Колку Македонци станале Бугари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
точниот број добили бугарско државјанство Македонци за периодот 2002-2012г. е
44 211 луѓе!!!! Тоа е на сајтот на претседателот! Тоа е бројката на лицата добиле државјанство, а колку е бројот на тиjа кои поднеле баране и чекаат -не е јасно!
http://www.president.bg/cat22/Balgarsko-grajdanstvo-i-balgari-v-chujbina/
 
Tie brojki se golema fama.

Nema povekje od 15000-16000 iljadi koi dobile BG drzavjantstvo za poslednive 10 godini. Tuka se prikazani od site zemjji koi aplicirale ama kolku dobile?
Ne e pogolema cifrata.
Vo Evropa cifrite se tocni.
 
Возможно е ...

Имајќи во предвид какви ги дал Господ Бугарите, секој таму си прави свои сметки. Министрите едно, владата друго, претседателот трето.

Најверојатно некој од нив си ги собира и поднесените апликации и издадените пасоши во текот на иста година, па така бројот им се дуплира. :D
 
Мислиш дека претседателството (потпретседателот на Република Бугарија) лаже? Нели од него земаат податоците во Европската Унија.

Најверојатно податоците кои цитирате се за лица од небугарско потекло.
 
Moze da e taa brojka ama za koj period ? Ako za 20 godisen period gledame ima moznost da e tocna. Golema e taa cifra
 
Еве нови податоци:
22 јануари 2012 - 22 мај 2012: (4 месеци): 2264 лица од Македонија добиле бугарско државјанство
http://www.president.bg/docs/1351453347.pdf

23 мај 2012 - 15 септември 2012: (4 месеци): 2457лица од Македонија добиле бугарско државјанство
http://www.president.bg/docs/1351453367.pdf

15 септември 2012 - 31 декември 2012: (3 месеци): 2965 лица од Македонија добиле бугарско државјанство
http://www.president.bg/docs/1357916128.doc

22 јануари - 31 декември 2012 (11 месеци): 7686 лица од Македонија добиле бугарско државјанство
 
Не, ич нема сметка. Затоа се кренаа дури до Западна Македонија, Албанија и Гора во потрага по бугарски корени и нови бугари, а тие да ти биле на Блискиот исток.

Значи колку се за нигде со фалсификативе и уште не веруваат во европските статистики.
 
Ај малце да ја чепнам темава од друг аспект.

Како се станува Бугар? Како се станува Македонец? Како се станува Албанец?
НИКАКО.
Тоа е само назив на етничка припадност која ја изразуваш во зависност од тоа "како се осеќаш". Барем така е кога се прави попис.
Е сега, дали ако јас добијам Бугарски пасош станувам Бугар? Нормално дека не. Исто како што и Албанците од Косово кога добија Македонски пасоши не станаа Македонци. Само станаа граѓани на Република Македонија. Исто како што и Македонците од Македонија при добивање Бугарски пасош стануваат граѓани на Република Бугарија.

Што се однесува до мене, да можам јас ќе земам пасоши од сите држави во светот. Не гледам ништо лошо во тоа. Кај и да идам би бил технички дома. Ама не сите би ми дале. Тоа што Бугарите го правеа со пасошите е чист криминал. Истото се случи и кај нас.

За крај, знам дека на темава веќе се збори ова што јас сега го напишав, но сепак насловот е многу погрешен. Треба едноставно да стои "Колку граѓани на Република Македонија земале Бугарски пасош".
 
Како се самоопределуваш важи само за пописот односно е чиста статистика. Каков си по националност е нешто официјално и важи секаде. 99% од луѓето од Република Македонија им е донесено државјанство на база на потекло или на база на тоа дека барем еден нивен родител е Бугарин. На нивната лична карта и пасош пишува: Nationality: Bulgarian.

Темата е за точно оние граѓани на Република Македонија - Nationality: Bulgarian.
 
Тоа ништо не значи

Јас денес можам да се чуствувам Еским, но утре можам да се чувствувам Кинез.

Ако добро размислам, во моментов најдобро би се чувствувал како Чилеанец. Во Чиле е сега лето, а јас не сакам зима. :P
 
И јас и ти знаеме дека најголем број на тие што зеле бугарски пасош и државјанство тоа не го направиле оти се осеќале како бугари туку да добијат полесно работа и престој во странство или да се земи половна кола во време кога во ММК немаше слободен увоз.
Е сега се наметннува еден проблем за вас, што ќе биде кога некогаш во иднина некоја партија се кандидира на избори во Бугарија со преставници кои се чуствуваат Македонци. Ете ја ОМО Илинден, од стразбург и ЕУ веќе имате неколку пресуди и налози да се регистрира таа партија, за година, две или пет ќе излезат на избори, ќе стават преставници и покрај своите членови за нив ќе гласаат и голем број на овдешни македонци со бугарски пасоши. Ако има ко што велите 150.000 такви (не ми се верува) тоа се 150.000 гласачи, лесно е да се организираат и да дадат свој глас, и за деценија, ќе си имате пратеници македонци во собрание, министери македонци во собрание, началници македонци и ќе се туркаат и предлагаат закони за македонското малцинство, знаме, јазик....
Ништо не научивте од искуствата во регионот...

Видиш тука си грешка. Бугарите научија некоја лекција од регионот и нивниот изборен закон е малце поинаков од нашиот. Или поедноставно кажано Не неможиш да гласаш освем ако немаш постојан престој од не се сеќавам колку време. Една година мислам дека беше, додека кај нас си идиш за избори и следниот ден си бегаш. Ни престој ни бутур.

Па одтаму изегува дека бугарите можат да ги користат тие државјанства како ке им одговара ( да блокираат, да бараат непостоечки права и ред глупости, да се расфрлаат со бројки на наводни бугари пошто тука се земаат државјанствата на основ на бугарски корен) а од друга страна тие што се стекнале се државјанство можат само да им се фатат. Така да не си правите бајрам со умот дека еден ден ке можете да влијаете на политичкиот живот и уредување во бугарија пошто нема да можете.

Сега ако сакаат да се тешат, да им е мирна совеста и самите да си се лажат тоа е друга работа.
 
Тоа што македонците бараат пасоши от економска неопходност за мене е необорлив факт. Реплицирав зошто не можам да разберем како во 2013 година, во коjа информациjата речиси лети во воздухот (internet), некоj политичар се обидува да пере мозоци со податоци от eustat.
 
мкд владе: Бугарската дијаспора може да гласа ако 20 бугари се пријават дека сакаат да гласаат било каде во странство. Нема тука ни престој ни ништо, шом имаш пасош и државјанство - гласаш. И што е проблематично за Бугарија СИТЕ гласови од дијаспора одат во една избирачка единица, пример избирачка единица 20 (кад еќе се кандидира некој од ОМО Илинден и сите македонци кои ќе гласаат како Бугари - нивните гласови одат во таа единица. Еден ден ќе се кајат за овој потег - давање капом и шаком на државјанства.
 
Јас поинаку знам, така да провери си за ова уште еднаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom