlmaya gerek yok, bir şey postoi yarattı
Пошто гледам на македонски не разбираш ете на турски. Не е настанато, отсекогаш било, вечно постои . Нема потреба да настанува кога го има.
А за од ништо нешто настанување само кај боговите има.

А сосем друга па работа е што е тоа “ништо“ што и Бодидарма те прашува.

Добро е се разбравме, ти мислеше на енергијата, така?
--- надополнето: 3 декември 2013 во 19:38 ---
Во вакум 1 цм на трета има 10 на 100 Џули, ова со регулацијата, инаку е бесконечно...така да не е ништо вакумот. Уствари не постои тоа ништо хахахахх. Друга работа http://en.wikipedia.org/wiki/Casimir_effect и некои слични феномени покажуваат дека од тоа ништо се појавува енергија(материја) од нигде(вакумот) нели :D
Заебано тоа ништо, по се изгледа излегло се од ништо.
Песничка за вакумот :)

Добра песничката, нема што. :D
 
Имаш тема прашања до атеистите не мора на секое нова тема да се отвара.
Друга работа атеистите не се научници (па ни тие не знаат) па уште до детали да ти објаснеле? :facepalm:
Религиите не можат да се договорат како настанал светот, а не па науката. Кога ќе откријат, ќе знаеме сите.

хахахха ве направија вас атеистиве како грчки богови,се мора да знаете :D друго кажи му на детето нели верувате во ГОЛЕМАТА ЕКСПЛОЗИЈА,не ја срами сега групата на која припаѓаш со одговор НЕ ЗНАЕМЕ НЕ СМЕ НАУЧИНИЦИ :D
 
хахахха ве направија вас атеистиве како грчки богови,се мора да знаете :D
Е па грчки богови ами како, не ко овие твоите тројца богови т.е тој трофазниот.
друго кажи му на детето нели верувате во ГОЛЕМАТА ЕКСПЛОЗИЈА,
Не, барем јас не верувам.
не ја срами сега групата на која припаѓаш со одговор НЕ ЗНАЕМЕ НЕ СМЕ НАУЧИНИЦИ :D
Групата на која припаѓам вели само едно „Не веруваме во богови“, се друго е индивидуална и лична работа.

И дај малце научи правопис, ај што историја (Косово, Ранковиќ...итн) и биологија (телегонија и сл) не научи.
Се почнува реченица со голема буква, по секоја интерпункција (освен отворени наводници и загради каде оди пред) оди празно место (таа долгата типка). И не урлај кога пишуваш, големи букви тоа значат.
 
Е па грчки богови ами како, не ко овие твоите тројца богови т.е тој трофазниот.

Не, барем јас не верувам.

Групата на која припаѓам вели само едно „Не веруваме во богови“, се друго е индивидуална и лична работа.

И дај малце научи правопис, ај што историја (Косово, Ранковиќ...итн) и биологија (телегонија и сл) не научи.
Се почнува реченица со голема буква, по секоја интерпункција (освен отворени наводници и загради каде оди пред) оди празно место (таа долгата типка). И не урлај кога пишуваш, големи букви тоа значат.

Еве со голема ќе почнам,прво и основно ако мене ми замеруваш за правопис тогаш јас ќе ти замерам за култура,авторитет,однесување,почитување односно немаш никаква култура на изразување,одма навредуваш и потценуваш, второ не го почитуваш мојот авторитет како член (никој не бара да ме сакаш туку да покажеш почит спрема мене како индивидуа),однесувањето нема потреба се гледа,почитувањето веќе го објаснив.Третоне побарав од тебе објаснување за во што ти веруваш или вие,четврто гледам дека ме следиш иако формално немам добиено известување за тоа сепак фала,и петто јас ако сакам ќе пишувам само со големи,тоа е мое право,ти ако го сваќаш тоа како урлање тогаш тоа е твој а не мој проблем мене ми значи дека потенцирам нешто.Шесто 99% од атеистите се повикуваат на ,,големата експлозија'' ти си прв што слушам односно што прочитувам на ништо да не се повикува веројатно и да не знае ни самиот како настанал.Ќе го имам во предвид тоа дека си електричар.
 
Еве со голема ќе почнам,прво и основно ако мене ми замеруваш за правопис тогаш јас ќе ти замерам за култура,авторитет,однесување,почитување односно немаш никаква култура на изразување,одма навредуваш и потценуваш, второ не го почитуваш мојот авторитет како член (никој не бара да ме сакаш туку да покажеш почит спрема мене како индивидуа),однесувањето нема потреба се гледа,почитувањето веќе го објаснив.Второ не побарав од тебе објаснување за во што ти веруваш или вие,трето гледам дека ме следиш иако формално немам добиено известување за тоа сепак фала,и четврто јас ако сакам ќе пишувам само со големи,тоа е мое право,ти ако го сваќаш тоа како урлање тогаш тоа е твој а не мој проблем мене ми значи дека потенцирам нешто.Петто 99% од атеистите се повикуваат на ,,големата експлозија'' ти си прв што слушам односно што прочитувам на ништо да не се повикува веројатно и да не знае ни самиот како настанал.
Прво, второ, трето и четврто нечитки ти се постовите кога не се пишувани со празни места. Те гледам што пишуваш небулози без никакво познавање. Урлањето (пишувањето со големи букви баш тоа значи) е непочитување. А казква почит имаш кон мене таква и ќе добиваш.
Петто немаш ти појма како 99% атеисти веруваат и во што веруваат. Ми се обрати со прашање лично мене и во мое име и тио одговорив, прочитај си го постот. За друг ниту имам намера ниту пак знам да одговорам. Што се однесува пак до моето знаење, веќе кажав што знам и што не знам. Кој знае нека повели нека каже. Она што знам е дека ни ти не знаеш.
 
Ги повикувам Атеистите, или да речеме оние кои не веруваат во постоењето на бог, или имаат различно мислење во врска со Бог, да ни ги објаснат нивните сваќања и верувања со создавањето на светот и постоењето на човекот на земјата.

Се надевам дека ќе развиеме една дебата со која ќе ги разјасниме нашите различни сваќања по ова прашање.

Моја лична желба од оваа тема е да ги разберам нивните сваќања по оваа тема.
Карактеристика на Атеизмот да не верува во постоење на божества
http://en.wikipedia.org/wiki/Atheism
и тој нема врска со било какви теорија за настанување на светот
Еден човек може да биде наполно нешколуван и да биде атеист. Едноставно тој не верува во божества
Секоја научна теорија за било што, па и за настанокот на светот базира на наука. Наука е збир на знаења кој се проверени со набљудувања, експерименти и размислувања.
http://en.wikipedia.org/wiki/Science
Ти поаѓаш од една теза дека има работи кои науката сеуште не ги разјаснила ( на пример што било пред Големиот прасок ) и заклучуваш дека сигурно пред тоа имало божества.
На сличен начин и јас можам да те прашам, кој го направи зонско? И бидејќи не се знае како настана зонско, врз основа на тоа би требело да заклучиме - зонско го направиле божества. А тоа е апсурдно...
 
Значи сметаш дека светот и универзумот се одсекогаш и засекогаш??
Да, се менува само формата на нивното постоење. Универзумот првин постоел во само една димензија - сингуларитет, постоа почнала експанзија или биг бенг и од тој момент го имаме просторно - временскиот континуум.
--- надополнето: 3 декември 2013 во 22:33 ---
Па не баш, ако мислиш на законите за конзервирање :)
Што е тоа што може да се создаде или уништи? Ако се е дел од една апсолутна суштина, тогаш што е тоа што се создава?
 
Што е тоа што може да се создаде или уништи? Ако се е дел од една апсолутна суштина, тогаш што е тоа што се создава?

Муабетот беше за законот за запазување на енергијата, а ова е друга работа, и те разбирам што сакаш да потенцираш. И не би користел зборови создава и уништува, туку се појавува и исчезнува....што од друга страна го става во групата на илузорни појави.....али тоа е друга тема :)
P.S. Ова значи е констатација од наша гледна точка, за некој друг може и не е така хахахахх
 
Муабетот беше за законот за запазување на енергијата, а ова е друга работа, и те разбирам што сакаш да потенцираш. И не би користел зборови создава и уништува, туку се појавува и исчезнува....што од друга страна го става во групата на илузорни појави.....али тоа е друга тема :)
Кога контекстот на дијалогот е креација во смисла на теистички концепт, каде богот е одвоен ентитет од креацијата, тогаш можеш да зборуваш за создавање и уништување, но во ситуација кога се е дел од Една Суштина, тогаш нема создавање и нема уништување, постои само преминување од една форма во друга.
 
Ние не го гледаме тоа преминување, за нас тоа е појавување и исчезнување. Ама тоа не значи дека е така, туку нашата референтна точка ни е таа што ни е....не сме на правото "место" ако ме разбираш што ти викам. :)
 
Јас не зборував за човечки перспективи.
 
Ние ја имаме таа перспектива, се друго е имагинација.....може, ама не мора да биде точно.
Сечија перцепција е подеднакво реална, секој е подеднакво центар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom