Фискална во рака - награда без мака!

  • Креатор на темата Креатор на темата scary
  • Време на започнување Време на започнување
Дали познавате барем некој добитник? Не знам, од лева тетка, пријател на комшијата - син му....некој? Па макар и со ваучер од 1000 ден. за прехрамбени продукти..

Јас не го гледав извлекувањето но после ми кажаа дека колата паднала кај една поранешна колешка, мислам во нивната фамилија ако ги разбрав добро.
 
Среќлии или премногу „случајности“ во лотаријата со фискални

C0134F6C-5734-41EF-90BB-C58F9C4AAD2B_w640_r1_s_cx0_cy86_cw0.jpg
 
Па кога влечат од едно место ...
 
како мене да ме извлечат како добитник кога не сум пратил ниту едно плико со фискални за награда, можеби добитниците пратиле повеке пликоа.:)
 
За ова во март што следи извлекувањето, треба од 1 декември или 1 јануари да се сметките?
 
Ima sator na plostad vo Skopje kade mozeme da gi nosime plikovite ?? Znam deka imase pa demek go trgnale sega kakva e situacijata ???
 
Стартува караван со отворени пунктови за учество во наградната игра
Истурените пунктови низ Македонија за наградната игра „ Фискална во рака – награди без мака“ стартуваат од утре. Симболично го отпочнуваме одбројувањето до новото извлекување на наградната игра кое ќе биде на 24 февруари 2014 год. Пунктовите на Државна лотарија на Македонија, каде граѓаните ќе можат да ги оставаат ковертите со фискални сметки за учество, ќе се движат по градовите во насока на стрелките на часовникот. Граѓаните ќе можат од 10:00 до 16:00 часот да го достават своите пликоа во сандачињата за наградната игра пред продажните места на Државна Лотарија на Македонија, според следниот распоред:
Вторник
11.02.
ВЕЛЕС (продажно место ЛОТО77)
Среда
12.02.
ШТИП (продажно место ТУТУН ПРОМ)
Четврток
13.02.
КОЧАНИ (продажно место АНАФИЛ)
Петок
14.02.
СТРУМИЦА (продажно место ВАТКОС)
Сабота
15.02.
ГЕВГЕЛИЈА (продажно местоМОНТЕ МК)
Недела
16.02.
КАВАДАРЦИ (продажно место СИГМА)
Понеделник
17.02.
ПРИЛЕП (продажно место ТОБАКО ПЛУС)
Вторник
18.02.
БИТОЛА (продажно место ВАГАБОНД)
Среда
19.02.
ОХРИД (продажно место ПРАГМА)
Четврток
20.02.
СТРУГА (продажно место КИКИ ТВИНС)
Петок
21.02.
КИЧЕВО (продажно место АНДРОКО)
Сабота
22.02.
ГОСТИВАР (продажно место ЈОТОН)
Недела
23.02.
ТЕТОВО (продажно место БАРТОН)

Во Скопје пак, секој ден ќе функционираат три истурени пунктови на Наградната игра и тоа на улица „Македонија“ пред Толлакс – продажно место на Државна Лотарија, во „Техномаркет“ – Сити Галери и во зградата на МРТВ.
Главна награда на извлекувањето на 24 февруари ќе биде Сеат Ибица, а ќе бидат доделени и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари.
 
Македонија“ пред Толлакс kade e ovaa vo Skopje aj nekoj da mi objasni podetalno
 
Едно прашање, доколку некој не ја гледал емисијата, а го одберат за било каква награда, дали го контактираат преку телефон, или доколку не, дали наградата прогаѓа?
 
Бидејки почесто патувам со автобус гледам еден од кондуктерите на Струмица експрес покрај делот од картата што се кине си ги вадеше и фискалните, ништо чудно да имал информација за ова па намерно да ги собира.. којзнае колку има до сега :)
Тие сељаци може и да не те остават да седнеш на првите седишта позади нив, демек ќе качеле некои пријатели на патарина, иако нема други слободни места. Цел пат тие две седишта ќе стојат празни, а луѓе ќе стојат :несвест:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom