Со овој пасош без визи и во ЕУ и во САД!

  • Креатор на темата Креатор на темата blanco
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Парламентот на Малта одлучи дека граѓаните на земјите кои не се членки на Европската Унија во иднина ќе можат да купат малтешко државјанство. Според Џозеф Маскат, премиерот на Малта, проектот има за цел да и донесе приходи на земјата преку привлекување на потенцијалните богатите инвеститори , пренесе Ројтерс извештаи.
Притоа, оној кој сака да купи државјанството од Малта ќе треба да плати 650 илјади евра.
Според владини проценки , државата ќе заработи 30 милиони евра само во првата година – се претпоставува дека околу 45 луѓе ќе купат малтешко државјанство за да им се дозволи право на работа и престој во други делови на Европската унија.
Малта е членка на ЕУ и на шенген зоната, а има и безвизен договор со САД . Експертите проценуваат дека годишно меѓу 200 и 300 поединци ќе аплицираат за малтешко државјанство.
Опозицијата се противи на оваа идеја поради страв дека тоа би можело да ја претвори Малта во „даночен рај“.
За оваа идеја размислуваат и уште некои земји од ЕУ .
 
Па може да си купам едно не е проблем што се 650.000 ?
 
Со 650.000 евра си купуваш слобода од кривично гонење. Овие поефтини и од јужноамерички држави излегоа. Влијае кризава во Европа на сите... :D
 
Во Шпанија е поевтино, 100.000 евра или 150.000 евра и ете ти шпанско државјанство.

Или ако сакаш да фаќаш џаде на јужната полутопка, инвестиција од 50.000 евра во Аргентина и ете ти аргентинско државјанство.
 
колку се сеќавам за САД ако имаш во нивна банка еден милион долари, без да им ги даваш а само да стојат во нивната банка веднаш може да добиеш зелена карта
 
Ова е доказ за апсурдноста на дискриминацијата што ја прави ЕУ
Сега секој криминалец кој украл 650 илјади евра, ќе може да си купи државјанство
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom