Симпозиуми, конгреси, трибини и слично

Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Бидејќи е во тренд да бидеш во тренд со вакви настани, а понекогаш е многу тешко да стигнеш до информација за нивно случување, си реков, ај да направам едно темуле на најмасовниот форум во државава.

Постојат повеќе аспекти зошто е добро да се пратат овие работи. Од една страна, секогаш има нешто интересно, претставено во наука. Од друга страна, ако работиш наука, ти доаѓаат како обврзна работа.

Затоа, ја поставувам темата како некој вид на информатор и прибирач на информации за вакви настани: пример - кога има некоја трибина, од каков карактер е и слично, понатаму симпозиум, конгрес, па дури и кога се организира нешто слично, па низ нетот ја имаа поканата call for papers.

Имам футнато повеќе, па сега, се надевам дека кога некој ќе налета на таква некоја информација за било каков настан од научно - образовен карактер, ќе ја сподели.
 
Не сакам да бидам надвор од темава , но факт е дека најголем дел од учесниците кои одат на конгреси и симпозиуми одат таму за швалерај :свиркам: . Зборувам за семинари , конгреси или симпозиуми кои се одржуваат надвор од местото на живеење на учесниците . Прашај кој било кој често одел на такви работи , и ќе ти кажи каков швалерај се случува таму ;) .
 
За жал состојбиве кај нас се такви што научните собири, конференции и ним сличните збиднувања се најчесто предмет на интерес само на оние што учествуваат на нив. Убаво е да се знае што се случува, но и кога се знае, присуството на заинтересирани (поединци, медиуми) е минимално. Освен ако не се нацрта таму некој министер, или амбасадор на земја на која и се постиламе.
 
Затоа, ја поставувам темата како некој вид на информатор и прибирач на информации за вакви настани: пример - кога има некоја трибина, од каков карактер е и слично, понатаму симпозиум, конгрес, па дури и кога се организира нешто слично, па низ нетот ја имаа поканата call for papers.

Имам футнато повеќе, па сега, се надевам дека кога некој ќе налета на таква некоја информација за било каков настан од научно - образовен карактер, ќе ја сподели.
Намерно го заборави магичниот збор „бесплатни„ или?:D
Добра тема, ќе ја посетувам почесто.
 
И јас би сакал да знам и да имам информации за разните call for papers. На страна муабетите од погорните постови, дај сконцтрирајте се на темата.

На факс кај мене, овие огласи беа ставени на место каде што никој не ги гледаше.
 
Објавен е повикот за објавување трудови коишто ќе се презентирааат на Меѓународната конференција на тема: Македонија и Балканот 100 години по Првата светска војна – безбедност и евроатланските интеграции.

Конференцијата ќе се одржи во периодот од 03-05 јуни 2014 година во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.
Краен рок за доставување апстракти: 20.12.2013 г.

Подетални информации: http://www.fb.uklo.edu.mk/conference2013/about.mk.html
 
Политичко-географската состојба на Југозападна Азија и социо-економските проблеми на Европа

Предавање на ПМФ (институт за географија) за глупостите што се случуваат во ЈЗ Азија и нивното влијание на глупостите што ЌЕ се случуваат во Европа

28.10.2015, во 12:00 сахат

Еве и ЕФ БЕ линк за настанот

https://www.facebook.com/events/546219295554705/

И така.

Malcolm is atending.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom